Author: Нова ТВ

Иако се уште нема потврда од Државната изборна комисија , Сашко Николов од СДСМ, неофицијално, е новоизбраниот градоначалник на Штип, на предвремените локални избори. Тој добил најголем дел од гласовите на жителите, а во трката учествуваше со уште четири кандидати. На изборниот ден е исполнет и цензусот, односно, гласаа повеќе од една третина од запишаните гласачи. Од 41.777 запишани гласачи, своето право го оствариле 14.328 граѓани или 34.30 отсто. Во партиското седиште на СДСМ во Штип веќе се собираат членовите и поддржувачите на кандидатот Николов, за да му ја честитаат победата. Николов по професија е кардиолог и работи во Клиничката…

Read More

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа на кандидатот на неговата партија за градоначалник на предвремените локални избори во општина Пласница. „Честитки за победата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Пласница, Али Јахоски, на предвремените локални избори во оваа општина. Оваа победа е потврда за волјата на граѓаните за поддршка на нашите политики за сите граѓани“, напиша Ахмети на својот Фејсбук профил. Во Пласница имаше двајца кандидати на изборите за градоначалник: Алија Јахоски од ДУИ и Рамазан Шерифовски од Движењето за национално единство на Турците.

Read More

Успешни се изборите во Штип, на гласање излегоа околу 14.500 граѓани, информираше претседателот на Општинската Организација на СДСМ, Александар Кангалов. Тој вели дека потребниот цензус од 33,3 проценти е исполнет, сега следи пребројувањето на гласачките ливчиња од страна на избирачките одбори. Аналитичкиот центар на СДСМ ќе ги чека резултатите, по што ќе се знае дали во првиот круг е избран градоначалник или ќе има втор круг на 27 декември. Во Штип на избирачкиот список се запишани 41.777 граѓани, кои гласаа на 77 избирачки места. Гласачките места се затворени, во моментов почнува и пребројувањето на гласовите. Штипјани можеа да го искористат…

Read More

Уште малку време останува до затворање на гласачките места во Штип на денешните локални избори за градоначалник на општината. Но, и процентот на неопходни гласачи за да се исполни законскиот цензус се намалува постојано во текот на целиот гласачки ден. Во последните три часа од гласањето, односно од 16 до 19 часот потребно е да излезат помалку од 10 отсто од избирачите, или во бројка тоа е некаде од 3 000 до 4 000 гласачи, што лесно може да биде исполнето. Овие локални избори, иако мандатот на градоначалникот ќе биде нецела година, сепак се важни за штипјани затоа што и…

Read More

„Надежите за европска иднина, со оваа влада во заминување остануваат само соништа. Зоран Заев со својата политика на свиткана кичма, ветувањата и концесиите кои ги давал се претвори кочница на Македонија на евроинтегративниот пат. Аматерските грешки во дипломатијата со кои идентитетските и историските прашања ги направи критериум за влез во ЕУ, ги пораснаа негаторските апетити и станаа услов за Македонија. Оставени сме пред избор – или интеграција со асимилација или целосно изолирање на Македонија од европските текови. Заев и Бучковски договараа и договараат без никој да знае што сè се подготвени да стават на маса. На маса за преговори се…

Read More

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е поканета да се приклучи на Мрежата на ново лидерство, формирана од меѓународната организација Глобален прогрес. Како што соопшти денеска Министерството за одбрана, иницијативата потекнала од основачите на Мрежата – европратениците Сандро Гоци од Италија и Кети Пири од Холандија и основачот на Глобален прогрес и поранешен директор на меѓународната Мрежа на политики, предводена од Тони Блер и Герхард Шредер, Мет Броуни, кои и упатиле писмена покана на Шекеринска да се приклучи. Глобал прогрес е меѓународно етаблирана организација на стратези, мислители и лидери од левицата која соработувала со новата генерација на прогресивни лидери како францускиот…

Read More

– Бугарија инсистира Република Северна Македонија да го спроведе потпишаниот Договор за соработка, добрососедство и пријателство, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов за Бугарската национална телевизија (БНТ). – Бугарија е државата која отсекогаш и помагала на Македонија. Ние први ги признавме, им помогнавме финансиски, ги помагавме и воено за време на југословенското ембарго. Очекувавме колегијален однос, но добивме задкулисни игри, нагласи Каракачанов, кој е и лидер на партијата ВМРО – Бугарско национално движење (ВМРО-БНД). Како што јави БГНЕС, според него, како и во целата своја 125-годишна историја, така и сега, партијата ВМРО „ја брани бугарштината“. – Важно…

Read More

Германија планира да ги затвори повеќето продавници од среда до 10 јануари, бидејќи ги заострува ограничувањата за корона вирусот и се обидува да го заузда ширењето на болеста, според нацрт-владиниот предлог што го виде Ројтерс во неделата. Нацртот беше подготвен за состанокот подоцна во текот на денот меѓу канцеларката Ангела Меркел и лидерите на покраините. Таа се залага за построги пангермански мерки, но претходно не беше во можност да добие согласност од 16-те покраини на државата. Сепак, некои држави оттогаш останаа сами со себе и се градеше моментум за поддршка на построги усогласени мерки. Нацрт-предлогот ќе дозволи да останат отворени…

Read More

Обезбедена е нова помош за стопанството, трета по ред бескаматна кредитна линија Ковид 3, во вредност од 31 милион евра за сите микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии чие работење е погодено од коронавирусот, соопшти СДСМ. „ Кредитите ќе бидат со нула камата со 3 години рок на отплата и вклучен грејс период до 6 месеци, а ќе може да се користат за набавка на основни и обртни средства заради непречено финансирање на тековните активности и потребата од обртен капитал на субјектите. Бескаматната кредитна линија Ковид 3, е дел од голем финансиски пакет обезбеден од страна на…

Read More

– Одредени членки на ЕУ, како Бугарија, иако имаат проблем со сопствениот имиџ, ја користат сегашната ситуација во Унијата своите билатерални или подобро речено внатрешнополитички прашања, да ги претвораат во проблем со кој треба да се занимава Брисел, оценува професорот по меѓународни односи на Универзитетот во Бостон и поранешен црногорски амбасадор во НАТО и ОБСЕ, Веско Гарчевиќ. – Во актуелната ситуација во Унијата, блокадата на која одеднаш инсистира Софија им одговара на оние кои не сакаат проширување во догледна иднина, да не кажеме никогаш. Така, прашањата на периферијата на Унијата, како што се идентитетски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија…

Read More

Процесот на дигитализација на образованието како една од приоритетните цели во програмските определби на Владата и Министерството за образование и наука со цел модернизација и интеграција на националниот образовен систем во европскиот образовен простор, подразбира и дигитализација на услугите кои им се нудат граѓаните. Во таа насока, МОН подготви акциски план кој предвидува промена на начинот и поедноставување на постапките преку кои граѓаните можат да се обратат за да добијат одредена услуга со цел остварување на одредено право, соопшти Министерството. – По конкурсите за стипендии, се дигитализира и постапката за признавање на образовни квалификации од основно, средно и високо образование…

Read More

– На среден рок се предвидува просечната стапка на економски раст да достигне 5 отсто, невработеноста да се намали на 12,4 проценти, додека стапката на вработеност да се искачи на 52,1 отсто, се наведува во проекции на ревидираната Фискална стратегија, која првпат дава проекција за епт наместо три години, во насока на подолгорочно планирање. Според овие проекции, како што информира Министерството за финансии, нето-платата во следните пет години се очекува да расте до просечна стапка од 4 отсто, а извозот, по надминување на ковид-кризата, од следната година се очекува да бележи раст со двоцифрени стапки. – Во фискалната стратегија се…

Read More