Author: Нова ТВ
Како награда за истрајноста и пожртвуваноста во работата со ковид болни пациенти лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничари, транспортери, технички лица пред Нова година ќе бида наградени со еднократна парична помош во висина од 30.000 денари – Инвестираме во инфраструтура, во медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите. Сега пред новогодишните празници сите вработени во јавно здравствените установи кои работат со ковид пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно технички персонал, болничарите, транспортерите, техничките лица кои работат во тие одделенија каде се лекуваат пациенти со Ковид-19 ќе добијат еднократна парична награда. Станува збор за 7.600 вработени во…
Германската канцеларка Ангела Меркел вчера во Бундестагот одговараше на прашања на претседателот на Комисијата за европски прашања, Гинтер Крихбаум, кој е од редовите на нејзината партија ЦДУ, а кој упати критики за неуспехот на германското претседателство со ЕУ да ги започне преговорите со Северна Македонија, јави Дојче веле. Тој рече дека јавноста уште еднаш била сведок на злоупотребата на правата на земјите-членки на ЕУ, кон земјите кандидати, за да ги промовираат своите билатерални прашања. -Не успеавме секаде да постигнеме пробив, на пример за почеток на преговорите со Северна Македонија. Тоа е штета и уште еднаш доживеавме една злоупотреба на позицијата…
Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР), за првпат во земјава, формира Стартап совет чија примарна цел е да ја претставува старт – ап заедницата и да ги застапува нејзините интереси во процесот на креирање и носење на политики кои треба да придонесат за понатамошен раст и развој на македонскиот старт – ап екосистем. Во ова советодавно тело ќе се обединат сите релевантни актери кои имаат удел во старт – ап заедницата во Северна Македонија. „Целта ни е да креираме краткорочна и долгорочна стратегија на ниво на држава и да ја искористиме експертизата на нашите партнери со цел брз развој…
Можеби изгледа трауматично, но никој не може да тврди дека бугарското вето за старт на разговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ претставува изненадување, бидејќи таквиот став на Бугарија беше познат уште од крајот на август, се наведува во анализа на „ЕУ Обсервер”. – Но, Германија, претседавачот на ЕУ во заминување, покажа малку чувство на итност. Берлин мислеше дека неговата моќна канцеларка Ангела Меркел ќе обебзеди договор во последен момент, како што го стори тоа, на пример, за буџетот на ЕУ и за климатските цели, наведува порталот. Сепак, според авторот на анализата Ернест Бунгури, кога станува збор за политичка и…
Со моето враќање повторно на чело на Министерството за внатрешни работи се обврзав да продолжам онаму каде што застанавме – во посветена изградба на силна институција, која ќе го гарантира редот, безбедноста и владеењето на законите, како и на етаблирање на полицијата како гарант за заштита на законитоста, како квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани, потенцира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција на која даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена Влада. Тој нагласи дека се постигнати значајни резултати како во борбата со пандемијата Ковид – 19, така и во борбата против криминалот, недозволената…
Ја цениме принципиелната поддршка од страна на Унгарија и нивната јасна позиција за старт на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија без никакво одложување, истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи на средба во Будимпешта со неговиот унгарски колега Петер Сијарто. На средбата, како што соопшти МНР, беше разговарано за последните актуелности во ЕУ поврзани со европските интеграции на Северна Македонија, како и темите поврзани со меѓусебната соработка, развојот на билатералните односи, со посебен акцент на потенцијалите за унапредување на економската соработка. -Како непосреден сосед на регионот, особено ја цениме принципиелната поддршка од страна на Унгарија и нивната јасна…
Реформите кои се подготвуваат во основното образование не значат укинување на ниту една научна дисциплина. Напротив, со нив се подобрува концептот на кој учениците ќе ги изучуваат сите предмети, соопшти Министерство за образование и наука. Новото основно образование на ученикот ќе му даде целосна слика за одреден настан или тема, наведува МОН, што се постигнува со интердисциплинарен и интегриран пристап, односно поврзување на информациите од повеќе предмети. – Ваквиот пристап им овозможува на учениците полесно да ги поврзат наставните содржини со реалноста и да ја согледаат смислата на она што го учат. Министерството за образование и наука ги основа овие…
Здружението на европски новинари испрати отворено писмо до лидерот на групата на Европската народна партија во Европскиот парламент, Манфред Вебер, во кое бара казна за бугарскиот пратеник Александар Јорданов за неговото неприфатливо однесување кон новинарката на бугарското национално радио Силвија Великова. Јорданов е европратеник од УДФ, кој влезе со списокот ГЕРБ. На својот Фејсбук профил по интервјуто за Бугарското национално радио, незадоволен од прашањата, тој упати напади и навреди кон Великова, кои подоцна ги избриша. Според здружението, сепак, однесувањето на европратеникот е за осуда. „Неприфатливо е кога политичар не може да се справи со прашањата што му се поставуваат и да…
Германија и честита на македонската влада за државничкиот однос во изминатиот период, вели во разговор за ДВ, германската амбасадорка Анке Холштајн. Проширувањето ќе биде приоритет и за Португалија, пишува Дојче веле. Заклучоците на ЕУ предложени од актуелниот претседавач Германија предизвикаа дилеми во јавноста: дали Бугарија успеа да го протурка своето толкување на историјата? Германската амбасадорка Анке Холштајн ги отфрла таквите тези во разговор за Дојче веле. Заклучоците, како и споменатата формулација, важат еднакво за сите, вели таа. „Главната причина за усвојувањето на овие заклучоци е давањето сигнал за веродостојноста на перспективата за проширување. Заклучоците се однесуваат на шесте земји во регионот на Западниот Балкан и…
Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници реагира на назначувањето на новите директори на казнено-поправните домови. Во соопштението тие укажуваат дека лицата кои раководат со овие установи мора да имаат претходно искуство во областа на извршувањето на санкциите и добро да ја разбираат проблематиката за да ја застапуваат установата и да се грижат за унапредување на правата на притворените и осудените лица. – Директорот на установата и неговиот заменик ги именува и разрешува Владата на Република Северна Македонија на предлог на директорот на Управата. Потребните услови кои треба да ги исполнува едно лице за да биде назначено…
Советот за реформа на јавната администрација, со кој претседава премиерот Зоран Заев, ја одржа осмата редовна седница на која беа презентирани клучните постигнувања на ИПА 2 Проектот „Поддршка на државната реорганизација”, финансиран од страна на Европската Унија. Премиерот Заев, како што денеска соопшти владината прес-служба, истакнал дека реорганизацијата на државните органи е една од клучните реформи за подобрување на јавната администрација. – Оваа операција е нешто што историски, за првпат се прави во нашата држава. Поставувањето на јасни линии на отчетност, спојувањето на институции со исти надлежности и намалувањето на нивниот бројот на институции ќе придонесе кон зголемување на професионалноста и…
Владата на Република Северна Македонија по повод денешните заклучоци на Комитетот на постојани претставници (КОРЕПЕР) изразува разочарување што ЕУ не најде начин да донесе позитивна одлука за усвојување на Преговарачката рамка, што ќе овозможеше првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија да се одржи до крајот на 2020 година, за време на германското претседавање со ЕУ, соопштија вечерва од Владата. Во соопштението на Владата потоа се вели: „За жал, се потврди ветото на Бугарија со кое не се дозволува почеток на преговорите на нашата земја во ЕУ, иако според сите извештаи на европските институции ние ги исполнивме сите критериуми…