Author: Нова ТВ
Независната угостителска комора (НУК) денеска ќе поднесе Иницијатива за оценување на уставноста и/или законитоста на измените и дооплнувањата на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од КОВИД-19 со кои се ограничува работата на угостителските објекти до 18 часот. НУК по овој повод за 12:30 часот најавува прес-конференција пред Уставниот суд во Скопје. -Почнуваме да ги користиме сите правни мерки и дејства кои ни се на располагање во интерес и заштита на угостителската индустрија. Владата на 15 декември донесе селективни и дискриминирачки измени и дополнувања на Одлуката. Со оглед дека…
Министерката за образование и наука Мила Царовска и наставниците од основните училишта во државата на онлајн-состанок разговараа за новата концепција за основно образование, соопшти МОН. Министерката истакна дека со реформите кои ќе почнат од идната учебна година се унапредува образовниот модел согласно со препораките на релевантни меѓунарoдни институции и организации и се воведува современо европско образование. -Не укинуваме ниту една научна дисциплина, затоа што се стремиме да направиме квалитетно образование во кое нашите ученици ќе се стекнуваат со сите знаења вклучувајќи ја и историјата, рече Царовска. Министерката истакна дека наставниците нема да изгубат работа, туку напротив се работи на зајакнување…
Силното незнаење на бугарските владетели е издигнато во култ. Освен што носат лоши одлуки од кои страдаат сите, неуките луѓе брзо развиваат ароганција типична за функционално неписмена личност. Затоа и Захариева им порачува на западњаците дека Тито е како Хитлер
Премиерот Зоран Заев и владиниот економски тим одржаа онлајн состанок со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и со Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство во рамките на Советот на странски инвеститори при Комората, чиј претседател е Виктор Мизо. На состанокот се дискутираше за приоритетните прашања на странските инвеститори во неколку области во делот на законска регулатива, царински стапки, инфраструктура, даночни политики, работни односи, дигитализација како и останати прашања во насока на подобрување на деловната клима и на секојдневното работење. Премиерот Заев истакна дека за Владата од голема важност е зголемување на довербата на инвеститорите, отпочнување…
Учебниците имаат ниски оценки од Стручна комисија за оценување на квалитетот на учебниците, а донесени се под притисок на тогашната власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски (32) е прогласен за најдобар фудбалер во светот за 2020 година во изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Гласаа селекторите и капитените на репрезентациите, новинарите и навивачите, а Левандовски славеше пред Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Меѓународната фудбалска федерација ја доделува наградата за најдобар фудбалер на светот од 1991 година, а прв победник беше Германецот Лотар Матеус. Од 2010 до 2015 година ја доделуваше наградата во соработка со Франс фудбал, при што на најдобриот фудбалер во светот му се дава Златна топка. Сепак, пред пет години, ФИФА и Французите решија да се разделат. Церемонијата на доделување…
Во неочекуван потег Чешка и Словачка денеска ставија вето на вчерашните заклучоци на амбасадорите на ЕУ во однос на проширувањето. Според одредбите овие заклучоци требаше формално да бидат потврдени во рок од 24 до 48 часа. Денеска за време на состанокот на Советот за животна средина на Унијата (ЕНВИ) во Брисел, Прага и Братислава го испорачаа ветото на она што Бугарија успеа да го протурка ден порано во компромисниот предлог на германското претседателство, во кој стоеше и реченицата за „погрешно толкување на историјата“. Токму таа реченица е причината за отфрлањето на заклучоците од страна на Чешка и Словачка, кои денеска…
Бугарија жали што заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето беа неочекувано блокирани од Чешка и Словачка „без образложение“ за време на денешниот состанок на Советот за животна средина на Унијата (ЕНВИ) во Брисел. На дневен ред на оваа средба беше европскиот климатски закон и Регулативата од Архус. „Бугарија жали што заклучоците на Советот за проширување и процесот на стабилизација и асоцијација беа неочекувано блокирани од две земји-членки без образложение за време на денешниот Совет на ЕНВИ. Подготвени сме да ја слушнеме загриженоста што доведе до оваа одлука и да продолжиме со нашите напори да постигнеме консензус за проширувањето“, се…
Прага и Братислава објавија заеднички став во кој официјално потврдуваат дека не можат да се согласат со заклучоците предложени од германското претседателство. Главен проблем е реченицата за „погрешно толкување на историјата“, јавува дописничката на МИА од Брисел. Чешка и Словачка му се заблагодаруваат на германското претседателство за обидите да се изнајде компромис со Бугарија за заклучоците за проширувањето, но смета дека тие се неприфатливи и дека претставуваат опасен политички преседан за процесот. Во соопштението се потсетува дека заклучоците за Советот на ЕУ треба да „испратат обединета порака“ и имаат директни последици врз иднината на процесот на проширување. -Со оглед на…
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, во интервју за српскиот магазин „Нин“ вели дека македонскиот пат кон членство во ЕУ е неверојатно брдовит, но мора упорно да се работи на сите отворени прашања и „не смееме да дозволиме овој пораз на Европа и на европските вредности да се претвори во наш пораз“. За блокадата на Бугарија, Димитров посочува дека ако соседот ви го оспорува вашиот јазик, тоа не може да води кон зрел однос меѓу две европски држави, заснован на заемно почитување. -Главниот проблем е што под закрила на добрососедските односи и европските интеграции, Бугарија отвори прашања кои по својата…
Заклучоците за Западен Балкан не се усвоени во Брисел откако беа тргнати од дневен ред оти немаше едногласност кај земјите членки на Европската унија. Како што дознава Радио Слободна Европа од доверливи дипломатски извори во Брисел заклучоците влегоа во ќорсокак бидејќи некои земји членки на ЕУ сметаат дека опфаќањето на историскиот контекст во официјалните документи на Европската унија создава нов преседан. Дописничката на РСЕ од Брисел јави дека повеќе дипломатски извори поврдуваат дека дошло до промена на ситуацијата откако тој документ го прочитале надлежните официјални лица во некои држави членки. Според изворите од Брисел, Словачка со поддршка на Чешка и…
Во оваа предложена форма СДСМ не ги поддржува измените на Законот за државјанство, поднесени од пратеници на Алијанса за Албанците и Алтернатива. СДСМ има сериозни забелешки на предлог-текстот, соопшти партијата. За измените на текстот на законот, ќе разговараме со предлагачот и со другите пратенички групи и тие измени ќе ги направиме по пат на амандмани, а целта ќе биде обезбедување поширок консензус за да се дојде до соодветно решение. Измените на текстот на Законот за државјанство влегуваат во скратена процедура во Собранието бидејќи се работи за долгогодишен проблем за државата. Корекциите кои што ќе ги побараме ќе бидат во насока…