Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“, денеска организира одбележување на Денот на македонскиот јазик и 100 – годишнината од раѓањето на Блаже Конески. Одбележувањето е во согласност со планот на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, а ќе присуствуваат и претставници од Македонската академија на науките и уметностите, ректоратот на УГД и Филолошкиот факултет. Настанот ќе се одржи во 13 часот на платото пред Националната установа библиотека „Гоце Делчев“ во Штип.
– Ве уверувам дека ЕУ се грижи и ги поддржува Северна Македонија и Западен Балкан од самиот почеток на пандемијата. Ова е само почеток и ќе продолжиме да бидеме покрај вас, порача еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во СЦ „Борис Трајковски“ по предавањето на првите дози вакцини против Ковид-19 обезбедени од Европската унија. – Ова е добар ден за Западен Балкан и за Северна Македонија. Конечно можеме да ги испорачаме првите вакцини.Денеска сме горди да објавиме дека близу 120 илјади вакцини за Северна Македонија ќе бидат испорачани до крајот на август. Тоа е подарок од ЕУ за Северна Македонија за…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна попладнево со Каролине Едштадлер, сојузна министерка за Европа и Устав на Република Австрија. Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот е пренесена целосна поддршка од Австрија за пристапниот процес на нашата држава кон ЕУ, бидејќи, како што е констатирано, земјава ја заслужува таа „кредибилна перспектива“. Искажан е ставот дека, како што се наведува, се работи за кредибилноста на ЕУ, довербата во Европската унија и за безбедноста на Унијата и во таа насока е изразена и подготвеност од Република Австрија за помош во…
Изјави на премиерот Зоран Заев, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и австриската министерка за Европа Каролине Едштадлер по посетата на вакциналниот пункт во СЦ „Борис Трајковски“.
Во рамките на работнатa посета на Кралството Данска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска се сретна со неговиот колега, министерот за надворешни работи, Јепе Кофод на која главна тема беа европерспективи и очекувања на Северна Македонија – имплементација на одлуката од март, мината година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција. Како што соопшти МНР, во таа смисла министерот Османи ги поздрави заложбите на Данска за одржување на динамиката во процесот на проширување на ЕУ според воспоставените критериуми и се заблагодари за нивната принципиелна поддршка за евроатлантската и за европската амбиција на Република Северна Македонија. Кофод, се посочува, ги поздрави остварените резултати на нашата Влада со цел зајакнување на демократијата и владеење на правото, при…
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Андреас Шидер, австриски европратеник и копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет Европска Унија – Република Северна Македонија. На средбата, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека Република Северна Македонија високо ја цени силната поддршка од Европскиот Парламент и дека истата придонесува за подобрување на политичката атмосфера во земјата и го забрзува процесот на пристапување кон Европската Унија. Во таа насока, претседателот изразил задоволство од последната усвоена Резолуција од страна на европратениците, во која непристрасно се нотира реалната слика за постигнатите реформи и политичката состојба во земјата. Во разговорите, како што стои во соопштението, било посочено дека…
Австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер денеска имаше средбата со вицепремиерот Никола Димитров во Скопје. Таа истакна дека нејзината земја се нуди со посредување да помогне во решавањето на спорот меѓу Македонија и Бугарија. Министерка Едштадлер смета дека ќе се направи голема грешка ако поради билатерални конфликти и нерешени прашања од историјата, Македонија не ги започне преговорите со Европската унија. „Сакам уште еднаш да ја кажам понудата на Австрија како еден вид посредник за решавање на проблемот помеѓу Бугарија и Северна Македонија. Ние да посредуваме, затоа што конечно е време да почнат конференциите, земјите од Западен Балкан да…
Владата по опсежни анализи и дебати, како и консултации со домашни и меѓународни институции, смета дека се прифатливи најголем дел од барањата на медиумите и медиумските работници, кои се однесуваат на најавените медиумските реформи, брифираат владини извори за МИА. Пакетот медиумски реформи главно се однесува на прифаќање на дел од барањата на медиумите и еснафските здруженија во делот на законските измени на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со кои се овозможуваат за проекти од јавен интерес Владата да може да спроведе едукативна и информативна кампања и преку радиодифузерите, потоа прифаќање на барањата за формирање независен фонд…
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска денеска ги информираше членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедиците за работата на ДКСК во изминатата година. Потенцираше дека состојбата со корупцијата во земјата е многу сериозна. -Состојбата со корупцијата е сериозна и неопходни се натамошни чекори за зајакнување на материјално-техничките и човечките капацитети на надлежните институции, нивна независност и проактивност во постапувањето, истакна Ивановска наведувајќи претходно наводи од Извештајот на Европската комисија, Извештајот за Северна Македонија во рамките на Петтиот круг на оценка на ГРЕКО, а во Годишниот извештај на ДКСК се наведува и…
Ова е прва противпожарна скала која се купува во државата. Јас не сум стручен, ниту имам претензија да бидам стручен на таа тема, затоа техничката спецификација и потребата која ќе ја гарантира безбедноста на скопјани од една страна, но и безбедноста на пожарникарите од друга страна, е работа која ја направија од Противпожарната бригада, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Скопскиот градоначалник денеска на прес-конференција во одговор на прашање за обвинувањата од ВМР0-ДПМНЕ околу наводната „спорна“ набавката на противпожарната скала, посочи дека опозицијата шири лажни вести и оти е најважно тоа што „првпат во историјата, од 45-та година навака“,…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, тројца вработени во ДИК и еден управител на економски оператор. Обвинетите се товарат за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 5 од Кривичниот законик го сториле при две јавни набавки со што го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија за 1.312.409,00 денари. Имено, И.Ќ., А.А. и А.Ш. вработени во ДИК, како членови на Комисијата за јавни набавки, во периодот од февруари до септември 2020 година неизвршувајќи ги своите службени должности при спроведување на постапката…
Името и дејноста на Гоце Делчев се вплетени во македонската историја како синоним за една автентична и искрена борба и пожртвуваност, како синоним на македонската државност кој има најголема моќ во паметењето на Македонците, напиша премиерот Зоран Заев на својата фејсбук-страница. -Денеска, на денот на загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, го чествуваме како инспиратор и апостол на македонската револуционерна организација која се бореше за остварување на историската идеја за правото на Македонците да го остварат вековниот сон за своја самостојна држава, наведува Заев. Според него, „секоја година на датумите врзани за животот на Делчев, како и на денешниот ден…