Author: Нова ТВ
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето гостување на ТВ21 кажа какви мерки ќе бидат преземени за време на престојните новогодишни и божиќни празници. – За празниците очекуваме некаков став од Комисијата за заразни болести, да видиме што ќе препорачаат во однос на проценката која ќе се направи проценка за ризик. Ние во МВР ги следиме посебно на издавање на објекти за прослава на празниците. И веќе имаме одредени сознанија, и сериозно ќе преземеме мерки, рече министерот.
Советот на амбасадори кој со внимание го следеше процесот на одлучување во ЕУ за официјализирање на почетокот на преговорите со РС Македонија и за датумот на првата Меѓувладина конференција, изразува голeмо разочарување што во моментов се блокирани пристапните преговори заради непринципиелните ставови на Република Бугарија. Ваквите позиции на официјална Софија, според Советот на амбасадори, во нашата јавност предизвикуваат и силна осуда, особено заради фактот дека блокадата на нашите евроинтегративни процеси доаѓа од само една земја-членка, и тоа од нашето непосредно опкружување! „Ние ја препознаваме суштината на значењето на членството на нашата земја во ЕУ заради сопствените потреби за побрзо имплементирање…
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева вели дека најголемиот проблем во односите со Северна Македонија се недоволните гаранции за спроведување на Договорот за добрососедство. Во интервју за германскиот јавен сервис АРД дадено на почетокот на декември, а објавено вчера, Захариева вели дека Софија нема да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори се’ додека тие гаранции не станат дел од Преговарачката рамка. Дел од нив треба да биде и признавањето на „историската вистина“, како што ја формулира Захариева и притоа алудира дека во државната политика на Северна Македонија се уште владеат „тоталитарни методи“. „Бугарија сака да биде признаена…
Магазинот „Tајмс” синоќа ги избра новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и новоизбраната потпретседателка Камала Харис за личност на годината, јавува ДПА. „За промена на американската приказна, за покажување дека силите на емпатија се поголеми од гневот на поделбата, за споделување визија за заздравување во тажниот свет, Џо Бајден и Камала Харис се личност на годината на „Тајмс” за 2020 година”, се наведува во изјавата на главниот уредник на списанието Едвард Фелсентал. Бајден и Харис победија на претседателските избори на 3 ноември, откако водеа претпазлива, но, сепак, фокусирана кампања, ветувајќи дека ќе ја обединат земјата, ќе го прекинат хаосот на Доналд…
„Лидерот на опозицијата велеше дека за време на викендот се распарчува Македонија во Софија. Сите тие обвинувања кои што беа дадени се како да си играте играчки, а не може така да си играте со својот народ и својата нација. Продуцирате, не само омраза, туку продуцирате можни тензии, продуцирате проблеми и тоа проблеми меѓу соседите. Денеска сите видоа и се уверија дека нема разговори, не се само за македонски народ и македонски јазик, нема разговори за истории, нема разговори за наметнување на такви работи. Нема. Значи не била распарчена Македонија, немало такви работи како што обвинуваа дека Заев ја продава…
-Точно е дека губиме, и Бугарија и Северна Македонија, но најмногу губи Европа ако се откаже од ова. Она кое што треба да биде јасно дадено до знаење е дека, друг пат освен патот кон полноправно членство во ЕУ нема, ние остануваме фокусирани целосно на тој пат но апсолутно знаеме до каде се разговара. Јас сум роден Македонец, сум израснат како Македонец, граѓаните кои ги чувствуваат овие горчини, ги предизвикуваат нашите чувства, ги чувствувам и јас секојдневно, иако сум одговорен и знам дека јас сум должен да ги отворам патеките, да го правам патот за да можеме навистина да градиме…
Имав искрено обраќање, иако на 11 Октомври прв пат зборував јас јавно пред вас новинарите и камерите дека постои таа можност, односно да не се случи првата меѓувладина конференција заради тоа што наративот како се одвиваше и преку овие документи преку кои разменуваме идеи, информации… ми беше јасно до каде се оди, кои се амбициите и аспирациите и должноста како претстедател на Влада да споделите некои очекувања со граѓаните се јасни. Притоа, секако видоа и граѓаните дека има работи за кои што не само што не се преговора, туку не се ни разговара. Јас се надевам дека на нашите пријатели,…
-Одржувањето на пописот на пролет 2021 година е фиксна работа, – порача денеска премиерот Зоран Заев во неговото гостување во емисијата Утрински брифинг и апелираше Собранието да го донесе потребниот закон кој е влезен во процедура. Планот е пописот конечно да биде статистичка, а не политичка операција. Токму затоа Владата ја остава целата организација и спроведување на пописот на стручните тимови од Заводот за статистика, а не како во 2011 година, кога ВМРО ДПМНЕ сакаше да го спроведе со Пописна комисија составена од партиски кадри, што впрочем се покажа како погубна комбинација. -Пописот треба да се одржи во април 2021…
Холандската европарламентарка Стрик Тенеке на расправата денес во Европскиот парламент ги повика земјите членки да почнат да ги почитуваат критериумите за членство во ЕУ , а не да ги користат за свои потреби. Тоа според неа е лош преседан нагласувајќи дека бугарските барања немаат никаква врска со условите за почнување преговори со ЕУ, поради што треба што побрзо да биде тргнато ветото. Таа практично беше една од мнозинството европарламентарци кои немаа разбирање за барањата на Бугарија што ги испровоцира Ангел Џамбаски и Александар Јорданов (вториот иако зборуваше како преставник на групата ЕПП) да излезат со веќе излитените конструкции што можат…
За разлика од информацијата што ја сподели кабинетот на Борисов, во 20- минутното видео што тој го објави на својот фејсбук-профил ги има сите детали кои бугарскиот премиер ги испраќа како порака до властите во Скопје Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот фејсбук-профил сподели видео од средбата со специјалниот пратеник на Владата Владо Бучковски, кое содржи многу повеќе информации за она за што тие разговарале денеска. За разлика од информацијата што ја сподели неговиот кабинет, а ја пренесоа бугарските и нашите медиуми, во 20- минутното видео има детали за тоа кои се барањата на Бугарија кои бараат да бидат нотирани во…
Тужба за утврдување дискриминација во учебникот „Основи на персонологија 2“ од проф. д-р Благоја Јанаков, што се користи во наставната програма на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, поднесе невладината Коалиција „Маргини“ заедно со Мрежата за заштита од дискриминација. „Обвинување на жените за зголемениот број разводи, осуда на прекинувањето на бременост и квалификување на истополовите партнерства како забеганост, се само дел од вознемирувачка содржина што бараме да биде отстранета и заменета со научно заснована содржина, што е во чекор со современата научна мисла. Институциите имаат обврска да обезбедат образование насочено кон целосен развој на личноста и…
Костадин Костадинов од СДСМ порача дека се урнати сите клевети на ВМРО-ДПМНЕ дека се распродава македонскиот идентитет и дека се распрачува Македонија. -Македонскиот идентитет не е распродаден туку е сочуван, а нашата држава не е распарчена како што хистерично лажеше Мицкоски.Додека ние работевме за граѓаните и ги браневме државните позиции, европската иднина и македонскиот национален идентитет, Мицкоски смислено и оркестрирано ширеше хистерични лажни вести и клевети поткопувајќи ја државната позиција.Пред само неколку денови Мицкоски на собир за одбрана на својата фотелја лажеше дека во Софија ни се распарчувала државата.Клеветеше дека се распродава идентитетот, дека се тргува со антифашистичкиот темел на…