Author: Нова ТВ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи посочи дека е подготвен низ транспарентна постапка да бидат отворени сите прашања врзани за надворешната политика и оттаму побара од претседателот на комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски да закаже седница на која ќе може ова да се резлизира и на која кандидатите за амбасадори ќе можат да ги презентираат тезите пред пратениците за да можат да заминат во извршување на своите мисии во ДКП-та. „Како што најавив во моето годишно обраќање пред Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Северна Македонија, подготвен сум да ги вложам сите напори за да создадеме услови…

Read More

Јавноста денеска уште еднаш беше сведок на неодговорно, незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ кое провоцира, подгрева тензии и делува опасно по јавното здравје. Група активисти, предводени од претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани започнале провокации кон припадниците на МВР, кои интервенирале при прекршувањата на мерките за заштита на здравјето ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани намерно предизвика инцидент а преку порталите под контрола на белиот дворец се обидува да ја подгрева јавноста преку тенденциозни и несоодветни споредби со настаните од 1987 година. Уште еднаш на дело се покажа неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и очајната состојба во која се наоаѓаат. Свесно ги носеа жителите…

Read More

Полициски службеници денеска интервенираа во Вевчани, откако граѓани се групирале за време на традиционалниот Вевчански карневал кој годинава е откажан, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што соопштуваат оттаму, тие интервенирале поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот, односно, забраната за групирање на повеќе од четири лица. „Имено, и покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше…

Read More

„Во периодот од последната, декемвриска, седница на Комитетот наваму, ликвидноста на банкарскиот систем во домашна валута забележа позначителен пораст, условен главно од остварувањето на дел од четвртиот пакет мерки за ревитализирање на економијата во услови на ковид-19. Во такви околности, банките имаа многу ниска и повремена потреба за тргување со краткорочни денарски ликвидни средства на пазарите на пари. Поволни движења имаше и на девизниот пазар, видливи пред сѐ преку растот на нето-понудата на девизи од физичките лица на менувачкиот и девизниот пазар. Овие пазарни остварувања беа проследени со натамошно зголемување на девизната ликвидност на банките, поради што Народната банка за…

Read More

Лекот, кој ќе се употребува и за пациенти болни од ковид-19, не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО и ќе се издава на розев рецепт Стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и ковид-центрите во интернистичкиот блок, изготвиле мислење за употребата на лекот „ивермектин“ кај пациенти заразени со коронавирус. Преку Лекарската комора, во текот на вчерашниот ден, протоколот бил испратен до матичните лекари, информираа од Министерството за здравство. . До крајот на неделата Лекарската комора ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите,…

Read More

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција рече дека најголемата опозициска партија одлучила на вчерашниот извршен комитет да собира потписи против предлог-законот за попис доколку владеачкото мнозинство не го повлече од Собранието. – Доколку тоа не се случи, по очигледната злоупотреба на европското знаменце, ВМРО-ДПМНЕ ќе се мобилизира и ќе поднесе иницијатива за собирање на потписи за предлог-закон за поништување на овој предлог-закон што треба да се донесе по насилен пат, рече Мицкоски.

Read More

Отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ треба да се случи и се надевам дека ќе успееме да го постигнеме тоа оваа година. Нема друга атернатива. Исполнети се сите услови од страна на Северна Македонија, изјави денеска амбасадорката на Германија во земјава Анке Холштајн. Таа додаде дека како дипломат е ноторна оптимистка и изрази уверување оти може да се постигнуваат цели ако доволно напорно се работи на нивно исполнување. Во текот на следните недели, истакна амбасадорката Холштајн, многу е важно да има соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија во оние области и сегмени каде нема разлики во мислењата,…

Read More

Владата на вчерашната седница ја прифати Предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението во Северна Македонија за 2021 година, во која е содржан план за обезбедување на годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикациии. – Во програмата се опфатени возрасните групи подложни за пoeдини вакцинации, видот на вакцини кои се даваат и начинот на давање, календарот за имунизација на деца од нула до 18 години и Календарот за „catch-up“ имунизација за нередовно вакцинираните деца од пет до 18 година, сопшти владината Прес-служба. Од Владата информираат дека за оваа програма вкупно се одобрени…

Read More

Иако во моментов владее впечаток дека напрегнатоста меѓу двете земји се намалува, зад сцената има обид да се одржи пламенот на разговорите, за да не згасне, пишува Дојче веле Нон-пејпер, акциски план, размена на коментари, патоказ за натамошно дејствување и соработка, има анекс, нема анекс… Колку изјави, толку различни термини ги следат обидите на Скопје и Софија да ги решат спорните прашања. Во интерес на процесот, информациите од средбите и размената на предлози се доста сиромашни. Специјалниот пратеник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски, во изјава за Бгнес потенцира дека „треба да создаде доверба меѓу владите и народите на двете…

Read More

Повеќе од 350 припадници на мафијата, политичари, правници, бизнисмени и други обвинети ќе се појават на суд во јужниот калабриски град Ламези Терме. Обвинителите се надеваат дека со судскиот процес ќе и се зададе удар на криминалната група Ндрангета, која дејствува и глобално. Обвинителите треба да докажат дека Ндрангета уште од 90-тите години на минатиот век е вклучена во убиства, илегална трговија со дрога, уцени, перење пари и други криминални дела. – Судењето е камен темелник за изградба на ѕид против мафијата во Италија, изјави обвинителот Никола Гратери. Ндрангета го контролира протокот на кокаин во Европа и се смета за…

Read More

Годинава нашата економија ќе се врати на патеката на економскиот раст, додека следната година ќе го достигне преткризното ниво. На среден рок, очекувам повисоки стапки на раст на економската активност и достигнување на просечно ниво од пет отсто во следните пет години, со паралелна фискална консолидација во насока на одржливост на растот, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на Форумот на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ и е еден од водечките традиционални настани од областа на финансиите. Според Бесими, годинава се очекува закрепнување на инвестициската активност, потрошувачката и нето странската побарувачка, при што е проектиран раст од…

Read More

Бугарската министерка за надворешни работи смета дека како никогаш досега постои консензус во бугарскиот парламент по прашањето за односите со РСМ. Позицијата на бугарскиот парламент во однос на темата за Северна Македонија е едно од чудата, бидејќи реткост е да бидеме толку едногласни за било што. И бугарското општество и бугарските партии имаат многу сличен став на оваа тема. Ова за БТВ денеска го изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во утринската емисија, одговарајќи на прашањето како ги коментира изјавите од Скопје, дека се чека завршување на изборите во Бугарија за да се решат несогласувањата со Софија кои ги…

Read More