Author: Нова ТВ

Кандидатурата на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за претседавач на организацијата беше прифатена со консензус од 56 земји учеснички на министерскиот состанок на ОБСЕ во Тирана, со што и официјално на државава и е доделено претседавањето со организацијата во 2023 година, информира денеска на прес-конференција шефот на дипломатијата Бујар Османи. Истакна дека претседавањето со ОБСЕ ќе придонесе кон едно ново подобро меѓународно позиционирање на Северна Македонија како конструктивен актер и контрибутор во промоција на заложбите на ОБСЕ, а индиректно ќе се создаде и можност да се манифестира институционалниот капацитет кој се очекува како земја…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека започнале интензивни подготовки со цел да имаме ефикасен процес на вакцинација. Тој најави дека веќе се обезбедени 833.000 дози вакцини за 400.000 граѓани, преку ковакс механизмот, појаснувајќи дека овие вакцини ќе ги добиваат согласно планот за дистрибуција. „Покрај овој механизам, веќе доставивме барања за директни договори до две светски компании за нивните вакцини и после нивните иницијални одговори ги чекаме и дефинитивните потврди дека ќе можеме да набавиме директно од компаниите“, вели министерот. Филипче додаде дека имале состаноци и со економски оператори за транспорт на вакцините. На почетокот на…

Read More

Денеска имаше реакција и од страна на Амбасадата на Холандија, исто така имаше и став од министерот за надворешни работи од холандскиот парламент која ја објасни поддршката на  Холандија кон Република Северна Македонија за почеток на преговорите за ЕУ, и во делот на надминување на разликите и реформскиот пат имаме недвојбена поддршка од сите земји членки останува да разговараме само со Бугарија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на прашањето за тоа дали е вистина дека   Холандија го поддржува бугарското вето која беше објавена бугарскиот весник „24 Часа“. Министерот за надворешни по новинарско прашање, посочи дека предлогот за…

Read More

Холандската амбасада во Скопје вели дека се целосно неосновани и лажни вести известувањата во некои медиуми дека Холандија ѝ дала поддршка на Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. Од амбасадата за САКАМДАКАЖАМ.МК потсетуваат дека „на 30 октомври 2020 година, владата на Холандија го информира холандскиот парламент за својата одлука дека првата меѓувладина конференција за Северна Македонија може да се одржи. Овој став останува, се разбира, непроменет. Холандија сметаше и сѐ уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом се…

Read More

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се нешто за кое никој нема право и не разговара во ниту еден момент, за тоа не може да се разговара. Можеме да разговараме за сите други прашања што претставуваат некаков интерес, меѓутоа не и за прашањата кои се наш идентитет и наш јазик, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по посетата на Жеровјане, каде што изврши увид на новата реконструирана зграда за полициското одделение. Во однос на преговорите со Бугарија, Спасовски нагласи дека како Влада прават напори за на принципиелна основа да се постигне компромис во однос на отворените прашања. –  Секако…

Read More

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 443 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа петмина пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, четири пациенти на ОРЛ, исто толку и на Клиниката за нефрологија и тројца на Клиниката за очни болести. Во ковид – центарот…

Read More

Меѓу денешните сведоци во предметот „Таргет – Тврдина“  беше и поранешниот командир на ПС Карпош, Бојан Величковски, кој рече дека се сомневал дека бил незаконски прислушуван и од тие причини поднел барање до СЈО, за да се утврди дали бил незаконски следен. – Точните причини зошто сум бил следен не ги знам, но може да претставувам дека локалната самоуправа во Карпош, во тоа време беше единствена власт од опозицијата. Со нив јас сум имал службен контакт, согласно работните задачи. Јас исто така бев дел од обезбедувањето на рушењето на „КОСМОС“ на тоа се сомневам, не дека специфично знам за што…

Read More

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Асоцијацијата на стартап заедницата на Република Северна Македонија – Стартап Македонија, потпишаа меморандум за соработка, со цел спроведување и јакнење на меѓусебната соработка. Договорот, како што соопшти ФИТР, подразбира поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, пред се во областа на иновациската дејност и стартап заедницата. – Развојот на македонскиот стартап екосистем ќе биде стратешки приоритет на ФИТР во наредниот период. Сметам дека земјата има огромен потенцијал и со заеднички и инклузивен процес, ќе ја позиционираме Република Северна Македонија како стартап хаб во регионот, изјави Коста Петров директор на ФИТР. Соработката…

Read More

Сојузот на здруженија на пензионери упатуваат апел приоритет при вакцинирањето против КОВИД-19 да имаат пензионерите, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет. -Во име на над 300 000 возрасни луѓе во нашата земја алелираме пензионерите да имаат приоритет за вакцина против КОВИД 19, како што е во сите земји во опкружувањето и пошироко во целиот свет, се вели во денешното соопштение од Сојузот. Пензионерите, потенцираат од Сојузот, се најранлива категорија бидејќи голем број од нив се со хронични болести и намален имунитет.

Read More

– „Дрвјата паметат!”  е насловено делото на уметникот  Филип Јовановски  кое ќе се реализира денеска од 11 до 14 часот како акција во јавен простор во околината на хотелот „Бристол“ во центарот на Скопје, во сеќавање на „паркобраните“ кои се противеа да се исечат дрвјата на тоа место. Проектот е  долгорочен и се развива со поддршка на Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата – „Локомотива“, во рамки на програмата „Други простори“. „Локомотива“ информира дека се работи за истражувачко дело во процес кое почнува со оваа акција на „сеќавање” на историјата на градот преку паметењето на дрвјата и дека…

Read More

Бугарскиот весник „24 Часа“ пренесува дека бугарското вето за почеток на преговорите на земјава со ЕУ е поддржано и од Данска и Холандија. Во текстот се наведува дека таквата информација доаѓа од дипломатски извор во Брисел. Весникот потсетува дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, преку својот фејсбук профил веќе изразил сомневање дека најмалку две држави преќутно го поддржуваат бугарското вето кон Македонија. Во продолжение, изворот на весникот тврди дека дури и да нема спорни прашања за Македонија, постои големо неодобрување за преговарачката рамка за Албанија.

Read More

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице загина, а две се тешко повредени. Пожарникарите и екипите на брзата помош се на терен. Според РТС, експлозијата се случила на улицата Абердарева пред зградата на РТС, каде што работниците работеле на реконструкција на инсталациите. Меѓу самите работници има повредени. Според РТС, експлозијата се случила на улицата Абердарева пред зградата на РТС, каде што работниците работеле на реконструкција на инсталациите. Меѓу самите работници има повредени. Српската државна телевизија неофицијално откри дека експлодирала боца со гас, а Телеграф.рс од својот извор…

Read More