Author: Нова ТВ

Поради ковид кризата, македонските аеродроми во Скопје и Аеродром бележат 782.876 патници, односно 71% помалку во однос на 2019. година. Како што посочуваат, за да се надмине оваа ситуација, веројатно е неопходно да се направи системско тестирање на патниците на аеродромите, што аеродромскиот оператор веќе и го предложил на Владата. „Поради одлуките на владите поврзани со КОВИД-19 и ограничувањата на патувањата ширум светот, 2020 година беше многу тешка година за авијацијата, следствено на тоа и за ТАВ Македонија. Скопскиот и охридскиот аеродром беа затворени за сообраќај на патници цели 3,5 месеци – од средината на март 2020 година до 1.…

Read More

Американската полиција во американската престолнина вчера уапсила лице кое наводно се обидело да помине контролен пункт во градот со фалсификувана дозвола за присуство на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, а воедно поседувало и наполнет пиштол со повеќе од 500 парчиња муниција, пренесоа американските медиуми. Во извештајот за инцидентот на Метрополитен полицијата , до кој дошол Си-Ен-Ен, се наведува дека кај уапсеното лице, Весли Ален Билер, додека бил претресуван на еден од контролните пунктови во Вашингтон, во неговиот камион имало полуавтоматски пиштол „Глок“. Тој, исто така, имал неовластено одобрение да присуствува на церемонијата на инаугурацијата на новиот претседател, додаваат…

Read More

Секогаш ќе има незадоволни каков и попис да направите, но статистика не ја прави реалноста, статистика ја регистрира реалноста. Сигурен сум дека на многумина нема да им се бендисуваат резултатите од пописот, ама не ме интересира, вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за Радио Слободна Европа. Ќе имаме голема црна дупка на оние кои се иселиле од државата, што ние не сме ги регистрирале со тековните регистрации. Јас ќе бидам прв што ќе биде незадоволен од податокот, но тоа не значи дека нема да го прифатам, вели Симовски во интервјуто за РСЕ.

Read More

Ковид пандемијата и мерките за спречување на ширењето на заразата резултираше Дебарско – кичевската епархија и Општина Охрид да ги откажат манифестациите што се одржуваа за одбележување на празникот Богојавление – Водици. Манифестацијата на осветување на водите на Охридското Езеро и фрлањето на Чесниот крст возобновена после осамостојувањето на земјата, за прв пат нема да се одржува оваа година. Тоа значи дека нема да има ниту литии од црквите кон пристаништето, ниту богослужба на отворено, како ни масовното скокање по крстот на Градското пристаниште. Според информациите од Дебарско-кичевската епархија, празникот Богојавление – Водици ќе биде одбележан духовно во црквите со…

Read More

Оваа пролет, институциите ќе спроведат попис од кој ќе се приберат точни и квалитетни податоци, потребни за носење издржани среднорочни и долгорочни политики и стратегии. Законот за попис на населението кој е во собраниска процедура гарантира попис по сите светски стандарди и по сите прописи на Евростат, а обидите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја спречат оваа статистичка операција се злонамерни и деструктивни, велат од владеачката СДСМ. Државата, 19 години е без попис, токму поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, која не успеа да спроведе попис во 2011 година. Разбирливо е дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по шест изборни порази, имаат страв од…

Read More

Министерот за одбрана и Вицепремиер на Бугарија, Красимир Каракачанов, во интервју во емисијата „Лице в лице“ на „БТВ“, зборуваше за претстојните парламентарни избори во земјата кои треба да се одржат во април, но и за актуелните односи меѓу Македонија и Бугарија. „Владиниот пратеник од Скопје беше тука. Тој оствари средби со министерот за надворешни работи, со мене и со други колеги. Разговараме со господинот Бучковски многу искрено, колегијално и пријателски. Рековме дека не треба да престануваме да зборуваме. Го кажав моето мислење, кое го има и бугарската влада, како бугарското општество, воопшто. Ние сакаме да и дадеме шанса на Република…

Read More

Со успешен попис добиваат граѓаните и државата, порачаа вчера од владејачката СДСМ, а опозициската ВМРО ДПМНЕ повтори дека се подготвува за акција за собирање потписи со кои што ќе се бара поништување на законот за попис, за кој завчера во Собранието заврши расправата. Доста е со неразумни блокади, кочења, поларизација, изјави Стефан Васев од СДСМ, порачувајќи му на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски дека пописот на пописот не се гласа односно тоа не се избори, туку е статистичка операција. -По шест изборни порази можеме да разбереме дека Мицкоски има страв од граѓаните, но не треба да се плаши, на пописот не…

Read More

Во следниот период акцентот во разговорите меѓу Скопје и Софија ќе биде ставен на Акцискиот план, кој македонските претставници го гледаат како еден вид платоформа со која ќе се „олабави“ атмосферата на релација Бугарија-Северна Македонија. Во меѓувреме, Владата најави дека е подготвена пред пратениците да презентира информации поврзани со преговорите со Бугарија. Претседателот Стево Пендаровски во интервју за МИА рече дека Акцискиот план, што ние и го понудивме на Бугарија и на кој тие сега одговараат, нема апсолутно никаков момент од идентитетски белези – јазикот и нација, туку само предлагаме сет мерки што би требало да ја „олабават“ атмосферата во…

Read More

Владата ја разгледа и ја усвои и Информацијата за отпочнување со реализација на проектот: Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња“, Општина Штип, при што даде согласност за преземање на обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во 2021, 2022 и 2023 година на Министерството за транспорт и врски, за Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња“, Општина Штип, во вкупна вредност од 460 милиони денари со ДДВ. Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси на социјалните мрежи ја поздрави одлуката…

Read More

Македонската одбојкарска репрезентација, за вторпат ќе биде во друштво на најдобрите во Европа. Со вечерашната победа над селекцијата на Турција, одбојкарите обезбедуваат пласман на Европското првенство 2021 што ќе се одржи во Полска, Чешка, Естонија и Финска. Честитки одбојкари, ова е голем репрезентативен и државен успех! Вашиот успех нека биде инспирација за нови победи на сите полиња, сподели премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил. И претседателот Пендаровски упати честитки за големиот успех.

Read More

Владата на Северна Македонија, денеска, ја одржа 39-тата седница, посветена на информациите за годишните програми и планови за работа на повеќе јавни претпријатија, агенции, самостојни управни органи и управни организации, согласно буџетските средства предвидени за 2021 година и планот за рационализација. На оваа седница, министерот за здравство Венко Филипче ги запозна членовите на Владата со најновите информации за набавката на мРНА (мРНК) вакцини против КОВИД-19 од производителот Фајзер (Pfizer) односно информираше за продолжувањето на интензивните контакти за набавка и испорака на оваа вакцина, вклучувајќи ги аспектите на постапката за набавка која треба да се спроведе, како и аспекти на регистрација…

Read More

Во очекување на првите дози на вакцини преку Ковакс механизмот што треба да стигнат во февруари, министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на вестите на ТВ Сител, најави дека е подготвен и поставен системот за вакцинација во однос на складирањето, планот на дистрибуција, како и на идентификувањето на критичните групи според приоритет. -Целосно е подготвен системот за вакцинација во однос на складирањето, во однос на планот на дистрибуција, идентификувањето на критичните групи според приоритет. Направен е тој план, тоа се три групи – во првата лекарите, медицинските сестри, здравствените работници кои работат со Ковид пациенти, вработените во лабораториите. Понатаму…

Read More