Author: Нова ТВ

На претставниците на Светска здравствена организација, кои треба да го истражи потеклото на Ковид-19 во кинескиот град Вухан, им беше забранет влез во Кина. Според СЗО проблемот настанал при издавање на визите за претставниците на СЗО. Додека кинеските власти соопштија дека се уште се договараат деталите за посетата, вклучително и датумите.

Read More

Над 60 проценти од здравствените работници би се вакцинирале против Ковид 19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, во утринската програма на МТВ. Ова бројка според него е резултат на истражување спроведено од Министерството со здравствените работници. – Исклучително висок процент на здравствени работници се заинтересирани да ја примат вакцината и тоа е добар сигнал за сите граѓани. Здравствените работници беа на првата линија во борбата и знаат колку е опасен вирусот, доколку тие се вакцинираат тоа ќе влее поголема доверба и кај граѓаните, истакна Филипче. Министерот истакна дека како и досега, Министерството ќе продолжи да информира транспарентно и…

Read More

Одиме на подобро, само уште малку трпение да не ја расипеме работата на крај, порача годинашниот кум на Бадник, доктор Никола Пановски. По осветувањето на погачата во Соборниот храм во Скопје, Пановски посака следната година овој голем христијански празник да се одбележи како што доликува. – Одиме на подобро. Секој ден ќе биде полесен од претходниот. Само уште малку трпение да не ја расипеме работава на крај. Имаме поубава година и до година да се собереме како што приличи на секој Бадник, изјави Пановски. Традиционално со кочија и бадниковиот куп, Пановски заедно со најтесното семејство замина од Соборниот храм. На…

Read More

Состојбата во моментов е стабилна, а министерот вели дека е охрабрувачки тоа што, според едно истражување, над 60 проценти од здравствените работници би се вакцинирале против ковид-19 Доколку епидемиолошката состојба остане стабилна, како што е во моментов, угостителските објекти ќе се вратат на работното време до 21 часот, односно нема да има продолжување на мерката со која тие треба да затворат во 18 часот, најави министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во утринската емисија на националниот сервис МТВ 1. „Конкретно, да кажам дека угостителите ќе се вратат на работното време до 21 часот, меѓутоа, засега тоа ќе остане какво…

Read More

Дали на државата и се неопходни предвремени парламентарни избори како што уверува опозицијата или таквата идеја на Христијан Мицкоски е само обид, во немањето идеји, да манипулира со јавноста дека власта исплашена наводно не сака избори, анализира НОВА. А зошто би сакала, кога избори имаше пред нецели шест месеци и СДСМ ја потврди довербата од граѓаните. Уште повеќе ако се знае дека на изборите во 2016 година СДСМ бројчано загуби од ВМРО ДПМНЕ и покрај тоа што после формираше влада, за разлика од последните избори кога СДСМ победи со предност од два мандата. Дали Северна Македонија е подговена да изгуби…

Read More

Состојбата која целиот свет ја преживува, со пандемијата, ни докажа колку човекот е немоќен, и покрај сета своја самоувереност и покрај сите свои достигнувања и знаења. Но, најстрашната пандемија на денешницата е тоа што луѓето заборавија да Го љубат Бога и да ги љубат луѓето. Возљубени Христољупци, покајанието и поправањето се најдобриот лек против сите болести на телото и на душата. Годината пред нас нека биде време на победа над злото и над непријателствата коишто владеат со светот, нека биде време благопријатно за изобилни духовни плодови и време во кое ќе заврши страдањето од подмолната болест. Ова го истакнува архиепископот…

Read More

Владата да не брза со петти пакет антикризни мерки во услови кога реализацијата на четвртиот пакет не е потполна, вели Благица Петрески од институтот „Finance Think“ за „Стандард“. Како важни за следниот период ги издвојува мерките за извозните сектори и потребата да се зајакнат потенцијалите за нивен пост Ковид раст. Слабост препознава и во проценката на трошоците за досега дизајнираните мерки „За првите три пакети мерки беа потрошени 35% од проектираните средства, па претпоставувам дека и реализацијата на четвртиот пакет ќе оди со таа пропорција’’, вели Петрески. Во оваа 2021 год. очекува солиден раст само доколку се разреши здравствената криза.…

Read More

Со специјализирани машини за чистење и возила за подигање на сметот, ЈПКД „Комуналец“ утрово почнаа со расчистување на остатоците од големиот пожар во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Според директорот на претпријатието Зоран Горгиев, ангажирани се 70 вработени кои работат на подигање на остатоците. – Се надеваме дека до петок ќе завршиме со чистењето и веднаш потоа треба да почнат работите на санирање и изградба на деловите кои беа зафатени од пожарот, рече Горгиев. Обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица, инспектори за пожар од Дирекцијата за заштита и спасување и припадници на крим техника при МВР вчера го завршија…

Read More

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека е забранета организација и одржување на прослави на јавни места и површини, како и организација и одржување каков било друг тип прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година. Од МВР информираат дека оваа забрана е согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS…

Read More

Првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците Артан Груби, во изјава за „360 степени“, вели дека заедно со функционерите и раководството на ДУИ преземаат целосна одговорност и ги повикуваат институциите да ги казнат за сликата без маски направена во новите простории на неговото министерство. „Реакциите на јавноста за сликата без маски се оправдани, сметам дека згрешивме за миг и со нејзиното објавувањето се испраќа погрешна порака на сметка на потребата за носење лична заштита. Покрај грижата за своето лично и семејно, заедно со јавното здравје, ние сме посветени како избрани претставници да бидеме пример и да…

Read More

Централниот одбор на СДСМ денеска одлучи идниот претседател на на партијата да биде биран на непосредни избори, на кои право на глас ќе има секој член на СДСМ. „Целиот процес ќе се води од најмалите организациони единици на СДСМ, од Месните организации, па се до најголемите единици и највисоките партиски органи, преку транспарентна постапка. Во оваа насока започнува постапка за ажурирање на базата на податоци и регистрација на членовите на СДСМ. На овој начин, партијата дополнително се демократизира и подобрува за уште подобро да им служи на граѓаните“, велат од партијата. На седницата, како што известија од СДСМ, Централниот одбор…

Read More

На пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност, соопшти министерот за правда Бојан Маричиќ. -На пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност. Очекувам сега, владиката Петар, за доброто на државата да ги повика верниците масовно да го поддржат пописот, напиша на својот профил на Твитер, министерот Маричиќ. Министерот за правда ова го напиша како реакција на владиката Петар кој изјави дека ако нема графа за верска припадност во пописните листи ќе го повикаат народот на бојкот.

Read More