Author: Нова ТВ
Нападот на американскиот Капитол има своја аналогија во најблиското минато на неуспешни државни удари за поткопување избори – она што во Северна Македониja се нарекува „крвавиот четврток“. Поради страв од прогон ако ја испушти власта од рацете, бескрупулозниот автократ и македонски премиер, Никола Груевски, ги повика неговите поддржувачи да ги запрат пратениците во „кражба на нашата земја“. Бројот и гневот на демонстрантите се зголемуваше, избраните лојалисти на Груевски во Парламентот го спречија опозицискиот лидер Зоран Заев да формира влада. Кога Заев конечно ги надмина последните пречки за исфрлање на Груевски од власта, толпа од луѓе, кои себе си се сметаа…
Повеќе од половина од лицата кои се подложени на реветинг процесот, кој се спроведува согласно НАТО стандардите за сите оние кои имаат допир со НАТО класифицирани информации досега го поминале тестот. Процесот се уште трае, на проверки се подложени околу 150 лица од највисоките политички, разузнавачки и одбранбени ешалони. Досега само за двајца има негативни оценки, меѓу нив е и нашиот кандидат за воен претставник во НАТО. Ова во интерју за МИА го изјави претседателот на државата Стево Пендаровски, кој формално бил првиот кој бил ставен на проверка и пред неколку месеци добил НАТО сертификат за допир со класифицирани информации.…
Во своето гостување на Канал 77, министерот за правда, Бојан Маричиќ посочи дека не треба да имаат партиите свој невладин сектор, поконкретно, денес контекстот во државата е различен од пред неколку години, кога, како што вели Маричиќ, граѓанскиот сектор беше означен како непријател, поради организацијата на протести. „Партиите не треба да имаат свој невладин сектор, денес контекстот во државата е различен од пред четири до пет години, кога граѓанскиот сектор беше предводник на протестите и кога беше означен како непријател. За разлика од нив, ние од првиот ден ги означивме граѓанските организации за партнери, треба со нив да седиме на…
Пет европски земји се приклучија на санкциите на Европската унија против Белорусија, објави Советот на ЕУ. „Земјите-кандидати: Република Северна Македонија, Црна Гора и Албанија, како и Исланд и Норвешка, кои се дел од Европската економска област, се приклучуваат на оваа одлука на Советот (за санкции)“, се вели во соопштението. Исто така, се забележува дека по овој чекор, овие земји ќе ги спроведуваат своите национални политики во согласност со одлуката на Советот на ЕУ. Европската унија тогаш го поздрави пристапувањето на пет земји во третиот пакет санкции против Белорусија, кој стапи на сила на 17 декември минатата година. Претходно, Европската унија…
Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека гласот и силата на мажите треба да бидат насочени кон искоренување на домашно насилство, сексуалното вознемирување, силување, присилен брак и сите други форми на родово базирано насилство. „Ние, мажите не смееме да бидеме неми сведоци на насилството врз жените и девојчињата! Мажите треба и мора да направат повеќе! Мораме да го осудиме секое насилство сѐ додека не развиеме култура во којашто насилството врз жените и девојчињата е неприфатливо. Затоа како маж, син, сопруг, татко, колега велам: #MenMustDoMore, #MaжитеМораДаНаправатПовеќе!“, вели премиерот.
„Кризата со пандемијата ни укажа дека вложувањата во инфраструктурата, болниците, градинките, училиштата, патиштата и пред сѐ вложувањата во човечкиот капитал, е одлична економска стратегија. Едно без друго не може. Градењето патишта, железници, и друга ‘хардвер’ инфраструктура се и тоа како потребни, но нема да го дадат посакуваниот ефект ако не инвестираме во човечкиот потенцијал. -Ги искористуваме можностите за креирање на соодветен деловен амбиент каде неизвесноста ќе биде намалена, а предвидливоста зголемена. Секој инвеститор сака стабилно деловно опкружување, владеење на правото, а ние како Влада се стремиме тоа и да го овозможиме. Самиот влез во НАТО носи забрзан раст на инвестициите, раст…
Ништо спектакуларно не се случи во Вевчани, договорите кои ги постигнавме со Вевчанци не се испочитуваа, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по завчерашната интервенција на полицијата за спречување на одржувањето на Вевчанскиот карневал без почитување на задолжителните мерки за заштита од ковид-19. „Од политички причини сакаа инцидент и сензационалност. Апелирам да ги почитуваме мерките и на тој начин да му помогнеме на здравствениот систем и да им помогнеме на медицинските работници. Јануари е полн со празници и затоа апелираме да престанат групирањата и доследно да се почитуваат мерките“, изјави Спасовски во интервју за националниот сервис МТВ. На…
Министерството за надворешни работи го осуди палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани оценувајќи го како штетен по угледот на државата. – Вековна традиција не смее да биде загрозена преку активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи, држави, особено нашите соседи. Го осудуваме палењето на знамето на Република Бугарија на Карневалот во Вевчани, чин кој не само што го нарушува реномето на Карневалот туку и нанесува штета на угледот на Република Македонија, се наведува на фејсбук-профилот на Министерството за надворешни работи. За потсетување, утринава пристигна остра вербална нота од страна на бугарскиот амбасадарот во земјава, но своја реакција на…
Неспорно е дека на Балканот, за жал пописот наместо статистичка е политичка операција, но дајте да се сретнеме, порачува претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во интервју за МИА . -Јас разбирам, легитимна е битката за власт, легитимна е битката за подобри политики, легитимна е политиката на опозицијата да ја критикува власта, иако не мислам дека кабаетот овде е само сто процентно на едната страна опозициона, но би сакал да ги видам конструктивните предлози на опозицијата во однос на пописот да бидат прифатени. Зошто да не, вели претседателот на државата. Додава дека на овие простори пописот се врзува за…
Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов упатил остра вербална нота до македонското Министерство за надворешни работи по информациите дека е запалено бугарско знаме на Вевчанскиот карневал. Информацијата на својот Фејсбук профил ја сподели бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. – По повод информациите за запалено бугарско знаме во селото Вевчани во Република Северна Македонија му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје да го искаже пред Владата на Република Северна Македонија, нашето силно несогласување со овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вебрален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ, напиша Захарева на Фејсбук.
Во рамки на острата вербална нота од страна на Бугарската амбасада во земјава и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во врска со палењето на бугарското знаме за време на вевчанскиот карневал, се огласи и македонскиот претседател, Стево Пендаровски. Тој на својот фејсбук профил по реакцијата напиша: Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување.
Бројот на припадници на Националната гарада на САД, кои ќе и помага на полицијата во Вашингтон на инаугирацијата на избраниот претседател Џо Бајден ќе биде зголемен на 26.000, изјави неименуван американски претставник. Првично беше најавено дека ќе бидат ангажирани 20.000 припадници на Националната гарда, но нивниот број е зголемен по дополнителните барања од безбедносните служби. До денеска во Вашингтон пристигнале околи 7.000 членови на Гардата. Американското Федерално истражно биро претходно предупреди дека приврзаници на претседателот во заминување Доналд Трамп планитаа вооружени протести во главните градови на сите 50 американски држави и Вашингтон. Приврзаниците на Трамп на 6 јануари упаднаа во…