Author: Нова ТВ
Во поголемиот дел од изминатата деценија и половина, ЕУ генерално можеше да смета дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе дојде на помош за се, но случувањата во текот на оваа година покажаа дека ни популарната „Мути” не можеше да направи се да биде подобро, оценува бриселскиот портал „Политико”. – Со пандемијата со коронавирусот, бесконечните преговори за Брегзит, ќор-сокакот околу буџетот и низата геополитички тензии, особено во Источниот Медитеран, 2020 година создаде пеколен пејзаж од проблеми во политиката, што покажа дека цврстата рака на матријархот во Европа е веќе надмината, оценува порталот. Според „Политико”, покрај сите овие внатрешни и глобални проблеми…
Бугарскиот премиер Бојко Борисов објави на Фејсбук дека денеска се сретнал со специјалниот претставник на македонската влада, Владо Бучковски, и со него заклучиле дека за враќање на довербата мора да се исполнат обврските од Договорот за добрососедство „Сегашните и следните генерации нема да ѝ простат на Бугарија или на Република Северна Македонија што не најдовме компромис што дава перспектива. За заемна доверба е важно враќање кон стриктно и неповратно исполнување на сите обврски преземени со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Бугарија вложи максимални напори земјите од Западен Балкан да бидат вклучени во НАТО и ЕУ и затоа, за време…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше телефонски разговор со холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок. Во разговорот, како што соопшти МНР, министерот Османи размени мислења со својот колега за најновите и актуелни политички случувања во државата, идните чекори за европската интеграција на Северна Македонија, како и потенцијалите за продлабочување на билатералната и мултилатерална соработка со Холандија. -Холандија се вбројува помеѓу најголемите билатерални донатори на нашата земја што претставува исклучителен придонес за севкупниот напредок, како и за европската перспектива на земјава, посочил Османи, изразувајќи благодарност за принципиелната и недвосмислена поддршка од Холандија за европската интеграција на нашата земја,…
Запрашан за улогата на опозицијата која на моменти делува деструктивно во државата и постојано бара оставка од него, премиерот Зоран Заев за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ нагласи дека е крајно време со опозицијата заедно да се направи нешто добро. -За жал национализмот е присутен насекаде по европскиот континент. И нашиот опонент игра на таква карта. И ова е една вечна борба – пркосот, кон колективното кон европското, кон живото наспроти чукање во градите под превезот на национализмот држејќи го во заложништво својот народ и прогресот на земјата. Ние 30 години видовме што значи тоа. Нашите граѓани очекуваат подобар живот за…
Запрашан за тоа дали ја сака Македонија, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Студио 10 на ТВ 24, рече дека го чувствува тоа, но не сака да го прави со луѓе кои не ја сакаат нашата земја. „РЕК Битола побрзо паѓа од снегот во Македонија. Така е со оваа расипничка влада и затоа и тие треба да паднат. Јас ја сакам Македонија, но не сакам да сум во друштво на тие кои не ја сакаат Македонија. Сите викаа „режим, режим“, а во Влада ги собраа половина од тие што викаа така“, истакна Мицкоски.
Како неодговорна грешка го окарактеризира премиерот Зоран Заев, ветото на Бугарија за отворање на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, искажувајќи убедување дека е можно решение без оспорување на македонскиот идентитет. Бугарската страна, како што изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, смета дека двете земји се во деликатна фаза од односите и оти Софија не ни ставила вето на почетокот на преговорите со ЕУ. -На сите ни е јасно, дека до овој момент ЕУ не постигна согласност за прифаќање на преговарачката рамка за нашата земја. Оваа неодговорна грешка е горчлива вест за целата наша нација. На овој ден,…
– Правото на образование е врвно и едно од најважните човекови права. Секое дете мора да има право на образование, квалитетно, навремено, достапно, со еднакви можности, за да прерасне во граѓанин и граѓанка и со моќта на знаењата да постигне личен и општествен развој, вели министерката за образование и наука Мила Царовска во видеопорака по повод 10 Декември – Меѓународен ден на човекови права. – Горда сум што и во време на пандемија, во многу тешки услови за децата, родителите и наставниот кадар, овозможуваме наставата да продолжи и да биде достапна за сите ученици. Работиме и успеваме да изградиме инклузивно…
„Оптимизмот континуирано го негуваме и продолжуваме така заради тоа што креирањето на политиките ни се такви. И во моето обраќање до нацијата кажав дека ние сме градители, градиме пријателство, ние не правиме штета во регионот, немаме претензии, ние сме мирољубив народ, политиката на нашата држава е навистина европска, држиме убави европски лекции од овде, од кандидатскиот Западен Балкан, коишто и недостасуваат на модерната Европска Унија, во контекст на дебата за буџетот, за Полска, за Унгарија и други теми.“- изјави премиерот Зоран Заев, во „Утрински брифинг“. Тој смета дека ние во изминатиот период сме направиле се во рамките на тоа што…
Не смееме да бидеме рамнодушни и да игнорираме какво било непочитување на основните човекови права, што може да ескалира во која било форма на насилство. Секој од нас е должен да даде јасна поддршка на активистите и борците за човекови права. Слободата на мисла, совест и религија, на изразување и собирање, социјалните, економските и културни права се дел од фундаменталните, неотуѓиви и меѓузависни човекови права и слободи кои се бедем против обидите за нарушување на интегритетот на личноста, напиша претседателот на државата Стево Пендаровски во пораката по повод 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права. Одбележувајќи го Меѓународниот ден на човековите…
Бугарија е целосно сама во спорот со Северна Македонија, нејзините позиции се нерзбирливи за другите членки на ЕУ, што ја става во групата проблематични земји, како што се Полска и Унгарија, оценува Весела Чернева, заменик директор на Европскиот совет за надворешни односи и директор на Канцеларијата во Софија. „Нашиот спор со Северна Македонија има два аспекта – прво, ние ги сведовме соседските односи и дијалог на историски спорови, што е само по себе неприфатливо во процесот на преговори, и второ – ветото не стави во аголот на проблематичните земји на ЕУ, како што се Полска и Унгарија“, изјави Чернева за…
Германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн вели дека не може да коментира изјави од соседна држава, но истакнува дека Германија до последен момент се залагала за усвојување на преговарачката рамка. -Германското претседателство во рамките на органите на Советот ги дискутираше сите предлози кои беа на маса и до последно се залагаше да се усвои преговарачката рамка за Северна Македонија за отпочнување на преговорите со ЕУ, вели германската амбасадорка Холштајн на барање од „360 степени“ да ги коментира изјавите на Министерството за надворешни работи на Бугарија дека Германија на министерскиот состанок во ЕУ не ги ставила на дневен ред нивните барања…
Сите лаги, клевети, лажни вести на Христијан Мицкоски се срушија и паднаа во вода.Исто како и за членството во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ беше на спротивната страна од интересот на граѓаните, од интересот на државата.Како што се доближувавме до членство во НАТО, толку поинтензивно ширеа поделби, лажни вести, лаги и говор на омраза. – реагираат од СДСМ на денешната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Од лагите за изградба на станови за мигранти, од лагите за наводни редефирнирања на државата, преку лагите дека нема доволно тестови за коронавирусот па се до хистеричните лаги дека се преговара за македонскиот иденитет. Хистеричниот Мицкоски…