Author: Нова ТВ
Во катлановско Блаце денеска ќе се одбележат 13 години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Како што соопшти Министерството за одбрана, на спомен обележјето цвеќе ќе положат делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата во состав од заменик на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, и државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ. Цвеќе ќе положат и претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, Прва пешадиска бригада и членовите на семејствата на…
Денеска на своја 90-годишна возраст почина академик Георги Старделов, поранешен претседател на МАНУ и еден од столбовите на македонската филозофска мисла и наука. Академикот е роден во Гевгелија на 28 август 1930-та година, а зад себе има импозантно дело кое го остави на македонскиот народ. Тој важи за филозоф, естетичар, есеист, книжевен критичар, антологичар, теоретичар и историчар на културата. Веста за неговата смрт ја соопштија од Филозофскиот факултет на нивната официјална страница на Фејсбук, каде напишаа: „Во голема жалост ја споделуваме веста дека денес, на 90 годишна возраст, почина академик Георги Старделов, еден од столбовите на македонската филозофска мисла и…
Бугарското министерство за надворешни работи соопшти дека шефицата на бугарската дипломатија го примила денеска специјалниот пратеник на македонската влада, Владо Бучковски, кој престојува во работна посета на Бугарија. За време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји, при што Захариева предложила акциски план за соработка со Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Бугарското МНР очекува овој документ да биде потпишан на престојниот состанок на заедничката меѓувладина комисија (согласно член 12 од Договорот). Македонското МНР, во соопштението за посетата на Бучковски на Софија, нагласи дека „при крајот на…
Во своето гостување во Топ Тема, министерот за надворешни работи, Бујар Османи посочи дека Бучковски е клучна улога во следењето на акцискиот план, и потенцира дека денешниот одговор е гледиште на веќе нашиот предложен акциски план до Бугарија. „Акцискиот план го предложив на мојата прва посета во Софија, за прецизна агенда за соработката, а потоа го предложивме како конкретен план на активности и бевме договорени дека Бугарија ќе одговори на тој наш акциски план. Но, добивме едно нивно гледање на акцискиот план и нивна размена на активнсти. Треба да разгледаме што содржи и што е спорно. Улогата на Бучковски е…
Поранешниот американски амбасадор на САД во Бугарија и еден од коавторите на Охридскиот договор Џејмс Пердју во интервју за ДВ вели дека Бугарија мора да биде бранител на членството на Северна Македонија во ЕУ, а не противник, истакнувајќи воедно дека „завршило времето за малтретирање на С.Македонија“. – Ги следам настаните на Балканот. И се чувствувам близок и со Бугарија и со Северна Македонија. Мислам дека е грешка бугарската Влада да го блокира процесот што ќе доведе до пристапување на Северна Македонија во Европската Унија. Напротив, Бугарија мора да биде бранител на членството на Северна Македонија во ЕУ, а не противник.…
Граѓанскиот активист, новинар и музичар Петрит Сарачини, е неоснована цел на напади со говор на омраза на социјалните мрежи. Коментарите се толку непристојни што некои повикуваат на негова ликвидација, со тоа да му се отсече главата, но и да му се отсечат прстите за да не можел повеќе да работи. За заканувачката содржина во коментарите е известена полицијата која сигурно ќе постапи и ќе ги открие заканувачите. Имено, пред неколку дена, неколкумина на социјалните мрежи споделуваа иста фотографија според која Сарачини во неколку групи на Фејсбук споделил иста вест. И дека тоа го правел редовно. Па коментарите започнаа со тоа…
По речиси цела година постоење на вирусот COVID 19 (SARS-CoV-2 Severe acute respiratory syndrome coronavirus 2), додека науката сѐ уште бара начини за негово најефикасно третирање, јавните здравствени организации низ светот се едногласни околу препораките и мерките за заштита, базирани на механизмите на неговото пренесување: носење заштитна маска за лице; одржување физичка дистанца од минимум 1,5 метри и чистење/дезинфекција на површините и на кожата на рацете. Засега е познато дека новиот вирус SARS-CoV-2 може да опстојува на површините и до 9 дена, притоа останувајќи инфективен. Затоа, одлуката за избор на средства за дезинфекција на рацете треба да се направи внимателно.…
Со седум гласа „за“ Комисија за прашања на изборите и именувањата го утври предлогот Насер Зибери да биде кандидат за народен правобранител. Пратеничката од ДУИ Теута Биљали Зендели на седницата предложи Насер Зибери да биде утврден како кандидат на Комисијата за народен правобранител. На огласот за народен правобранител, што беше распишан на крајот на ноември, пристигнале четири кандидатури.
Поранешниот министер во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, за време на денешното сведочење во предметот „Организаторите на 27-ми април”, рече дека настаните на 27-ми април нанеле штета за сите, физички за СДСМ, а политички за ВМРО-ДПМНЕ. Тодоров за прв пат во јавноста откри дека имало и разговори за широка коалиција. -Ова за прв пат го зборувам. Ние имавме разговори за широка коалиција и затоа тој ден бев многу нервозен и растревожен. Ние бевме на добар пат за таа широка коалиција, која требаше да ја стави државата на патека за членство кон ЕУ и НАТО, сведочеше Никола Тодоров. Тодоров сведочеше за…
Пред посетата на нашиот специјален пратеник Владо Бучковски, претседателот на парламентарниот комитет за надворешна политика, вицеадмиралот Пламен Манушев порача преку БГНЕС дека на Бугарија не и се брза да постигне договор со Македонија. -Доколку овие прашања одземат време, подготвени сме да бидеме трпеливи пред да продолжиме со процесот на пристапување. Преговорите ќе продолжат под едно од претстојните претседателства, бидејќи емоциите во Скопје се смируваат и нашите соседи се подготвени да одговорат на нашите грижи. Јас навистина се надевам дека PCM ќе најде храброст и лидерство да го направи овој чекор кон нејзината европска иднина и убеден сум дека во Бугарија…
Специјалниот претставник на Република Северна Македонија за односи со Бугарија, Владо Бучковски денеска ќе пристигне во Софија за да разговара за акцискиот план за Договорот за соседство меѓу двете земји, пишуваат бугарските медиуми. Оваа недела тој исто така ќе оствари средба со министрите Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов. Според македонските медиуми, целта на посетата на Бучковски е враќање на довербата меѓу двете земји и имплементација на Договорот за соседство и пријателство, кој беше потпишан на 1 август 2017 година. Владо Бучковски беше назначен за специјален пратеник на македонската влада во Бугарија на почетокот на декември 2020 година, откако Бугарија го блокираше…
„Минатата година, со почетокот на мандатот, преземавме јасни и недвосмислени чекори. Започнавме отворена и бескомромисна битка против ова зло, во која секој што го прекршил законот, ќе сноси одговорност. Донесовме нов поприменлив Кодекс за етичко однесување на именуваните функционери, со кој, освен министрите и замениците министри, се опфатени сите функционери именувани од Владата, до најниско ниво. А, дека се водиме од мотото неселективна правда, покажа и разрешувањето на функционери кои прекршија одредби од Кодексот.“- подвлече вицепремиерот Љупчо Николовски промовирајќи ги европските стандарди дома преку Акција 21. Укажа дека секој функционер ќе биде проверуван за неговото работење, а на позиција ќе…