Author: Нова ТВ
Специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија Владо Бучковски оствари работна средба во Софија со истакнати културни дејци од Република Бугарија, на која соговорниците изразиле согласност дека развојот на културно-уметничките односи меѓу двете држави се одвива во добра насока. На средбата, која се одржа вчера во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, во услови на почитување на сите мерки за справување со пандемијата од КОВИД-19, присуствувал и директорот на КИЦ Сашко Насев. На средбата, како што информираат од КИЦ, соговорниците постигнале согласност дека развојот на културно-уметничките односи меѓу двете држави се одвива во добра насока, но дека…
Некој со врски во Македонија плаќа десетици илјади евра за да го фали Борисов на Фејсбук, пишува бугарскиот портал Офњуз. Интернет троловите од С. Македонија веќе беа активни при победата на Трамп во САД,пишува Дојче веле. Иако датумот за парламентарните избори во Бугарија се уште не е познат, а официјално не е започната ниту предизборната кампања, анонимни лица веќе потрошиле десетина илјади евра за да го воспеваат бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук, пишува истражувачкиот портал Офњуз (OFFNews). Две Фејсбук страници за помалку од три месеци платиле точно 9.839 евра за реклама во полза на премиерот Бојко Борисов. Се работи за…
Во наредниов период властите во Скопје ќе ги разгледуваат коментарите што пристигнаа од Софија на македонскиот предлог Акциски план, по што ќе биде изградена јасна позиција на земјава во обид за враќање на довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија и одблокирање на нашиот европски пат. Специјалниот пратеник за Бугарија, Владо Бучковски вчера во изјава за МИА нагласи дека секоја негова службена комуникација на релација Скопје – Софија е во функција на предложениот Акциски план од наша страна, кој содржи конкретни чекори во делот за поврзување преку Коридорот 8, соработката во образованието, енергетиката, културата, економијата, информатичкото општество. – Сето тоа треба да…
„Некои правни субјекти си дозволија да покажат сила и моќ, а инспекторите да не можат да изречат казна во време на пандемија. Затоа и пристапивме кон законски измени. Денес имаме 60 отсто помалку прекршоци, нема објект каде што не може да влезе инспектор и да не се реагира. Испорачани се казни за многумина, но, нема ургенции по телефон, законот мора да важи за сите.“- одговори вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски во вестите на Канал 5, во врска со поврзувањето на сите инспекторати во една платформа. Дополни дека координираниот настап на службите ќе за засили битката против криминалот. Ако…
Досегашниот директор на Царинската управа, Ѓоко Танасоски е разрешен од функцијата, а на негово место за вршител на должноста директор е назначен поранешниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески. На денешната 38-ма седница на Владата донесени се уште неколку кадровски решенија. Исамедин Азизи, научен соработник и доцент во Институтот за национална историја, е именуван за член на Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. За в.д. заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување е именуван Зулфикар Зејнулаи, а за в.д. директор на Државниот управен инспекторат е назначена Кети Василевска.…
Готово е. Чешка се откажа од претстојното СП во Египет, и оттаму С Макаедонија го озбезбеди својот пласман на големиот светски ракометен собир. Инаку, во моментов се одржуав прес конференција на која објавува дека нема да игра на СП. Чешка не може да собере екипа за настап на муднијалот. Голем број на чешки ракометари беа заразени со ковид-19, па националниот тим реши да не патува во изменет состав за Египет, па така, Македонија како прва „резерва“ го доби нејзиното место.
На денешната седница на Владата, беше прифатена Предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението во Северна Македонија за 2021 година во која е содржан план за обезбедување на годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикациии. Во програмата се опфатени возрасните групи подложни за пoeдини вакцинации, видот на вакцини кои се даваат и начинот на давање, календарот за имунизација на деца од 0 до 18 години и Календарот за catch-up имунизација за нередовно вакцинираните деца од 5 до 18 година. Вкупно одобрените финансиски средства за оваа програма изнесуваат 805.000.000,00 денари од кои 415.000.000,00…
Заминувањето на академик Георги Старделов, чијшто виспрен и прониклив дух со децении ја унапредуваше филозофско-естетичката, книжевно-научната и културолошката мисла во нашата средина, е непроценлива загуба за нашата академска и културна средина, се наведува во соопштението од Институтот за македонска литература при што се изразува длабока жалост по повод неговата смрт и сочувство до неговите најблиски – семејството и блиските соработници. Акад. Георги Старделов, се посочува во соопштението, беше и истакнат македонист, проучувач на македонската книжевност и остваруваше плодна и континуирана соработка со Институтот за македонска литература. Тој беше ценет учесник на научните симпозиуми на Институтот од кои се објавија неговите…
Бриселски „Еурактив“ пишува дека со поднесувањето на својот акциски план Бугарија се обидува да ја промени својата тактика кон Македонија и на некој начин да ја ублажи напнатоста меѓу двете земји. Министерската за надворешни работи, Екатерина Захариева, вчера на специјалниот претставник на македонската влада, Владо Бучковски, му го претставила бугарскиот акциски план за подобрување на односите во кој се вклучени повеќе министерства. Според дипломатските извори на „Еурактив“ предлозите на Софија се поврзани со железницата, патиштата, инвестиции на бугарски компании во Македонија, но исто така и отворање на кампуси на бугарски универзитети. Во планот имало и делови за учебниците по историја.…
Секторот за животна средина на Општина Ресен, по извршените мерења ме информира дека од почеток на оваа година нивото на Преспанско Езеро се зголеми за 14 см, односно , сегашното ниво е 842.36. Тоа е добра вест, во година кога треба и институционално да започнат голем број активности за спас на нашето езеро, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски. Минатиот месец и премиерот Заев заедно со Гошаревски, посетата на преспанскиот регион ја искористија за увид и обиколка на Преспанското Езеро за прецизирање на спроведувањето на препораките и акцискиот план предложен од експертите за одржливо управување на…
Собранието денеска со 95 гласа „за“ го избра новиот состав на Државната изборна комисија. Ниту еден од пратениците не се противеше на предложениот состав на ДИК. Нов претседател на Државната изборна комисија е Александар Даштевски, кој е поддржан од опозициската ВМРО ДПМНЕ. За негова заменичка е избрана актуелната потпретседателка, Детмире Шеху. Мандатот на актуелниот состав на ДИК, со кој претседава Оливер Дерковски истекува в петок, на 15 јануари. Дерковски нема да биде дел од новиот состав на Државната изборна комисија.
Новата 2021 година ќе биде антикорупциска година, тврди СДСМ, најавувајќи закнување на сите капацитети кои се борат против оваа појава. -Продолжуваме со реализација на препораките од ГРЕКО. Во соработка со УСАИД во првите шест месеци од годинава ќе се спроведе тест за проценка на интегритетот на членовите на Владата и нивните советници и надворешни соработници, со цел подобро воочување на евентуални слабости во поединечните сектори со што корупцијата ќе се превенира навремено. Започнува реализација на проекот за интероперабилност меѓу антикоруцписките институции кои одговараат пред Владата.Со овој проект се овозможува безбедна и ефикасна размена на податоци по електронски пат за предмети…