Author: Нова ТВ

Во периодот што следува нашата работна група ќе ги разгледа коментарите, кои пристигнаа од Бугарија на нашиот предлот Акциски план и ќе биде изградена јасна позиција, изјави за МИА специјалниот пратеник за Бугарија, Владо Бучковски, кој се наоѓа во посета на Софија. Бучковски вчера имаше средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерија Захариева, која му даде Акциски план, а кој допрва треба да биде разгледна од нашите власти. Тој и Захариева размениле идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. -Мојата улога како специјален претставник на Северна Македонија произлегува од напорите на македонската Влада…

Read More

Заменик-директорката на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), Весела Чернева, гледа само еден начин да се придвижи спорот меѓу Скопје и Софија: “Ако има промена во владејачката коалиција во Бугарија.  Во изјавата на бугарскиот весник „Дневник“ таа оценува дека актуелната бугарска влада нема ни желба ни намера да стори нешто до март, така што за решение може да се зборува дури на  средината на годината. -Мислам дека не е во интерес на Северна Македонија да го истурка ова прашање, бидејќи од тоа ништо не може да се добие“. И обратно, ако постои вистинска желба да се работи на прашања како…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, информираат од Владата. Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји.

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека лекот Ивермектин од денеска е достапен за граѓаните во аптеките. -Лекот ERMETIN (ivermectin) таблета 3 mgx10 во пакување, на производителот World Medicine Ilac San.Ve.Tic. од Турција во аптеките по одобрена малопродажна цена изнесува 299 денари. Лекот може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист. Истиот може да се употребува во домашно и болничко лекување, и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид позитивен. Повеќе клинички студии кои ја евалуираат ефикасноста на ивермектин кај пациенти со COVID-19 се во тек…

Read More

Охрид и регионот е специфичен, имаме проблеми со менаџирање со отпадот, под лупа сме на меѓународните институции, со уредување на плажите, со нелегална градба. Чаре има секогаш, но никогаш не се доаѓа од денес до утре,вели Костадин Георгиевски, градоначалник на Охрид во Студио 10. Тој вели дека потребен е план кој добро ќе се разработи со цел да се исполнат поставените барања од УНЕСКО. – Треба и поддршка од институциите во државата, Владата несебично го поддржува Охрид. Треба да има функционирање на правна држава, целокупна функционалност. Истите забелешки од УНЕСКО се провејуваат, во добар дел од нив изминатите декади не…

Read More

По последниот извештај на УНЕСКО во кој на повеќе од 100 страни е образложена итноста за заштита на регионот, како забелешки се посочени проблемите со дивоградбите, заштитата на биодевирзитетот, управувањето со заштитните подрачја, справувањето со депониите и отпадот како и нефункционалноста на колекторот. Со ваквото непланско постапување, се доведува во прашање опстојувњето не само на природното туку и културното богатство на регионот, велат од ДОМ. -Зелената партија ДОМ апелира до локалната власт на Општините Охрид, Струга и Дебрца сериозно да се посветат на задолженијата и препораките од  УНЕСКО и заедно со Владата да се искористат сите расположливи механизми со цел…

Read More

Владата да обезбеди финансиска помош и поддршка за компаниите кои нема да можат да ги обавуваат деловните потфати заради вирусот или ќе ги обавуваат со значително намален обем, првенствено и исклучиво за обезбедување средства за плата на работниците, е еден од предлозите на Сојузот на синдикатите на Македонија за најавениот петти пакет антикризни мерки. -ССМ бара субвенционирањето на плата како мерка да продолжи онаму каде што производството е намалено како што тоа е утврдено и со четвртиот пакет на мерки, но да се исплаќа директно на сметките на работниците што се покажа како повеќе од потребно поради повторната злоупотреба на…

Read More

Парламентарните партии кои освоија најмногу гласови на минатите избори СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ до претседателот на Собранието доставија инфомации со поддршка за кандидатите за членови на Државната изборна комисија (ДИК). До Кабинетот, до 10 часот не беше пристигнат официјалниот предлог од Алијанса на Албанците. СДСМ информирала дека ја дава поддршката на Борис Кондарко и Радица Ристеска, кои се актуелни членови на Комисијата, како и на Оливер Ристовски, поранешен заменик министер за правда. ВМРО-ДПМНЕ веќе соопшти дека професорот Александар Даштевски ќе го предложи за престедател на ДИК, а поддршка дадоа и за Бобан Стојаноски, кој работи како правник во Собранието. ДУИ ја…

Read More

Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, одобри прогласување вонредна состојба во главниот град Вашингтон, соопшти Белата куќа, откако американски безбедносни претставници предупредија на можни немири во пресрет на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Трамп со уредба го одобри продолжувањето на федералната поддршка на Вашингтон до 24 јануари, за да може да се одговори на вонредните ситуации. На овој начин, Сојузната агенција за управување со вонредни состојби може да „идентификува, мобилизира и обезбеди опрема и ресурси потребни за справување со последиците од вонредната состојба“, се наведува во одлуката на Трамп. Оваа одлука следи откако на 6 јануари приврзаниците на Трамп…

Read More

Се намалува бројот на заболени пациенти од Ковид-19 во земјава. Надлежните се надеваат дека овој тренд на опаѓање ќе продолжи, а за крајот на јануари ги очекуваат и првите дози на вакцини. Веќе од денеска во аптеките ќе биде достапен лекот Ивермектин кој помага во лекување на овој вирус. Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Љирим Шабани вчера информираше дека лекот Ивермектин е стигнат во земјава. Токму денеска се очекува да биде достапен за продажба. Лекот се користи за лекување на заболени од Ковид-19, цената ќе изнесува околу 300 денари. Овој лек претходно ги помина сите фази…

Read More

Не само социјалните мрежи Фејсбук, Твитер или Јутјуб, туку и се поголем број компании и институции објавија бојкот на претседателот Доналд Трамп, поради повикот на толпата демонстранти минатата недела насилно да навлезе во Конгресот на САД.  Повеќе компании, универзитети и спонзори на политички партии ги прекинуваат сите врски со него и со републиканци кои го поддржуваа неговиот повик за непризнавање на резултатите од изборите.  Некои од нив се Адвокатската комора на Њујорк, поради огромниот број поплаки што оваа организација ги добивала од однесувањето на нивниот член, Руди Џулијани, кој изминатите месеци жолчно ги бранеше тврдењата на претседателот дека изборите биле…

Read More

Северна Македонија останува на позицијата дека треба да се искористат сите можности за изнаоѓање соодветно, взаемно решение за билатералните разлики по различни прашања со Бугарија, како и за враќање на довербата во ефикасноста и успешноста на Договорот за пријателство од 2017 година, соопштија од Министерството за надворешни работи известувајќи за втората посета на Софија на специјалниот претставник за дијалогот со Бугарија Владо Бучковски. Тој вчера во Софија се сретнал со вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева со која, како што објавија бугарските медиуми, размениле идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. – Република Бугарија…

Read More