Author: Нова ТВ

Протестите во Вашингтон и упадот на демонстрантите во Конгресот со цел да ја спречат верификацијата на победата на Џо Бајден е осуден во светските медиуми. Дел од насловите се „Трамп го запали Вашингтон“, „Демократијата под опсада“ или „Лудилото на државниот удар“. За голем дел од светските медиуми за насилството виновен е претседателот во заминување Доналд Трамп бидејќи ги охрабрувал демонстрантите. Британскиот весник „Тајмс“ на насловната страна објави дека „Приврзаниците на Трамп упаднале во срцето на американската демократија, додека „Дејли телеграф“ под наслов „Демократијата под опсада“ ги опиша „насилните сцени и хаосот без преседан“ во Вашингтон, а демонстрантите кои упаднаа во…

Read More

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на литургијата по повод Божик во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. По завршувањето на литургија тој го честиташе Божик, но исто така посака на сите граѓани годинава да им биде поуспешна и да биде година на обединување. -Да биде година, како што кажаа и во честитката од Македонската православна црква, кога доброто ќе го победи злото, година кога ќе се радуваме наместо да тагуваме. Година која очекувам да биде победничка, како што тоа го кажа, и би рекол поглаварот на МПЦ, година кога ќе почнеме повторно да се почитуваме едни…

Read More

Нов тендер за избор на фирма што ќе го доврши неизградениот дел од делницата Бељаковце – Куманово и ќе ја стартува делницата Куманово – Крива Паланка на пругата кон Бугарија, пуштање во употреба на првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, завршување на магистралните гасоводи… Тоа се дел од ветувањата од власта со кои влегуваме во новата година кај капиталните проекти во инфраструктурата, а чија реализација ќе се следи со нова методологија. За пругата кон Бугарија, неколкудеценискиот проект на сите влади, планиран во три фази со проценета вредност од 600 милиони евра, со буџетот на Министерството за транспорт за…

Read More

-Посакувам овој Божик да донесе благосостојба и мир во сите семејства што слават и благословениот дух на овој празник да ги допре сите луѓе, изразувајќи желби за посветла иднина за сите нас заедно. Ја користам оваа прилика да истакнам дека Божик е токму моментот кога преовладува солидарноста со оние на кои им е потребна помош и духот да се биде едно со оние што бараат надеж, кулминира. Затоа верувам и сум оптимист дека 2021 година ќе биде една година што ќе тече во оваа насока и под овој дух, пишува во честитката Ахмети. Груби, чеситајќи го Божик, вели дека верските…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во свое и во име на Владата, упати честитка по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан, до членовите на Синодот, до свештенството и монаштвото, како и до сите православни верници во нашата земја. Како што се наведува во соопштението од Владата, во честитката Заев ја изразува желбата во срцата на сите верници да се всели безусловна љубов, мир, спокојство, радоста и почит во духот на празникот на радоста и надежта, кој годинава го чествуваме…

Read More

Конгресот ја потврди победата на избраниот претседател Џо Бајден, и покрај протестите последната вечер со кои сакаше да се спречи таквата одлука. Потврдата се случи во четири часот наутро според американско време. Пребројувањето на трите изборни гласови во Вермонт ги постави Бајден и новоизбраниот потпретседател Камала Харис над прагот од потребните 270 за освојување на претседателската функција. Сенатот и Преставничкиот дом  ги отфрлија приговорите за изборните гласови во Џорџија и Пенсилванија. Републиканците исто така  ги проблематизираа изборните победи на Бајден во Аризона, Невада и Мичиген, но тие поплаки пропаднаа пред да дојдат до расправата во Конгресот. Потврдата на победата на…

Read More

Зградата на американскиот Конгрес е безбедна и слободна, пренесуваат американските медиуми. Објавата следува по неколкучасовната опсада на Капитол Хил од страна на неколку илјади демонстранти кои упаднаа во зградата откако го совладаа обезбедувањето. Полициската акција за расчистување на теренот почна околу 17 часот по локално време, односно околу 23 часот по македонско време. Во 18 часот по локално, вашингтонско време, започнува полициски час. Полицијата на Капитол приведе 20 лица При акцијата за расчистување на објектот, полицијата не беше агресивна. Има извештаи за употреба на солзавец и шок бомби, но во најголем дел полицијата само ги упати демонстрантите да се оддалечат…

Read More

„Во историјата на меѓународните односи ќе биде запишано дека сите земји на Балканскиот Полуостров, почнувајќи од Словенија до Бугарија, официјално аплицирале за членство во ЕУ и НАТО, со исклучок Србија, која прогласи воена неутралност, но сепак е кандидат за членство во ЕУ. Низ историјата, преку јавни или тајни договори, меѓународни конференции, особено во случајот по завршувањето на двете светски војни, како и на локалните војни на Балканот и поширокиот регион, големите сили отсекогаш склучувале договори за нивни соодветни сфери на влијание, со кои по правило не се почитувала волјата на оние кои се најмногу погодени од ваквите договори – државите…

Read More

По ескалацијата на протестите пред Конгресот на САД во Вашингтон, претседателот Доналд Трамп преку твитер им се обрати на своите подржувачи кои ја запоседнаа зградата на Конгресот. Трамп во обраќањето преку Твитер изјави: -Знам дека сте разочарани и гневни. Имаше избори на кои бевме украдени на нечесен начин. Не смееме да ја играме играта на овие луѓе , dемократите. Затоа заминете дома мирно. pic.twitter.com/Pm2PKV0Fp3 — Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 6, 2021

Read More

По повод денешните жестоки протести пред зградата на Конгресот во САД во Вашингтон од страна на приврзаниците на Доналд Трамп, се огласи победникот на последните избори Џо Бајден. „Ја повикувам масата да се повлече, и да дозволи демократијата да оди напред. Зборовите на претседателот Трамп вредат, без разлика колку е лош или добар. Тие зборови може да инспирираат. Го повикувам Трамп, да излезе на национална телевизија сега, и да го исполни она што го рече кога полагаше заклетва, да го брани Уставот и да порача да се прекинат протестите“, рече Бајден. Тој напомена дека и покрај денешите немири, е оптимист…

Read More

По неколку дена затишје околу новогодишните празници, повторно нови провокации од Бугарија во врска со спорот со Северна Македонија, кој се провлекува со месеци наназад. Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во  гостување во емисијата „Ова утро“ на бугарската национална телевизија БТВ ги повтори ставовите и заканите за Македонија.Тој порача дека ако Северна Македонија продолжи да се однесува како ментор на Бугарија и како земја која што ги определува условите, уште долго време ќе чека да влезе во ЕУ. Линк до целиот текст на Дојче Веле тука

Read More