Author: Нова ТВ

Помина времето за пазарење со безбедносните сертификати и нивно политизирање, рече денеска полковникот и офицер за безбедност во Министерството за одбрана (МО), Горан Василевски, отфрлајќи ги како лаги, манипулации и двојни аршини обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ и Драган Ковачки во врска со ветингот. Василевски напомена дека ветингот го врши тим обучен од НАТО експерти врз чија работа не се врши апсолутно никакво влијание, додека двете лица кои ги спомнува Ковачки, добиле НАТО и национално-безбедносни сертификати во времето на претходната влада, раководена од ВМРО-ДПМНЕ. -Како припадник на безбедносниот сектор кој носи одговорност во дел од процесот за издавање безбедносни сертификати, изразувам силна…

Read More

Владата денеска на својата 40-та седница го усвои планот за распределување на административните службеници вработени преку програмата К5. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби најави дека новите решенија за работа ќе бидат доделени до административните службеници наредните денови. Како што соопшти Кабинетот на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Груби посочил дека Министерството за финансии веќе имам дадено согласност за планот за систематизација на административните службеници. Министерството за информатичко општество и администрација, пак, е задолжено во рок од седум дена од приемот на актите за систематизација на овие…

Read More

„Не спиеме, Скопје дефинитивно ќе има БРТ – Бас рапид транзит. Популарното наречено автобуско метро, годинава почнува да станува реалност. Екипи на Град Скопје деноноќно работат на овој долгогодишен скопски сон! Со Бас рапид транзит ќе овозможиме траса која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај. Ова е проект на Град Скопје, коj е финансиран од Владата, кој обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, и со тоа и намалување на загадувањето во воздухот. Скопје метропола! Скопје една поинаква приказна“, објави Шилегов на својот  профил на Фејсбук.

Read More

Неопходност од преземање итни мерки и активности, како и највисока подготвеност на сите чинители вклучени во процесот за да се отстранат опасностите по Охридското Езеро и неговото природно и културно наследство, согласно насоките на УНЕСКО, е од врвен приоритет и на новиот состав на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија. Покај веќе преземените мерки и активностите кои се во тек, годинава се предвидува и донесување ДУП од државно значење за целото крајбрежје на Охридското Езеро за спречување на урбана узурпација на крајбрежјето и водите на езерото, кој треба да го изготви Министерството за трнаспорт и врски. Како што…

Read More

Премиерот, Зоран Заев на својот фејсбук профил, денес се осврна на кампањата „Дома си е дома“, како и сите останати проекти кои придонесоа многу во Ковид пандемијата, во однос на активностите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Поддршката на домашниот туризам и ваучерите „Дома си е дома“ дадоа одлични резултати за домашните туристички капацитети. Податоците за Маврово – Ростуше (Националниот парк Маврово) за првите 10 месеци од 2020 година, и покрај затворањето во април, мај и дел од јуни кога не работеа сместувачките капацитети, покажуваат дека се остварени 22.453 ноќевања од страна на 11.098 туристи, а за истиот…

Read More

Главната измена во предлог Законот за пензиско и инвалидско осигурување е укинувањето на можноста граѓаните да го продолжат работниот век по навршени 64 години. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска за Алсат вели, жените ќе се пензионираат на 64 години како и досега, но и натаму ќе имаат право, доколку сакаат, да одат во пензија со навршени 62 години, но и со најмалку 15 години работен стаж. Мажите задолжително ќе се пензионираат на 64 години и 15 години работен стаж. Отстапки ќе има само за дефицитарни професии во здравството и образованието. „Согласно Уставот, ние не смееме да правиме…

Read More

Од четврток работното време на кафеаните и рестораните ќе биде до 21 часот, одлучи Владата. -Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21 јануари работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот. Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот, напиша министерот за здравство Венко Филипче.

Read More

Премиерот Зоран Заев го честиташе денешниот празник Богојавление – Водици, на сите православни верници во земјава, на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, и на сите свештеници и монашки братства и сестринства во манастирите во нашата земја. -Со овој празник кој се слави во име на осветувањето на водите, во име на Христовото крштевање во реката Јордан, кога се јави Бог како бел гулаб, се осветува сè: водата и воздухот, природата и сите созданија, целата земја и сета вселена за очистување на човековата природа која со крштевањето станува нова твар и започнува нов живот, нова можност за обнова…

Read More

Здружението на граѓани Обнова Глобал Струмица, ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и органи и единици на локалната самоуправа, согласно своите финансиски и материјални можности да донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ ГЛОБАЛ Струмица што беше опожарен на 2 јануари годинава. Како што се наведува во соопштението на здружението, Паричните средства што ќе бидат донирани да се уплатат на следната жиро сметка – 270074779880184 депонент на ХАЛК Банка АД Скопје. -Паричните средства ќе бидат наменети за санирање на последиците и за што поскоро пуштање во употреба на ГТЦ Глобал Струмица,…

Read More

Во ковид центрите во болниците во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат 359 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат и на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 620, а има 621 празен болнички кревет во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти, во болницата во Штип се лекуваат 27 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во…

Read More

Наскоро влегувањето во авион ќе биде можно само со пропусница. Првиот ковид-пасош се очекува најпрво да започнат да го користат големите авиокомпании, пишува Дојче веле. Пандемијата го смени нашето секојдневие, особено плановите за патување. Дали некогаш сте помислувале дека покрај стандардниот, ќе мора со себе да носите уште еден ковид-пасош? Ваквиот концепт се споменува уште од самиот почеток на пандемијата како решение за нормализирање на туристичката индустрија. Најавите се дека тој би можел веќе за два месеци да стане реалност. Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) најави дека употребата на нивните дигитални пропусници треба да започне во март. Првиот ковид-пасош се…

Read More

– Актуелниот претседавач со ЕУ, Португалија, се надева дека во првата половина од годинава ќе се деблокира спорот со Софија и оти ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија. Во исто време македонскиот претседател Стево Пендаровски порача дека ниедна земја членка на Унијата не смее преку поставување на ирационални барања да ја доведува во прашање европската иднина на нашиот народ. Премиерот Зоран Заев, пак, рече дека фокусот во разговорите со Бугарија до изборите кај нив, ќе биде на Акцискиот план, по што ќе следи водење на разговорите на политичко ниво. Португалската државна секретарка задолжена за ЕУ,…

Read More