Author: Нова ТВ

„Веруваме во општество кое дава еднакви шанси на сите граѓани. Градиме општество во кое секој граѓанин, без разлика на полот, има еднаков пристап до ресурсите и нивната праведна распределба. Веруваме дека за да имаме одржлив развој и да имаме добри предуслови за развој на нашата држава и демократијата, важно e да ги вклучиме подеднакво и жените и мажите во сите структури на општеството, да го искористиме нивниот капацитет подеднакво, никој да не биде заборавен или занемарен. Наша заложба е општество еднакво за сите и праведно кон сите. Наша цел е да овозможиме постигнување родова еднаквост во нашата земја, сузбивање на…

Read More

Во своето гостување на Сител Тв, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров потенцира дека очекува министерот за европски прашња, Михаел Рот да се осврне на напорите на Германија за проширувањето на Унијата. Исто така, Димитров вели дека не очекува оваа недела пробив за започнување на пристапен процес на преговори со ЕУ. „Утре има целото прашање на проширување како точка за информирање и мислам дека министерот за европски прашања Михаел Рот на Германија веројатно ќе се осврне на нивните напори и претпоставувам на прес-конференцијата најавена по завршувањето на тој состанок дел од работите ќе сподели и со…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче на седница на Влада денеска поднесе Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2020 година. Со измена на Програмата за вакцинација сме чекор поблиску до обезбедување на вакцините за Ковид-19 преку Ковакс-механизмот, нагласува министерот Филипче. Програмата предвидува измени во делот за финансиски средства, како една од обрвските преземени со договорот со ГАВИ за влез во Ковакс-механизмот. Средствата се веќе обезбедени со последниот ребаланс на буџетот. Преку Ковакс-механизмот ќе се обезбедат 833.000 вакцини – дози за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација. Како…

Read More

Претседателот на Северна Македонија на денешната конференција за Западен Балкан организирана од Пријателите на Европа, обелодени дека македонскиот државен врв добил понуда за членство во Европската економска заедница, понудата била одбиена затоа што нема друга алтернатива од полноправно членство во ЕУ. -Некои од нас во регионот, можам да зборувам само за Северна Македонија, добивме понуда од многу високи функционери да станеме членка на Европската економска заедница, јас веднаш ја одбив оваа понуда затоа што овој тип на размислување е катастрофален на долг рок, изјави денеска на конференцијата претседателот Стево Пендаровски. Тој одговараше на прашања поврзани за тоа дали постои план…

Read More

Најновите статистички податоци за падот на БДП во третото тримесечје, за вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се очекувани. Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека Владата уште во април најавила дека ова ќе биде година во рецесија. Тоа, вели Битиќи, не е случај само кај нас, туку со истиот проблем се соочуваат и сите други држави. „Остануваме на проекциите дека крајот на годината ќе биде со пад од 4,4 проценти. На неколку наврати кажав дека индустриското производство е во нагорна линија во смисла на опоравување. Не може да очекуваме, кога имаме над 30 проценти пад во вториот квартал,…

Read More

Евроамбасадорот во Северна Македонија Дејвид Гир, денеска на прес-конференција рече дека тоа што треба сега да се направи е да се усвои преговарачката рамка за земјава и да се најде датум за поскорешно одржување на меѓувладината конференција меѓу земјава и Европската Унија. Се разбира во наш и во ваш интерес е овој датум да биде закажан што порано, рече Гир. „Во март минатата година сите 27 земји-членки на ЕУ тогаш одлучија дека Северна Македонија е подготвена да ги започне пристапните преговори со Европската Унија. Тогаш таа одлука беше донесена, а тоа што сега треба да се направи е да се…

Read More

Големината и значењето на животот и делото на Конески за македонскиот идентитет, за македонската национална култура, за македонскиот јазик го прават не само втемелен факт во историјата, туку и жив двигател на нашата сегашност во разни области – во науката за јазикот, во уметноста и силата на зборот, во моќта да го закрепнува нашето духовно самочувство кога ни остави завет да го чуваме јазикот, зашто јазикот е нашата татковина. Ова денеска на својот фејсбук профил го напиша премиерот Зоран Заев по повод 27 години од смртта на Блаже Конески. -И денеска, на денот кога во 1993 година со неговата смрт…

Read More

Одлучувањето за проширување на ЕУ е надвор од агендата до крајот на годината. Ова го објави висок европски дипломат, кој побара анонимност – јави пред малку бугарската агенција БТА. Според агенцијата, дипломатот истакнал дека дотогаш не се очекува никаков напредок во врска со споровите околу рамката за преговори за Северна Македонија. Според него, не е предвидено разделување на Северна Македонија и Албанија во преговарачкиот процес и датумите за одржување на првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана треба да бидат објавени во исто време кога ќе се постигне едногласност за проширувањето.

Read More

Народната банка ја ревидираше прогнозата за раст на Домашниот бруто – производ за оваа година на минус 4,9 отсто, што е влошување за цели 1,4 процентни поени во однос на априлската проекција кога предвидуваше пад на БДП од 3,5 отсто. Ова го соопшти денес на прес конференција гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска, на која ги презентираше на најновите макрокоеномски проекции за оваа и за наредните години. Поради ефектот од вториот бран на ковид-кризата и влошувањето на надворешната побарувачка за домашни производи кај нашите главни надворешно трговски партнери кои исто така се соочуваат со продолжување на кризата, се очекува…

Read More

Висок дипломатски извор на ЕУ, кој ги брифираше дописниците во Брисел утрово, порача дека бугарската блокада поради билатерален спор со Северна Македонија ја фрустрира цела Европска Унија, јави дописничката на МИА од Брисел. И покрај сите дипломатски обиди, Бугарија не попушта за непринципиелното вето што и го поставува на Северна Македонија за билатерални спорови, поради што целата дискусија за проширувањето на ЕУ кон западен Балкан е отстранета од дневниот ред на министрите за европски работи утре во Брисел. Ова ја вклучува и Албанија која се надеваше на некаков напредок во однос на својата преговарачка рамка со ЕУ. -Германското претседателство е фрустрирано…

Read More

Романските опозициски социјалдемократи (ПСД) го презедоа водството на националните избори во неделата, сметани како клучни за иднината на земјата во европскиот мејнстрим, но најверојатно нема да ја формираат следната влада. ПСД, кој возеше на бранот на незадоволство кај гласачите поради пандемијата на корона вирусот и ветувањата на малцинската либерална влада за фискално ограничување, ќе се бори да формира функционално мнозинство против актуелниот премиер Лудовик Орбан. Претседателот Клаус Јоханис, сојузник на либералите кој треба да го номинира премиерот, постојано повторуваше дека ќе му даде задача на Орбан да формира коалициска влада на десниот центар за да го заузда буџетскиот дефицит и да…

Read More

Бугарскиот претседател Румен Радев, во однос на спорот меѓу Скопје и Софија, денеска порача дека треба да се почека да се смират емоциите и да се има трпеливост и здрав разум, и уште еднаш ги повтори ставовите дека Северна Македонија треба да влезе во ЕУ, но без говор на омраза и признавање на историската вистина. Тој смета дека Бугарија мора да ги брани овие права. „Нашите браќа од Република Северна Македонија треба да станат членови на ЕУ, но тоа мора да биде со искоренување на антибугарската реторика, говорот на омраза и објективното признавање на историската вистина, што мора да стане…

Read More