Author: Нова ТВ
Министерството за внатрешни работи за МИА потврди дека постапува по случајот во кој две лица во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие им се закануваат на останатите патници кои побарале од нив да ги стават заштитните маски на лицето. На социјалните мрежи денеска беше објавено видеото на кое се слуша како двете лица им се закануваат на останатите патници. Засега не се знае за кој автобус на ЈСП се работи и на која релација се движел. „Ај да ги направиме познати МОРОНИВЕ! Жена во години им вели да стават маска, тие ја тепаат! Се закануваат на пола автобус дека ќе му…
Американската амбасадорка во Северна Македонија, Кејт Мери Брнз во објава на Твитер ги осуди насилствата во американскиот Конгрес во Вашингтон. -Благодарна сум за изразите на грижа и поддршка од пријателите и партнерите во Северна Македонија кои ја пренесоа својата верба во силата и отпорноста на американската демократија. Знам дека од ова ќе излеземе посилни и оти доаѓаат подобри денови, напиша американската амбасадорка на Твитер. Таа посочува дека не може да има изговор за ваков акт на политичко насилство, како што беше нападот врз Капитол хил во средата. -Претставува утеха што овие акти на насилство беа осудени ширум САД и во…
Мицкоски, на лагата и’ се кратки нозете! Претседателот на партијата на Груевски, Мицкоски, денеска изјави дека “Македонија живее во медиумски мрак и дека состојбата никогаш не била полоша”. За да му покажам и докажам дека кажува невистини, јавно му ја праќам табелата на Reporters without borders, каде е набележано рангирањето на нашата земја. Од прикажаното, јасно се гледа дека во времето на владеето на ВМРО-ДПМНЕ, од 180 анализирани земји, сме биле на мизерното 123 место, за да денес сме на 92 место. Затоа, поради ваквите лаги и клевети, во неодамнешната Студијата изработена од страна на Генералниот директорат за надворешна политика…
Пропагандниот портал Инфомакс ги навреди сите Македонци и Албанци, лажно генерализирајќи дека биле обединети во поддршка на американскиот претседател Трамп додека држел говор пред насилничкиот упад во Капитол Хил: „Пред yпaдот говор држеше американскиот претседател, а говорот го слушаа илјадници негови поддржувачи, меѓу нив имаше и Македонци и Албанци. Како што се гледа на сликата Македонците и Албанците се обединети преку океанот во поддршката за американскиот претседател, а македонско и албанско знаме зедно се вееја пред американскиот Конгрес.“ Наместо да го осуди насилничкиот упад во Капитол Хил, пропагандниот портал Инфомакс го злоупотреби случајот со двајца радикали пред Капитол Хил за…
Сите Вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте. Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се “бањаме” за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите. П.С. Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин“, напиша директорот на Клиниката за токсикологија, Нико Беќaровски, на својот Фејсбук профил. Реакцијата доаѓа по вчерашното причестување во повеќе црковни храмови, со причестувањето со исто лажиче.
Нов простор добија дневната болница и салата за киретажа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. -ГАК доби нова Дневна болница со медицинска опрема. Го зајакнуваме капацитетот на установата. Оваа дневна болница ќе биде на располагање на сите пациентки на коишто им е потребна интервенција. Во следниот период, почнуваме постапка за набавка на современ хируршки апарат – роботска хирургија каква што нема во земјава, а ќе се користи најмногу од експертите од областа на гинекологијата и специјалистите уролози, изјави министерот за здравство Венко Филипче. извор: локално.мк
Раководството на МВР има отворено процес, се разговара за тоа каде би требало да дојде до измени на Законот за државјанство за да им се овозможи на оние лица кои од сериозно објективни причини не можеле да добијат или пропуштиле некакви рокови во минатото, да можат да остварат право на државјанство на Република Северна Македонија, меѓутоа при тоа сепак да се заштитат националните и државните интереси. Тоа е ставот на МВР, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и потенцира дека врз основа на тој став се разработуваат можни варијанти на Закон за државјанство. Кога ќе бидат подготвени, нагласи…
Министерот за здравство Венко Филипче во однос на прекршувањето за време на пречесната на верниците низ храмовите смета дека прекршувањата не се значително големи ниту чести. -Прилично се намалува бројот и на овие изминати денови има тренд на мал број на хоспитализирани пациенти ширум државата верувам дека вака ќе остане. Гледаме дека овие прекршувања на мерките не беа чести и не беа многу. Мислам дека сме во една навистина стабилна фаза во која добро се менаџираат и во делот на тестирање и болничкото сместување, вели Филипче. Тој во однос на за одлуката за затворањето на модуларната болница вели дека е…
„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на брза трака можат да ја вратат државата само назад во режим, во изолација и масовно газење врз човековите права и слободи и врз медиумите. Граѓаните одамна знаат дека тој е изворот на фалични вести и затоа шест пати го поразуваат на изборни соочувања. Мицкоски се противи на тврдењето дека нема веќе нарачани вести во медиумите. И веројатно единствено за тоа е во право, ако се земе предвид дека се уште постојат неколку неслободни медиуми кај што Мицкоски нарачува вести. Но, ветуваме, Владата предводена од СДСМ ќе направи сѐ што е во нејзина надлежност, слободата да…
Премиерот Зоран Заев информира дека со директните даноци имаме остварување од 99,5% од планираното и од тука се бележи растот од 2,3%, споредено со 2019 година. – Имаме значително подобрување на приходната страна на Буџетот во декември, каде наплатата даноците и придонесите изнесува 18 милијарди денари, што е за 4,3 % повеќе во однос на декември минатата година. Сето ова е убав податок за завршеток на една ваква тешка година каква што беше 2020-та, како основ за да ја почнеме надежната, нова 2021 година како година на рестарт и економско заздравување, напиша Заев.
Како одговор на опозицијата која најави дека нема да го поддржи пописот и ќе спроведе нов кога ќе дојде на власт, премиерот Заев вели дека сега постои Закон за попис и процесот не е во фаза на работни групи, туку на подготовка на институциите, а со тоа е и задолжителен и за оние кои нема да го почитуваат предвидени се и казни. „Не сакам да се заканувам, но сега постои Закон за попис и процесот не е во фаза на работни групи, туку на подготовка на институциите, а со тоа е и задолжителен и за оние кои нема да го…
Казнети се сите кои седеа на масата без разлика дали се претседатели на партии, пратеници или министри, кога станува збор за ова раководство на МВР, не може да замерите. Определени сме дека законите важат за сите, рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски прашан за прославата на роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во новите простории на Министерството за политички систем. Министерот на денешната прес-конференција посочи дека е важно да функционираат институциите и секој да носи одговорност без разлика дали е функционер или не. – Казнети се сите до еден што седеа на таа маса. Дали се претседатели…