Author: Нова ТВ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите откри дека Србија се согласила да помогне со 8.000 вакцини од „Фајзер“. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се понудил да ги донира вакцините, но Заев рекол дека ќе ги платиме по набавна цена. „Имам чест да соопштам една добра вест. Србија преку претседателот Вучиќ понудија помош, и ние ја прифативме. Тие се согласија да н` помогнат со тоа што ќе ни дадат 8.000 вакцини од Фајзер, а за другите вакцини имаат договори кои треба да проверат. Ќе информираме соодветно. Јас сум благодарен и сакам од името на целиот македонски народ да изразам благодарност до…

Read More

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од вкупно 729 донори. Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. – Да им помогнеме на лицата кои се борат со коронавирусот, да донираме конвалесцентна крвна плазма, апелираат од Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале Ковид-19. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во…

Read More

„Законот за попис на населението овозможува оваа пролет, по речиси 19 години, во државата да се спроведе попис согласно меѓународните стандарди и прописите на Евростат“, велат од СДСМ. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш кога се носат битни законски решенија за државата и граѓаните се однесува деструктивното, неодговорно и антидржавно. „Бојкотот и повикувањето за бојкот на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски значи и повикување на кршење на законите. Тоа е апсолутно апсурдно и секако прв случај што можеме да го видиме во Европа и светот. Да биде појасно, пописот е статистичка операција, а не избори, на…

Read More

„Се’ уште законот не е донесен во Собранието, иако е во процедура. Бараме власта да го повлече и да постигнеме консензус помеѓу сите политички чинители за безбеден и објективен попис кој ќе има вклученост на сите релевантни политички субјекти“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ДВ. Според него, доколку не се случи тоа, ќе почнат со акција за собирање потписи во подрачните канцеларии на Министерството за правда за носење на закон за укинување на постојниот закон за попис кој ќе биде основа за фалсификатот кој го турка власта. „Тука бараме сеопштествена поддршка и мобилизација на граѓаните со цел да…

Read More

Австрија воведе построги правила за социјално растојание и носење маски, а заклучувањето е продолжено до 7 февруари. Канцеларот Себастијан Курц рече дека се надева оти ситуацијата ќе се нормализира до летото. „Новите правила не прават никого среќен и не се популарни, но сепак се неопходни, дури и ако ги има доволно за секого“, рече Курц. Од 25 јануари, Австријците ќе мора да носат маски FFP2 (како и KN95, N95 или P2 во други делови на светот) во супермаркети, аптеки, бензински пумпи и во јавниот превоз. Се смета дека маските FFP2 нудат подобра заштита од инфекции во воздухот отколку поевтините хируршки…

Read More

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја започне 30-та седница на чиј дневен ред се 50-тина предлог-закони за изменување и дополнување на постојни закони, како и интерпелацијата за работата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров. Сепак, таа е сè уште е далеку од разгледување заради набиената денешна агенда. Димитров ќе има можност да ги даде своите аргументи против интерпелацијата што ја покрена за него ВМРО-ДПМНЕ. „Очајниот обид да се создаде внатрешен раздор во Владата ја надминува политичката програма и нивната битка против нас како политички противници. Во ова историско преплетување и во овој…

Read More

Владата очекува ефектите од нејзините мерки за стаблизација на економијата да станат видливи уште во првиот квртал од годината, а од владејачката СДСМ стигнуваат најави за вложување на околу 23 милијарди денари во капитални инвестиции во текот на 2021-та. Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера од Тетово најави дека веќе во првиот квартал од 2021 година ќе се видат ефектите од мерките кои Владата преку државниот буџет ги презема со цел да се стаблизира економијата во состојба на криза, најавувајќи и други средства за пакетот мерки за годинава, покрај 85 милиони евра од државниот буџет за поддршка на економија, здравствениот…

Read More

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални е приведен на московскиот аеродром „Шереметјево“, непосредно по враќањето од лекување во странство по обидот за труење од страна на руската шпионска агенција ФСБ. Навални, чии истраги за корупција во потесниот круг на Владимир Путин предизвикаа протести и ги налутија најмоќните луѓе во земјата, вети дека ќе се врати дома и покрај најавите на Кремљ дека се подготвува да го уапси. Полицијата го приведе Навални кратко време откако неговиот авион од Берлин слета во неделата вечерта. Требаше да слета на аеродромот „Внуково“ во Москва, каде што беа собрани стотици приврзаници. Властите го затворија аеродромот во…

Read More

Компаниите во ТИР зоните го зголемија бројот на вработени и во услови на пандемија. Вкупно се ангажирани 14.067 лица, што е зголемување за најмалку 0,6% во однос на 2019 година. Според договорите овие компании се обврзани да креираат најмалку 21.379 работни места најдоцна до 2025 година, а досега од тоа се пополнети 66%, сподели премиерот Зоран Заев. Дирекцијата за технолошки индустриски зони ги презентираше економските движења и новиот концепт и развојни планови за зоните. Анализите покажуваат дека кај компаниите во ТИР зоните има позитивен економски тренд на заздравување од кризата и потенцијал за раст, а регистриран е и зголемен број…

Read More

Судскиот совет во среда ќе одлучува за можно разрешување на судијка поради манипулации со делењето на предмети. На дневен ред за работа има точка со која е предвидено да се утврди одговорноста на судија, без да се соопштат повеќе детали, јавува ТВ24. Според извори на телевизијата се работи за поранешна в.д претседателка на Кривичниот суд во Скопје за која ќе се оценува дали нестручно и несовесно работела кога подготвувала распоред на судии и одлучувала кој колега што ќе суди. Неофицијално постои сомнеж за местенки со распоредот на судии кои не работеле под нејзин диктат. Официјално од Судскиот совет не се…

Read More

Скандалозна, екстремна и заканувачка порака испрати лидерот на Левица, на својот фејсбук профил кој подоцна го избриша. „Децата крв ќе ви плукаат”, е пораката што Димитар Апасиев и раководството на Левица им ја упаќаат на граѓаните. И покрај тоа што Апасиев се обиде да ја сокрие од социјалните мрежи, ништо не може да ја избрише оваа радикална изјава полна со омраза. Говорот на омраза е еднакво присутен како и ширењето дезинформации и лаги, зад кои се крие истата цел – поделба на граѓаните, дискредитирање и тоа се’ само заради партиски и лични интереси. Говорот на омраза е неприфатлив. А, кога…

Read More

Проектот за реконструкција и пренамена на објектот на поранешно „Матично“, кој се наоѓа во општинскиот двор, произлезе од одржувањето на граѓанските буџетски форуми во 2019-та година. На форумите покрај Матично, уште два предлог проекти добија поддршка за реализација – сензорните соби во трите центарски градинки и отворените културни сцени. Реконструкцијата на поранешно „Матично“ опфаќа поставување нова фасада и покрив, внатрешно уредување на објектот, реконструкција на санитарниот јазол, промена на внатрешниот водовод, санирање на фекалната канализација, нови санитарии, ново електрично осветлување, телефонско и компјутерско вмрежување, видео мониторинг систем, како и громобранска и против пожарна инсталација. Како што соопштија од Општина Центар,…

Read More