Author: Нова ТВ
„Нова година, стари лаги на ВМРО лажни вести ДПМНE, партијата која не знае ништо друго освен да шири лаги и дезинформации. Во очај и безидејност, ВМРО-ДПМНЕ рециклира лажни, одамна демантирани лажни вести за наводен непотизам, а токму оваа партија беше симбол на масовна партизација на администрацијата преку врботувања преку роднински и семејни врски“, реагираат од СДСМ. „За разлика од таквото време на режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, денес, администрацијата е професионализирана, за сите важат подеднкави услови, а процесите за вработувања се јавни, транспарентни во согласност со законските процедури. Колку на ВМРО-ДПМНЕ не им се битни граѓаните, говори и фактот што оваа…
Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија во разговор со Илијана Беновска во неделната програма „Беновска пита“ на „Радио К2“, ги коментираше односите на Бугарија со Северна Македонија и посочи дека го очекува специјалниот претставник на македонската Влада за спорот со Бугарија, Владо Бучковски следната недела во Бугарија. „Дали е вистина, дали ќе имате сила да ми кажете, дека очекувате ненајавена средба со проф. Владо Бучковски, кој беше министер за одбрана на Македонија и премиер на земјата, а од декември 2020 година е назначен за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Имате ли ваква средба?“, праша водителката. „Госпоѓо Беновска,…
Треба да се биде крајно внимателен во однос на прогнозите што се даваат во врска со ковид-19 и не треба да се опуштаме во почитување на мерките, предупредува директорката на Инфективната клиника во Скопје, д-р Милена Стевановиќ, во нејзиното денешно гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77. -Едно е сигурно, дека бројките што ги известуваме се апсолутни од првиот пациент влезен во државата како позитивен. Има многу логичен тек на бројки, падови и порасти. Тоа не можам да го гарантирам за бројките од регионот, но кај нас текот е логичен. Пандемијата не може да се спореди со ништо што сме…
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, и вонпарламентарното здружение Демократска Бугарија сакаат пребројувањето на гласачките ливчиња да оди јавно и тоа да се пренесува преку интернет. Радев имаше денеска поединечни состаноци со трите вонпарламентарни партии кои според анкетите треба да го поминат прагот за влез во собранието. И на сите нив, како што јавуваат бугарските медиуми, бил изразебна голема загриженост дека може да има манипулации на изборите. Според копретседателот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, јавното броење било ова е исклучително важна мерка и за тоа треба да се направат законски измени. Овој предлог цврсто го поддржал Радев. Претходно, партијата на Слави…
Дирекцијата за технолошко развојни зони – ТИРЗ во 2020 година исплати над 10,6 милиони евра на 29 компании за реализација на нивните инвестиции во зоните. Ова е 94,4 отстотна реализација на предвидената државна помош за изминатата година исплатена кон странските инвеститори во земјава. Како што информираат од Дирекцијата на ТИРЗ, дополнително е одобрена и предвремена исплата на обврски кон две компании, Костал и Гентерм кои предвреме ги постигнале планираните инвестиции и планирани таргети за вработување. -Вкупниот износ на предвреме исплатени обврски на државата кон овие две компании е 51,2 милиони денари, средства обезбедени со Одлуката за прераспределба на средства помеѓу…
Факт е дека е зајакната довербата меѓу Грција и Северна Македонија, рече министерот за надворешни работи на Грција на почетокот на јуни во интервјуто за весникот „Етнос”, а веројатно оваа изјава на Никос Дендиас би можела да биде главната карактеристика за односите меѓу двете земји во 2020 година. Пандемијата не ги прекина врските и односите меѓу Северна Македонија и Грција, можеби претставуваше пречка во одредени области, но од друга страна беше причина за поинтензивна комуникација во однос на справувањето со коронавирусот и последиците од здравствената криза. Минатата година, анализира дописничката на МИА од Атина, ја одбележа прва посета на премиер…
Тие ја завршија својата работа. Сега е време ние да го завршиме нашето, нагласи Сантош Силва
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски во интервју за МИА говори за цената на струјата, кондицијата на енергетските компании, заштитата на потрошувачите од ценовните шокови, водните и комуналните услуги и плановите за Новата 2021 година. Дали се очекува зголемување на цената на електричната енергија поради намаленото производство во хидроцентралите заради неповолната хидрологија и следствено на тоа зголемениот увоз? -Во овој момент не очекуваме зголемување на цената на електричната енергија. ЕСМ има обврски да ги обезбеди потребите на малите потрошувачи и на домаќинствата и тоа по цена која сама си ја определува, бидејќи РКЕ повеќе…
Предлог-законот за државјанство што го поднесоа албанските опозициски партии не наиде на поддршка во надлежните институции, пишува „Дојче веле“. Министерството за внатрешни работи даде негативно мислење на идејата државјаните од поранешните југословенски републики, кои до независноста на 8 септември 1991 година живееле во Македонија, да можат да добијат македонско државјанство само со изјави од три сведоци, без да бидат приложени документи како доказ. Станува збор за граѓани кои се родени и живеат во Северна Македонија, но немаат државјанство иако најчесто ги исполнуваат условите за тоа. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предлогот го оцени како „политички памфлет“. Додека измените поминуваат…
ВМРО ДПМНЕ потврди дека нивен предлог за претседател на Државната изборна комисија е Александар Даштевски, кадар на партијата од времето на Никола Груевски. Имено, по настаните од 27 април, 2017 година, кога насилната толпа упадна во парламентот и го загрози животот на пратениците, Даштевски од позиција на претседател на Комисијата за заштита од дискриминација изнуди одлука на комисијата со која наводно се потврдува дека Груевски е дискриминиран во судските просеци кои се водат против него, а се поврзани со криминал и корупција. Во таа одлука на Комисијата за заштита од дискриминација се наведува дека е утврдена директна дискриминација врз Никола…
Министерството за внатрешни работи вечерва информираше дека едно од двете лица кои беа иницијатори на инцидентот во автобус на ЈСП е приведено. Полицијата и натаму трага по вториот учесник во настанот, а од МВР потврдуваат дека работат на брзо расчистување на случајот. За потсетување, од видеото кое е јавно објавено се слуша како едното лице упатува смртни закани кон патничка, за која беше објавено дека е повозрасна жена.
Христијан Мицкоски бара предвремени избори, а моли да не ги добие, оценува членот на ВМРО-ДПМНЕ и екс-амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров. Според него, народот не гледа веќе алтернатива во оваа партија на лошите политики на СДСМ, но пратениците и партиските интелектуалци молчат, а членството е тивко и уплашено гледајќи како ВМРО се распаѓа за сметка на градењето на еден нов политички субјект во името на Левица. ВМРО, вели тој во интервју за „Независен“, е како безопасно маче што спие во скутот на Мицкоски, а неговите досегашни политики навестуваат пораз, уште повеќе што партијата има проблем да најде луѓе…