Author: Нова ТВ
На денешната владина прес конференција по повод 100 дена Влада, Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупцијата, посочи дека таа е приоритет на оваа Влада – Наше е да донесеме резултати, иако сме попречени од доста пречки на тој пат. Ова е голем мотив. Изминаа 100 дена откако ја добивме довербата и затоа имаме обврска да бидеме отчетни и транспарентни кон вас граѓаните. Трчаме маратон, а не спринт. Донесовме нови кодекси за однесување на членовите на владата. Опфатени се сите од највисоко до најниско ниво. Ги задолживме во овој поглед сите иституции, да ги објават во рок од 30 дена…
-И покрај пандемијата обезбедивме слободни и фер избори и дадовме можност уште еднаш граѓаните да ни дадат доверба, а ние да обезбедиме развој на државата, европска интеграција и справување со пандемијата. Изборите беа единствената оправдана одлука. Се покажа дека погрешни беа тврдењата дека изборите нема да бидат безбедни. Опозицијата всушност сакаше да не блокира во работата”, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција организирана по повод сто дена од новиот состав на неговиот кабинет. -Гордо изговараме дека ние во овие 100 дена бевме тука „со“ и „за“ граѓаните, целосно посветени на грижа, одговорност и на сигурност. Се покажа дека…
Столбот на нашиот идентитет е нашиот јазик, а потоа историјата, нашата споделена историја, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Еуобсервер“. Според Пендаровски, не е тајна дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година, но тоа е посебен јазик, сличен на бугарскиот, но „не е и не бил бугарски јазик“. -Кодификацијата се случи на крајот на Втората светска војна кога беше формирана Народна Република Македонија како дел од Југославија. Претходно територијата беше под власт на Бугарија, Србија, а во минатото од Отоманската империја. И покрај тоа, луѓето кои живееле таму секогаш имале свој етнички идентитет, вели Пендаровски. За него историски…
Крајниот рок за искористување на ваучерите за туризам е 15 декември 2020 година, соопшти Министерството за економија. Од таму информираат дека заклучно со денешниот ден се искористени 61.648 ваучери за домашен туризам од вкупно доставени 100.336 ваучери на валидни е-маил адреси. Платформата „Дома си е дома“ преку која се реализираше мерката ваучери за домашен туризам ќе биде затворена за реализација на оваа мерка на 15.12. 2020 година. Исто така, гостите кои што користат ваучер за домашен туризам ќе треба да бидат одјавени од сместувачките капацитети најдоцна до 15.12. 2020 година. Хотелиерите кои што имаат гости кои што користат ваучери за…
Комисијата за заразни болести ќе препорача до Владата нов пакет рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во престојниот период на празници, соопшти Министерството за здравство. – Препораките за рестриктивни мерки се насочени во неколку сегменти и тоа во делот на реорганизација на работното време на угостителите, препораки за јавни собири, препораки до верските заедници, до работните организации и препораки кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Препораката до Владата ќе биде угостителските објекти да се…
Новиот пораз на Мицкоски не му донесе ни трошка политичка памет. На фер и демократски избори, со постигнат цензус, со речиси 12.000 гласови ЗА новиот градоначалник Сашко Николов (речиси 2000 гласови повеќе од гласовите што СДСМ ги освои на парламентарните избори) и со нула гласови за ДПМНЕ, Мицкоски излегол со соопштение во кое велат дека ова било пораз за Заев, требало да си поднесел оставка. Како да седнеш на лидерска средба со ваков политичар и да градиш стратегии за европска иднина на земјата? Народот му ги порази сите блокади и бојкоти на Мицкоски, а тој упорен по умот на неговиот…
Повикот на германскиот државен министер Михаел Рот за старт на преговорите со Скопје и Тирана, сепак се „зрак надеж во овие сиви денови на Западниот Балкан“. Според него, се чини, дека Германије е единствена од големите држави во ЕУ, која се обидува да го одржи во живот проширувањето, што не е доволно да се смири разочарувањето кое се шири низ регионот на Западниот Балкан, рече вчера професорот по меѓународни односи на Универзитетот во Бостон и поранешен црногорски амбасадор во НАТО и ОБСЕ, Веско Гарчевиќ во анализа за Дојче Веле. Одредени членки на ЕУ, како Бугарија, оценува Гарчевиќ, иако имаат проблем…
Нови критики на сметка на Бугарија од официјален Берлин. Во колумна за весникот Велт, германскиот министер за Европа Михаел Рот и порача на Софија дека не може да го држи во заложништво проширувањето. Изборот на Џо Бајден за нов американски претседател нуди шанса за нов, заеднички, засилен ангажман на ЕУ и САД на Западниот Балкан, пишува Михаел Рот во авторски текст за германскиот весник Велт. Иако темата на текстот е 25 годишнина од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, германскиот државен секретар големо внимание му посветува на проширувањето на ЕУ, и блокадата на Бугарија за напредокот на Северна Македонија. „Албанија и…
Срцето на македонскиот исток останува во сигурни раце, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев честитајќи му ја победата Сашко Николов, кандидатот за градоначалник на СДСМ за Штип. Според него, денешните избори биле безбедни по здравјето, а гласачите му испратиле порака и на бојкотирачите на изборите, ВМРО-ДПМНЕ. По гласањето се обрати и генералниот секетар на партијата, кој рече дека истокот станал бастион на социјалдемократијата. Николов пак рече дека и покрај опструкциите кои ги имале во предизборниот период од страна на ВМРО-ДПМНЕ, сепак не успеале во нивните обиди. Тој рече дека сега има обврска да обезбеди рамноправност, грижа и поддршка за секој…
Заев денеска го покажа целото свое политичко лудило. Сред епидемија во Штип дури и заразените од ковид беа носени на избирачките места заради пуста фотелја, власт и функција, со што директно се загрозува животот на стотици лица вклучени во изборниот процес, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ по гласањето во Штип, каде тие немаа свој кандидат. -Ова не е само кршење на закон, туку болест за власт. Не се бираа средства, со притисоци, поткуп, закани и уцени беа терани луѓе да гласаат среде зараза за мандат од неколку месеци. Најлошо е што политичкото лудило на Заев создава нов кластер „избори во Штип“, чија…
Кандидатот за градоначалник на општина Пласница од ДУИ, Алија Јахоски, прогласи победа и порача дека ќе биде градоначалник на сите граѓани. -Функцијата ќе ја извршувам чесно и ќе продолжам каде што застана претходниот градоначални. Благодарам на сите што гласаа, но и на тие што не гласаа, јас ќе бидам градоначалник на сите, ќе работам 24 часа во општина Пласница, рече Јахоски. Тој му е брат на претходниот градоначалник на оваа општина, Исмаил Јахоски кој беше избран за пратеник во Собранието.
Покажавме дека во Штип владее демократијата, дека на секој што сака да ја блокира и опструира оваа наша преубава општина, не му е местото тука, изјави Николов