Author: Нова ТВ

о последните месеци додека се разговараше за усогласување на преговарачката рамка и за почетокот на преговорите имаше принципиелна поддршка од Грција и грчката позиција беше јасна дека Република Северна Македонија треба да ја одржи првата меѓувладина конференција и треба да се прифати рамката таква каква што е предложена од страна на Комисијата и тоа мислам дека е важно и очекуваме дека таа поддршка ќе продолжи и понатаму сега во оваа фаза кога работиме за да се усогласи рамката, вели министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи за МИА. Османи во Атина беше и пред четири месеци, но тогаш…

Read More

Во обраќањето до нацијата денеска попладне бугарскиот претседател Румен Радев објави дека одлучил парламентарните избори да ги распише за 4 април, една недела подоцна од претходно најавуваниот термин 28 март. Тој, како што соопшти, веќе го потпишал и указот за тоа. Тој изминативе денови имаше консултации со претставниците и на парламентарните и на вонпарламентарните партии. Помалите партии бараа изборите да се одржат што е можно подоцна, додека ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов бараше тие да бидат на 28 март и го обвинија Радев дека сака да манипулира. Радев побара од сите институции да се однесуваат одговорно и да ги преземат…

Read More

Full Fact, независна добротворна организација за проверка на факти од Велика Британија и партнер за проверка на фактите генерирани од трета страна на Фејсбук, изврши истражување за главните предизвици со кои се соочуваат проверувачите на факти ширум светот при онлајн наоѓање и проверка. Извештајот Предизвиците на проверка на факти онлајн: Како технологијата може (и не може) да помогне (The Challenges of Online Fact Checking: How Technology Can (and Can’t) Help), се базира на интервјуа со деветнаесет проверувачи на факти низ целиот свет и вклучува идеи за помагање во решавање на некои од најчестите предизвици, со фокус на партнерства со технолошки…

Read More

Никој веќе реално не верува дека проширувањето на ЕУ ќе продолжи со шесте држави од Западниот Балкан, или дури и со само некоја од нив, во следната декада, пишува денеска Франкфуртер алгемајне цајтунг во анализа во која на површина излегува старата алтернатива- членство во Европската економска зона. „Веќе со актуелните 27 земји-членки, во однос на надворешно-политичките, буџетските и другите прашања кои бараат едногласност, ЕУ е честопати во потешкотии, а понекогаш и воопшто не е способна да делува. Во една Унија со 33 членки тоа ќе биде уште потешко. Можете да си замислите што ќе значи кога Србија како членка ќе има право на вето по…

Read More

Од Министерството за образование сметаат дека реформите во основното образование требало да се направат уште пред една деценија. Оттаму денеска во соопштение истакнаа дека со носењето на новата концепција не се брза, туку веќе се доцни. -Првпат во последната деценија во нашата држава во делот на образованието се прават реформи на исклучително транспарентен начин и со вклученост на сите страни и ќе се најде баланс во предлозите со цел да се направат реформи во најдобар интерес на децата, истакнуваат од Министерството. Според МОН, со предложената концепција за секое дете во државата ќе бидат достапни позитивни и современи модели на учење…

Read More

Вакцините се на пат. Потребни се многу подготовки кои треба да се направат, работиме врз научна методологија која се базира на безбеднст и сигурност и вакцините прво ќе ги добијат приоритетните групи граѓани, како што тоа е случај во сите држави во светот, вели шефицата на канцеларијата на СЗО во земјава, Џихан Тавила. Таа уверува дека Влдата и државата прават се што е во нивна моќ секој во оваа држава да биде заштитен и апелира да не се прават споредби со државите од регионот каде веќе се даваат вакцини. „Ситуацијата во секоја држава е различна и овие вакцини се за…

Read More

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Дендиас на средбата со нашиот министер за надворешни работи Бујар Османи денес во Атина порача дека евроинтеграцијата на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, мора да продолжи и Атина ќе инсистира на тоа, но Македонија од своја страна треба да го исполни целосно Преспанскиот договор. Притоа Дендиас ги спомена стриктната употреба на новото име нагласувајќи дека тоа треба да го користат дури и веб порталите, како и справување со остатоците од звездата од Вергина. Тој ја спомена соработката на здравствен план со Македонија и договорот со ЕУ за обезбедување на вакцини на земјите што не…

Read More

По средбата со Никос Денидас, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изрази задоволство за развојот на добрите односи со соседна Грција и истакна дека од голема важност е блискоскта помеѓу соседите, кога станува збор и за евроинтегративниот процес на земјава. „Мило ми е што ја стартував годината со посета на Грција. Ние имаме коректен политички наратив, и тоа го докажуваме со негувањето на односите со Грција. Во случаи кога Пандемијата во лоши размери ги напаѓа земјите, ние како добри соседи сме тука да помогнеме, се да направиме кога станува збор за човечкиот живот. Кога станува збор пак, за евроинтегративните процеси…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче во рамки на примопредавањето на донацијата во Институтот за судска медицина, на новинарско прашање меѓудругото рече и дека ќе се промени работното време на угостителските објекти по 21 јануари. „На 21 јануари ќе се донесе одлука за продолжување на работата на угостителските објекти до 21 часот, но и можноста нивното работно време да се продолжи до 23 часот“, истакна Филипче. „Единствено нешто што ќе се случи на 21 јануари е работното време на угостителите сигурно да се продолжи до 21 часот, а согласно проценката на ситуацијата до 21-ви, евентуално да се разгледа нивното барање за…

Read More

На средбата која министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Грција ја оствари најпрво со претседателката, Катерина Сакеларопулу, фокусот бил ставен на напредокот на билатералните односи по Договорот од Преспа, како и ситуацијата во регионот и европската перспектива на С.Македонија. Како што посочуваат од кабинетот на грчката претседателка, Грција очекува поблиска соработка на двете соседни земји и го потенцираа фактот дека двете земји сега се наоѓаат во нов продуктивен период. „Претседателката на државата увери дека нашата земја останува стабилен поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија, секако секогаш со главен критериум поставените услови и почитување на принципите на добрососедство. Потенцираше…

Read More

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бара да се повлече Законот за попис и спроведување дебата во целата држава. Спроведувањето на пописот мора да се темели на постигнат консензус од сите политички чинители, сите општествени фактори, за да може да дојдеме до успешно спроведена статистичка операција во која што ќе имаат доверба сите граѓани на Република Македонија, изјави Дафина Стојаноска пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. „После очигледната злоупотреба на европското знаменце, одбивањето на сите конструктивни амандмани на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, власта продолжува со своето самоволие, нетранспарентност и арогантност да спроведува штетни решенија за државата и граѓаните.…

Read More

Законот за попис на населението е во собраниска процедура и со неговото усвојување се создаваат сите услови за одржување на попис оваа, 2021 година. Попис, по највисоките меѓународни стандарди, дигитализиран и согласно прописите на Евростат. После цели 19 години на нашата земја и е неопходен попис. За да може подобро и рамномерно да се развива, за креирање нови долгорочни развојни политики. Тоа е во интерес на државата, на народот, на сите наши граѓани. Затоа велиме дека реализацијата на оваа статистичка операција е патриотски чин. По скоро 19 години без спроведен попис, никој не смее да го кочи или одолговлекува. Ние…

Read More