Author: Нова ТВ

СДСМ се радува на лажна победа. Победата во Штип на СДСМ е лажна како што е лажен датумот за преговори.  27.500 граѓани не излегоа на гласање затоа што не се согласуваат со криминалот на Заев, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Сашко Николов е победник за 400 гласа, но загуби Штип. Победа не се добива со уцени, закани, притисоци и масовен поткуп. Заев и СДСМ не се способни да организираат фер и демократски избори, тоа уште еднаш се докажа. На губитникот Зоран Заев му доаѓа крајот, а тоа јасно го порачаа и граѓаните од Штип. Народот не му верува на Зоран Заев и…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му ја честита победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД, откако Бајден победи на гласањето на Електорскиот колеџ кое официјално го одредува претседателот на САД, соопшти Кремљ. Кремљ претходно истакна дека ќе ги чека официјалните резултати од изборите пред да коментира за нивниот исход, дури и откако другите држави му ја честитаа победата на Бајден во деновите по гласањето на 3 ноември. – Од моја страна, јас сум подготвен за соработка и контакт со вас, ја цитира Кремљ изјавата на Путин. – Путин му посака успех на избраниот претседател и изрази уверување дека…

Read More

Откако електорите од Калифорнија синоќа ги дадоа нивните 55 гласа за поранешниот потпретседател, Џо Бајден, тогаш тој и официјално беше прогласен за победник на изборите.   Конгресот ќе го потврди гласањето на колеџот на електори на 6 јануари, а две недели подоцна, на инаугурацијата, Бајден ќе даде заклетва како 46-ти претседател на САД.  Вчерашното гласање на електорите и официјано ја потврди победата на демократот Бајден, нешто што се знаеше и многу порано. Во државите како Мичиген, Пенсилванија, Џорџија, Висконсин и Аризона, каде актуелниот претседател Доналд Трамп ја оспоруваше победата на својот соперник, но неуспешно, електорите ги дадоа своите гласови за Бајден. …

Read More

По тешко боледување во Скопје на 80-годишна возраст почина Јован Андонов – Реган,  стопанственик и потпретседател на првата експертска влада на Република Македонија. Андонов е роден на 15 август 1940 година во Пехчево. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Загреб во 1963 година. Андонов работел на повеќе раководни места, меѓу кои „Рудници и железарница“ во Скопје, „Хемтекс“ во Скопје, „ОХИС“ во Скопје, „ФЕНИ“ во Кавадарци, РЕК Битола, „ГЕС“ во Гостивар и многу други. Негов најголем придонес е рестартирањето на РЕК Битола кога за рекордно брзо време, за помалку од една година го доведе во нормала работењето на комбинатот, по уривањето на…

Read More

Претседателот на Владата, Зоран Заев, претседаваше со Националниот инвестициски комитет на кој заедно со ЕУ амбасадорот Дејвид Гир, во воведните обраќања ја истакнаа важноста од имплементација на проектите предвидени во Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, усвоен од Европската комисија, како и единствената листа на инфраструктурни проекти. На состанокот се направи ревизија на единствената листа на проекти за да се утврди кои од нив соодветствуваат со Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ, кој ќе мобилизира финансирање до 9 милијарди евра за Западен Балкан во рамките на новиот инструмент за претпристапна помош наречен ИПА III. Премиерот Заев, на средбата подвлече…

Read More

Министерството за здравство преговара по три механзими да набави по 800 000 вакцини против Ковид 19, а веќе во петокот Грција потврдила дека дел од првата пратка на вакцини што ќе стигнат во Атина ќе и даде на нашата земја, рече министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во дневникот на Сител телевизија. – Во петокот добивме потврда од Грција, имав разговор со грчкиот минисер за здравство, којшто после разговорот со премиерот Мицотакис потврди дека од нивната прва количина, којашто ќе стигне во Атина за нивното население, една количина ќе одвојат и за нас. Практично ги користиме сите…

Read More

Осумдесет отсто од населениeто на Западен Балкан верува во теории на заговор кога станува збор за новиот коронавирус, а најголемиот број „жртви“ на такви теории кои кружат на интернет се во Албанија, покажува истражувањето спроведено од Атлантскиот совет на Вашингтон и Советодавната група за јавна политика „Балкан во Европа”. Во Албанија, 65 проценти од испитаниците веруваат дека вирусот е создаден во Кина, а 58 проценти веруваат дека излегол од лабораторија во Вухан. Во Србија, 41,5 проценти од испитаниците веруваат во теоријата на заговор, додека во Албанија тој процент е речиси 20 проценти поголем – 59,4 проценти. Србите најмалку веруваат во…

Read More

Премиерот Зоран Заев најави дека земјава ќе продолжи да нуди решенија за надминување на проблемите со Бугарија со крајна цел старт на преговорите за членство со ЕУ, додека неговиот бугарски колега Бојко Борисов порача дека треба да бидеме чесни едни кон други и решението да го најдеме во дијалог и разбирање. Германија, пак, како актуелен претседавач со ЕУ, не се откажува одржувањето на првата меѓувалдина конференција со земјава до крајот на годинава и на дневниот ред на утрешниот амбасадорски состснаок во Брисел ги стави и заклучоците за проширувањето на Унијата, вклучително и за Северна Македонија. Премиерот Заев вчера при отчетот…

Read More

Премиерот Зоран Заев и на поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас се добитници на наградата за мир на германката покраина Хесен за оваа година. Претседателот на Парламент на германската покраина Хесен, Борис Рајн попладнево на специјална онлајн – церемонија им ја додели наградата на Заев и Ципрас за решавање на повеќедеценискиот спор за името. „Со ‘Хесенската награда за мир’, ние им оддаваме чест на две лица кои водеа кампања за мир и меѓународно разбирање и кои успеаја да решат конфликт што влече корени длабоко во историјата“, изјави Рајн во обраќањето на церемонијата. Тој нагласи дека Заев и Ципрас постигнаа договор…

Read More

Да бидеме чесни едни кон други, решението е во дијалог и разбирање, објави бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук, одговарајќи им на македонските уметници Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, кои претходно му се обратија преку оваа социјална мрежа, упатувајќи му поздрав со песната „Целувката на Ана“. – Ви благодарам за честитката! Во овие нелесни времиња важно е да се поддржуваме едни со други. Исто како и во минатите годините, ние секогаш го правевме тоа за нашиот прв и најблизок сосед! И токму затоа што сме најблиски, не треба да дозволиме да се одалечуваме. Пријателството меѓу нас е силно.…

Read More

(Подолг пост, но не може поинаку, и ова е краток одговор во споредба со она што ова патетично ламентирање на заштитените видови го заслужува) Има нешто точно во изреката што Ванковска ја споменува во својата последна колумна дека „општествата повеќе се вознемируваат за капка сперма отколку за море крв„. Доколку истата се погледне како алузија на сексуалните, односно либидални и страствени инвестиции во симболичката и божем света позиција на УКИМовската академија, страст толку силна, ејакулација толку интензивна што ни крвта пролеана од главите и телата на најмаргинализираните, нити трошката (отсустна) за потребна критичка свеста кон сопственото поле на седиментирана моќ,…

Read More

Продолжува практиката одделни работодавачи да ја злоупотребуваат добиената финансиска поддршка за исплата на плата на вработените, соопшти денес на прес конференција директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Така, за октомври, и покрај добиената поддршка која е дел од четвриот пакет мерки, плата на вработените не исплатиле 179 работодавачи, кои добиле 5.271.776 денари, а плата не добиле 338 вработени лица. Списокот на компаниите ќе биде денеска доставен до Генералниот секретаријат на Владата кој треба да го објави јавно и нема да може да се ажурира што беше случај при спроведување на ваквата мерка во месеците април, мај и јуни,…

Read More