Author: Нова ТВ
На почетокот на месецов, една од најуспешните компании во ИКТ секторот во нашата земја, „Сеавус“ е купена од нaјголемиот ИКТ холдинг во Чешка, Групацијата „Арикома“, која е дел од ККЦГ Групацијата на Карел Комарек. Во интервју за порталот А1.он, Игор Лештар – основач на „Сеавус“ објаснува дека продажбата е сериозна и промислена бизнис одлука која отвора нови перспективи за компанијата. Со стратешки партнер како „Арикома“, го носиме „Сеавус“ на следното ниво на развој. Тоа практично ќе ни овозможи да одговориме на предизвиците на новото време, да понудиме иновативни и квалитетни услуги и софтверски решенија од следната генерација за нашите клиенти,…
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) издаде дозвола за итна употреба на вакцината против Ковид-19 од американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и германската „Бионтек“. Си-Ен-Ен потсетува дека оваа вакцина покажала ефикасност од 95 отсто, дека првите вакцинации ќе започнат во наредните денови и дека терминот „за итна употреба“ значи дека може да се користи во итни ситуации, но дека сè уште нема целосен сертификат и целосно одобрување од властите, за што „Фајзер“ ќе треба да достави посебно барање до ФДА. Пред почетокот на масовната вакцинација, Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) и Советодавниот одбор за превенција и…
Не треба да има разлика во третманот меѓу пратениците и новинарите кои беа во Собранието на 27 април, вели за Фокус премиерот Зоран Заев, откако скопскиот граѓански суд почна да ги отфрла тужбите на новинарите, кои при упадот во парламентот во 2017 година беа оневозможени нормално да си ја вршат работата, а дел и физички нападнати. -Не можам да толкувам судски пресуди, недозволиво е премиер е да се меша во судската власт. Но, како човек можам да кажам мислење дека пратениците и новинарите треба да се разгледуваат како оштетени подеднакво. Вие бевте не работа тогаш како што беа и пратениците…
Претседателот на Словенија Борут Пахор изрази разочарување на форумот 2БС (2BS – To be Secure ) во Подгорица поради тоа што политиката за проширување во моментов не е високо на агендата на Европската унија. Тој изјави дека она што се случи со Северна Македонија е обесхрабрувачки за земјите од Западен Балкан. – Таа земја исполни сè што беше побарано од неа, тие направија сè што требаше да се направи, а Европската унија запре, рече словенечкиот претседател, потенцирајќи дека станува збор за голема грешка, што тешко ќе се исправи. – Моја задача е да ги потсетам моите колеги дека ова прашање…
Скопје и Софија треба да се вратат на преговарачката маса, на темелите на Договорот за добрососедство и на концептот на „заедничкото“, а не да чекаат да дојде март, смета европратеникот и известувач на Европскиот парламенет за Северна Македонија, Илхан Ќучук. – За да најдеме решение, мора да се вратиме на Договорот за пријателство и добрососедство. Довербата во договорот е нарушена, изјави Ќучук во интервју за Бугарското национално радио (БНР). Според него, во овој момент не е потребно никакво „националистичко шоу“ и „натпревар во национализам“, затоа што, како што вели, еден национализам сам по себе создава друг национализам. Ќучук смета дека…
Министерот за правда Бојан Маричиќ учествувајќи на регионалната конференција „Онлајн судење за време на пандемија: Законодавство, пречки и предизвици“, истакна дека светската пандемија на Ковид-19 дополнително ја зголемила потребата од дигитализација на судството. Маричиќ во својот говор се осврна на тоа како воведувањето информатичка технологија на сите нивоа ќе влијае врз текот на судските процеси, но и на самата поврзаност меѓу судовите. – Ние сме свесни дека е многу важно следниот период да биде воведена информатичка поврзаност на хоризонтално и вертикално ниво. Исто така, увидовме дека е потребна целосна дигитализација на случаите, доставата и интероперабилноста меѓу судовите, со цел се…
Генералниот директор на А.Д. Пошта, Јани Макрадули очекува од 1 март следната година да бидат отворени шалтерите на Халк банка и граѓаните да можат да ги плаќаат сметките во пошта. – Договорот е во финална фаза. По одобрувањето на Владата, има детали коишто ги договараме. Обврска на банката е за да започне со работа најдоцна за два месеца. Јас верувам дека на 1 март следната година граѓаните ќе можат да плаќаат сметки. Замолувам за трпение. Нашата провизија е најмала. Ние како универзален оператор имаме обврска да одржуваме 330 точки низ државата. Има места во кои не можете да платите на…
Судијата Савески: Нека се вештачи мојот телефон за да се потврди дека никој не ми се јавил за Мандиќ
Судијата по претходна постапка Ненад Савески за МИА изјави дека дека никој не му влијаел за одлуката во предметот „Меѓународен сојуз“ за обвинетата Јасна Мандиќ, коментирајќи ја наводната комуникација меѓу премиерот Зоран Заев и Зоран Башановиќ и наводните влијанија врз него. – Ви тврдам со мојот личен и професионален интегритет дека ниту во овој предмет ниту во кој било друг, ниту некој ми се јавил, ниту некој на каков било начин ми се обратил да побара да влијае да јас донесам одлука за конкретен предмет. Во овој предмет такво нешто немало. Ова е сериозен напад на мојот углед како судија…
Германската полиција го уапси главниот осомничен за снимањето на таканаречената афера „Ибица“, со која беше соборен врвот на Австриската партија за слобода (ФПО), а потоа и австриската Влада. Станува збор за приватниот детектив Џулијан Х., кој се криел во Берлин. Детективот бил специјалист за индустриска шпионажа и заедно со виенски адвокат важи за „мозокот“ на планот за видеото на Ибица. Тој ангажирал девојка, која се претставувала како наводна внука на руски милијардер, и изнајмил вила во која е снимано седумчасовното видео. На средбите со тогашниот потпретседател на ФПО, Јохан Гуденус, и наводниот руски милијардер, тој ја играл улогата на преведувач…
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов најави дека идната недела ќе поднесе оставка од функцијата. Како што соопшти денеска на прес-конференција, од премиерот добил понуда да биде советник за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, пренесува фокус. -Имам понуда од претседателот на Владата да бидам советник од областа земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, што за мене претставува посебен предизвик, рече Атанасов. Зоран Атанасов беше директор на АХВ од јуни 2017 година.
Се чини дека преговорите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија повторно влегоа во фаза на стагнација, откако двете страни изградија цврсти и дефинитивни позиции во последните два дена, оценува бугарскиот портал Вебкафе во анализа на македонско-бугарските односи. Според авторот на анализата, Александар Петров, властите во Скопје говорат за признавање на историските корени на македонскиот јазик и за „неодговорната и тешка геостратешка грешка“ на Бугарија, додека пак Софија ја повторува мантрата дека е најголеми поддржувача на балканското проширување на Европската Унија, а дека Северна Македонија не го почитува Договорот за добрососедство. – Актуелната состојба меѓу двете земји е доказ дека бура може да се направи…
Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии. Претседателот Пендаровски очекува дека на ист начин на којшто на политичките партии им се враќаат запрените средства за финансирање, коишто законски им следуваат, ќе им се вратат и финансиските средства на сите институции коишто остваруваат витален јавен интерес. Средствата беа запрени во услови на вонредна состојба заради нивно користење за справување со економските и социјалните последици од здравствената криза.