Author: Нова ТВ
„Безидејното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски продолжува со деструкцијата и обидите да ги закочи реформите. Последен доказ за тоа е најавениот протест на Независниот синдкат за образование и наука и нивните неосновани барања“, велат преку соопштение од владеачката СДСМ. Според нив, јавноста треба да знае дека овој синдикат не е репрезентативен, туку партиски, воден од Томислав Гиевски, син на Ивица Гиевски советник во Бирото за развој на образованието и истакнат активист на ВМРО-ДПМНЕ. „Најавите за протести на НСОН се партиски мотивирани и целосно неосновани, реалноста говори дека како никогаш до сега е одговорено на сите барања на наставниците. За…
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово во 3 часот и 29 минути регистрирала замјотрес со сила од 4 степени според Рихтер чии епицентар бил во Албанија. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес, 20 јануари 2021 година, во 03 часот и 29 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 145 km југозападно од Скопје. Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML4.0, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III до…
Главните законски измени се однесуваат на укинувањето на можноста граѓаните да го продолжат работниот век до 67 години, пишува Дојче веле. Не се предвидени никакви измени околу годините за пензионирање во Северна Македонија. Жените ќе се пензионираат на 64 години како и досега, но и натаму ќе имаат право, доколку сакаат, да одат во пензија со навршени 62 години, но и со најмалку 15 години работен стаж. Мажите задолжително ќе се пензионираат на 64 години и 15 години работен стаж. Отстапки ќе има само за дефицитарни професии во здравството и образованието. Реакции По реакциите во јавноста околу измените во предлог-законот за…
Демократот Џо Бајден влезе во трката за Белата куќа обвинувајќи го републиканскиот претседател Доналд Трамп за поттикнување на екстремно десничарско насилство и ветување дека ќе ја добие „битката за душата на Америка“. Може ли 78-годишен политички ветеран, обележан со трагедии во неговиот приватен живот, да обедини длабоко поделена нација, шокирана од неодамнешниот крвав напад на приврзаниците на Трамп врз Капитол? По два неуспешни обида за освојување на Белата куќа, предизборната кампања засенета од пандемијата на коронавирусот и победата оспорена од неоснованите обвинувања од неговиот републикански противник, Џо Бајден денеска ќе го оствари својот сон и ќе стане 46. американски претседател.…
Универзитетскиот Професор Љубомир Фрчковски беше гостин во ClickPlus на ТВ21. Фрчкоски говореше за актуелни теми, меѓу кои: Односите со Бугарија, пописот, реформите во правосудството, односите меѓу коалицијата СДСМ-ДУИ и улогата на опозицијата…. Професорот се осврна и на улогата на САД во периодот по нашата независност и вели дека токму Македонија од 1992 до 1996 година била центар на ЦИА. „Присуството на Американците при независноста 1992 година овде и тензијата со Србија, практично центарот на ЦИА беше во Македонија од 92-ра до 96-та, за време на војната во екс Југославија“, потенцираше Фрчкоски.
Професорот Љубомир Фрчкоски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека историјата е премногу важна работа, но и дека има многу податоци кои во учебниците не биле доволно презентирани со оглед на општествените прилики и одлуките кои политичките елити ги носеле. „Одлуката што е важно да се чита во историјата е политичка одлука, која треба политичките елити секоја политичка елита да ја носи. Стануваме независна држава и политичките елити кои владеат одлучуваат дека за нас ќе биде важно од нашата историја да го нагласиме што е главната линија на наративот. До 1945 линијата за соработка со Албанците беше заборавена,…
Програмскиот совет на МРТ (Национална радиотелевизија) за утре закажа седница на која на дневен ред е и одлука за распишување конкурс за избор на нов директор и заменик-директор на јавниот сервис, дознава „360 степени“. Ваквиот обид на Програмскиот совет, според професорот по управно право Борче Давитковски е спротивен на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, пренесува порталот. Некои експерти коментираат дека преку Програмскиот совет, врз кој се уште контрола има ВМРО-ДПМНЕ, затоа што сите членови се избрани кога таа партија беше на власт, Христијан Мицкоски се обидува да ја задржи партизираноста на националниот сервис. Ако Советот одлучи да распише конкурс…
Професорот Љубомир Фрчкоски во дебатниот магазин Клик Плус на ТВ 21 за спорот со Бугарија вели дека во него Северна Македонија има „мал маневарски простор“. „Кој е нашиот национален интерес? Можеме веднаш да кажеме: Сакаме да влеземе во ЕУ, и темата нашиот идентиот и јазик не сакаме да ја отвораме. Тоа е нашиот национален интерес“, истакна Фрчкоски.
Шефовите на дипломатските мисии на земјите-членки на ЕУ во земјава предводени од евроамбасадорот Дејвид Гир, денеска, на редовниот годишен состанок со премиерот Зоран Заев, покажаа посебен интерес за активностите за решавање на отворените прашања со Република Бугарија поради кои не се постигна консензус за преговарачката рамка за Северна Македонија во Брисел. На состанокот, како што соопшти Владата, беше истакнато неподелено мислење дека процесот треба колку што е можно побрзо да продолжи и да заврши со старт на преговорите за членство на земјава во ЕУ. Премиерот Заев истакна дека за нас е важно да го продолжиме дијалогот со Бугарија, во духот…
Компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година кои во 2019 година изнесуваа 162,4 милиони евра со цел да се зголеми извозната конкурентност на преработувачка индустрија, соопшти Владата. Оваа одлука е донесена на денешната владина седница. -Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија за да ги олесни условите за работење на овие компании и да овозможи да се зголеми нивната конкурентност во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија, информира владината прес-служба.
Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот ќе бидат повисоки и тоа најниските пензии за 134 денари, а просечната пензија ќе биде повисока за 185 денари и со нив ќе можат да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2021 година. – Пензиите за граѓаните кои не користат картички ќе бидат исплатени во четири групи според следниот распоред согласно висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да…
Европската комисија препорача денеска дека најмалку 70 отсто од возрасната популација во ЕУ треба да се вакцинира до лето, со цел да се сузбие пандемијата на корона вирусот. Тоа значи дека со вакцинацијата треба да бидат опфатени повеќе од 200 милиони луѓе, со по две дози од вакцините. Кампањата за вакцинација се спроведува во 27 земји на ЕУ. До март би требало да се вакцинираат најмалку 80 отсто од граѓаните на возраст над 80 години и 80 проценти од здравствените работници во секоја држава на ЕУ, препорачува ЕК. За остварување на овие цели од клучно значење ќе биде пристапноста до…