Author: Нова ТВ
Синтагмата „заедничка историја“, која не е дефинирана во самиот Договор за пријателство, се претвори во една од главните пречки во работата на Комисијата, пред сѐ, поради едностраното толкување, дека всушност таа означува историја на еден народ, односно на бугарскиот, започнувајќи од IX век па сѐ до 1944 година. Таквото толкување е неодржливо и неприфатливо, и затоа е потребна отворена дискусија со цел да се разјасни нејзиното толкување и значење кое не може да биде надвор од рамките на современите пристапи за проучувањето на минатото. Ова го истакнува претседателот на македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања, Комисија,…
Стигнавме до концепција, модел кој наликува на Финска, па оттаму доаѓаме до училиште кое ни овозможува да учиме, a oваа концепција е развојна и се темели на анализа на концепции кои даваат одлични резултат. Ова им помага на учениците да учат за одредени теми, и се дава можност учениците да го постигнат својот потенцијал. Апелирам до учениците и наставниците да ги следат реформите, ќе биде овој концепт детално објаснет на јавноста, истакна министерката за образование, Мила Царовска на денешната прес-конференција за тоа дека предметот историја се става во општествени науки, идентично како и географија, по реакциите на професорите. Во однос…
Нов Зеланд засега е земја која има најмал број на случаи со коронавирус. Тие во моментов имаат 41 случаи со Ковид-19. Според зборовите на премиерката Џасинда Ардерн, оваа цел е остварена од амбиција, но и од страв, затоа што на почетокот на пандемијата се дошло до заклучок дека здравствениот систем нема да може да се носи со прогресивна епидемија. Одговорот на Нов Зеланд на појава на Ковид-19 бил еден од најуспешните на светот. Оваа земја со 5 милиони жители, имаше само 2100 заразени и 25 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
Ако историскиот Договор од Преспа нѐ научи на нешто, тоа е дека е време да правиме историја на Балканот, наместо да бидеме заробени во неа, напиша на „Твитер“ лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас по повод наградата за мир што ја добија заедно со македонскиот премиер Зоран Заев, јави дописничката на МИА од Атина. -Чест е да се прими Хесенската награда за мир и да се сподели со пријател како Зоран Заев. Се надевам дека тоа им дава сила на луѓето во Северна Македонија да продолжат да се борат за нивната добро заслужена и долго очекувана европска…
Во очекување на амбасадорскиот состанок на кој германското претседателство повторно ги враќа заклучоците за проширувањето на ЕУ, вклучително и за Северна Македонија, кои беа отстранети минатата недела поради блокадата на Бугарија за преговорите со Северна Македонија, шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева излезе со нови обвинувања против Скопје, а нејзиниот колега Бујар Османи со идеја за паралелно одвивање на имплементацијата на Договорот за добрососедство со пристапните преговори. Според Захариева, Бугарија не го негира јазикот и идентитетот на Македонците, туку, таа смета дека процесот бил обратен, односно, како што рече „тие ги негираат правата на Бугарите“ наведувајќи дека „секој кој се…
Изразувам целосно разбирање за сите семејства кои „настрадале“ од режимот на поранешниот премиер Груевски. Станува збор за 300 семејства кои имале најразлични трауми, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во „Клик Плус“ на ТВ21. – Прво да кажам дека изразувам целосно разбирање со сите семејства кои пострадаа во режимот на Груевски, и реално имаа последици од тоа владеење. Тоа е траума врз нашето општество, и таа траума треба да добие разрешница“, изјави Маричиќ и додаде: – Затоа разговараме за законот и можеме да најдеме решение. Критериумите се важни, особено во делот на тоа како да дојдеме да ги опфатиме оние…
„Владата во ниту една демократска држава не суди и не пресудува. Мое мислење е дека поголем број судии и обвинители си ја знаат и си ја вршат работата, но сепак има некои кои не се дел од таа слика. Уште Прибе пред пет години ни укажа дека некои структури во судовите се во релација со други структури во општеството. Во нашиот систем Судскиот совет и Советот на обвинители разрешуваат свои колеги и тоа така и ќе остане. Имаше проблем до сега околу нејасни критериуми. Но, сега имаме методологија за оценување, која наскоро ќе се усвои, методологија за сложеност на предметите,…
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, на предлог на Комисија за именување, прифати повеќе кадровски решенија, соопшти владината прес-служба. Николче Бабовски е разрешен од должноста директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и е именуван за вршител на должност директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија. Никица Бачовски е именуван за вршител на должност директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Зоран Атанасов е разрешен од должноста директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија. Драги Чавдаров е избран за независен и неизвршен…
Владата на денешната седница усвои дополнителни рестриктивни мерки за претстојниот празничен период со цел намалување на ширењето на коронавирусот. Се забранува давање под наем на викендички и други туристички капацитети за сместување на територијата на Република Македонија за групно собирање и организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, освен за давање под наем на лица од едно исто семејство. Веќе е познато дека на угостителските објекти работното време ќе им биде намалено до 18 часот, освен за оние кои вршат достава или продаваат на шалтер. -Владата ја прифати препораката да се забрани организацијата и одржувањето на било каков…
Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш презентираше делови од нон-пејперот со Бугарија, одговарајќи на новинарско прашање за барањата на опозицијата поврзани со разговорите со Софија. Премиерот оцени дека опозоцијата во земјава во многу аспекти е неразумна, и нагласи дека за идентитетот и за името не се преговара што било потврдено повеќе пати и од страна на Бугарија. -Опозицијата во многу аспекти е неразумна. Ја гледам овие денови колку е неразумна. Прво беше да не го продадеме идентитетот, јазикот и слично. Сега е зошто не сме се договориле со Бугарија. Оваа неразумност нема свои крај. Уште еднаш транспаретно потврдувам дека се…
Интернет изданието на најстариот француски дневен весник „Фигаро“, ја пренесува веста на Франс Прес под насловот „Северна Македонија ја осудува „уцената“ во процесот на пристапување во ЕУ“, во која се осврнува на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој ја повика ЕУ во вторникот (15-ти декември) да ја спречи „уцената“ на неговата земја, која мора да се соочи со нови пречки за нејзиното членство во заедницата, јави дописникот на МИА. Северна Македонија го смени своето име минатата година за да стави крај на спорот со Грција што ги блокираше нејзините европски амбиции, но сега се соочува со противење од…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на работната посета на Република Чешка, оствари средба со својот домаќин, шефот на чешката дипломатија Томаш Петжичек, на која една од главните теми на разговор беа европските интеграции на Република Северна Македонија, особено во насока на поддршка за почеток на преговорите со Унијата без одлагање. -Со поддршка од нашите пријатели ќе продолжиме со реализацијата на реформскиот процес, пред сѐ во делот на владеењето на правото, реформата на правосудството, борбата против корупцијата и реформата на јавната администрација. Се разбира дека остануваме фокусирани и на процесот на градење на добрососедски односи и зголемена меѓусебна…