Author: Нова ТВ
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека единственото решение и формула за Бугарија е да се вратиме на начелото на Договорот, но и да се најдат механизми како да се направи побрз, подинамичен за да се создадат резултати. Во интервјуто за Радио Слободна Европа наведува дека сега кога влегуваме во друг сојуз со други држави и во НАТО и во ЕУ, со Бугарија, со Грција, со Албанија, не може со истите очила да го гледате светот. -За мене проблемот е тоа што е дефинирано во Договорот за добрососедство. Секое излегување од договорот го прави проблемот конфузен, неразбирлив и од…
Зголемена безбедност, подобра економија, повеќе инвестиции, а со тоа и подигнување на животниот стандард се дел од придобивките кои Северна Македонија ги очекува, откако лани и официјално стана 30. земја-членка на НАТО. Официјализирањето на членството беше невообичаено, во услови на глобална пандемија, на закана за светската економија, но очекувањата се дека по завршувањето на кризата позитивните трендови ќе се рефлектираат во македонското општество, пред се во економијата. Знамето на Северна Македонија на 30 март минатата година беше кренато пред седиштето на НАТО во Брисел, на церемонија со која се означи официјалното пристапувањето, откако три дена претходно, на 27 март и…
СДСМ e посветен на развој и унапредување на енергетскиот сектор и годинава преку стратешката рамка на Владата – „Акција 21“ продолжува со сериозни инвестиции во енергетиката. Со мерки и политики кои од Енергетската заедница се препознаени како шампионски, ги носиме европските стандарди дома, велат од владејачката партија. Термоелектраната Осломеј, со инвестиција од околу 60 милиони евра ќе се замени со фотонапонска електрана. На местото на стариот рудник во РЕК Осломеј се градат капацитети за 10 мегавати, а ќе се изградат уште две фотонапонски електрани од по 50 мегавати. АД ТЕЦ Неготино распиша оглас за изработка на Физибилити студија и веќе…
Серијата силни земјотреси околу Петриња создадоа дури триесетина дупки од кои најголемата е широка дваесетина метри. Таа се наоѓа во хрватското село Меченчани и, според хрватските медуми, продолжува да се шири. Дупката, широка дваесетина метри и длабока најмалку пет метри, е оградена, а по геолошките прегледи ќе се одлучува за можна санација, утврдија хрватските геолози. „Станува збор за колапс предизвикан од комбинација на суфузија и уривање на варовнички карпи под површината натопена во вода. Малите честички се воденат и се создаваат празнини, а земјотресот беше причина за тоа да се случи во вакви размери“, изјавил за „Хина“ Јосип Терзиќ, раководител…
Годината што остана зад нас беше поинаква за сите, но со посебно горчлив вкус ќе ја паметат културните работници и уметници кои поради пандемијата се збогуваа со сценските настапи. Голем дел од нив останаа без придонеси, па Владата обезбеди посебен пакет за помош на културата и културните работници. Речиси сите културни установи ги затворија вратите на посетителите, но продолжија со работата онлајн, за граѓаните барем виртуелно да уживаат во театарските претстави, разни манифестации, изложби, концерти.., Исто така, посебен фокус во 2020 година беше ставен и на заштита на културното наследство во опасност. Поради светската пандемија предизвикана од вирусот Ковид-19, која…
Одржување на втората меѓувладина седница, ратификација на меморандумите во грчкиот Парламент и евентуалната практична поддршка од Атина за Скопје на патот кон ЕУ, би можеле да бидат дел од предизвиците во односите меѓу Северна Македонија и Грција за 2021 година, со оглед на тоа дека овие активности од минатата се префрлаат на оваа година, јави дописничката на МИА од Атина. Минатата година, како што вчера анализираше МИА, ја одбележаа прва посета на премиер од Северна Македонија на Атина, поинтензивна комуникација за соработка, особено во енергетиката, отворен канал на комуникација меѓу министрите за здравство на двете земји, но и континуираното изразување…
Во Хрватска вечерва во 22.29 часот повторно беше почувствуав земјотрес, јавуваат хрватските медиуми. Според ЕМСЦ, магнитудата била 4,5 степени според Рихтер, а епицентарот повторно во околината на Петриња. За иста јачина јавува и Сеизмолошката служба на Хрватска. „Вечерва, 9 јануари 2021 година во 22 часот и 29 минути, сеизмографите на Сеизмолошката служба забележаа силен потрес во епицентар на 15 км јужно-југозападно од Сисак. Магнитудата на потресот изнесуваше 4,5 степени по Рихтер, а интензитетот во епицентарот VI степени по ЕМС скалата. Потресот се почувствувал на поширокото подрачје“, порачаа од Сеизмолошката служба. Кус, но силен потрес се почувствува во поголемиот дел од…
Папата Франциск рече дека планира да прими вакцина против коронавирус на почетокот на следната недела и ги повика сите луѓе да се вакцинираат за да ги заштитат не само своите, туку и животите на сите други. – Верувам дека е етички секој да ја прима вакцината. Тоа е морален избор бидејќи во спротивно се коцкате со вашето здравје, вашиот живот, но си играте и со животите на други луѓе, рече Папата во интервју за италијанската ТВ Канал 5. Спротивставувањето на вакцинацијата тој го нарече „самоубиствено негирање“. Ватикан, најмалата независна држава во светот, соопшти дека наскоро ќе започне сопствена кампања за…
До крајот на пандемијата, во Грција ќе има две категории туристи – оние кои биле вакцинирани и оние кои не биле, најави министерот за туризам на таа земја, Харис Теохарис, пишува српски Блиц. Во интервју за грчки медиум, Теохарис потенцираше дека вакцинираните патници повеќе нема да мора да бидат тестирани или ставени во карантин, доколку покажат потврда за вакцинација при влегувањето во земјата. Секој што е вакциниран во Грција ќе добие дигитален сертификат, а повеќето европски земји планираат да воведат слични сертификати. – Многу се зборува за меѓусебно признавање на сертификатите помеѓу земјата на поаѓање и дестинацијата – рече Теохарис.…
МНР: Очекувано е Бучковски во наредниот период да оствари чести патувања на релација Скопје – Софија
Министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела оствари комуникација со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева каде беше договорено претстојните денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план, соопштија од Министерството за надворешни работи. „Улогата на специјалниот претставник Бучковски е редовно да патува за Бугарија со цел следење на Акциониот план и поттикнување на соработката на линиските министерства. Во оваа насока очекувано е во наредниот период да оствари чести патувања на релација Скопје – Софија“, додаваат оттаму. Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија во разговор со Илијана Беновска во неделната програма „Беновска…
Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во емисијата „Офанзива со Лубо Огњанов“ на бугарска „Нова ТВ“, истакна дека земјава имала шанса да добие датум за преговори во ноември минатата година, но не сакала да го искористи тоа. „Бугарија не стави вето, таа едноставно рече дека не се подготвени за датум за преговори“, вели вицепремиеротна нашиот источен сосед. Според него, Бугарија е „за“ проширување на ЕУ на Западен Балкан, а „говорот на омраза на сè што е бугарско“ ги загрижува. „Омразата се заснова на грубо и грозоморно фалсификување на историјата. Бугарија има негативна слика со навредливи квалификации во…
Знаци на предупредување биле видливи со недели, денови и часови пред упадот на приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп, во зградата на Конгресот. Десничарски групи повикувале на социјалните мрежи на граѓанска војна, убиства на политичари и напади на полицијата, а екстремистите сега се погласно повикуваат на насилство пред инаугурацијата на Џо Бајден, пишува Си-ен-ен. -Трамп или војна. Денеска. Толку е едноставно. Ако не знаеш да пукаш: Мора да научиш. Веднаш. Ќе упаднеме во владините згради, ќе убиваме полицајци, обезбедување, вработени во сојузните органи и агенти и повторно ќе бараме пребројување, се само некои од примерите на насилни објави. Во средата…