Author: Нова ТВ
Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, во објава на Фејсбук ги прокоментира реакциите на премиерот Зоран Заев за поднесените амандмани за онлајн Собрание: „СДСМ 2008 година поднесе 2.300 амандмани на Деловникот и рече „ако сакате ефикасен парламент треба 1. да ја почитувате демократијата, 2. да ја почитувате опозицијата и 3. сами да си обезбедите кворум”. На тие амандмани потпишани беа тогашните пратеници Р.Шеќеринска, О.Спасовски, В.Бучковски и други славни демократски другари на аболицираниот Заев. Денес Заев пред да критикува зошто опозицијата поднела амандмани на Деловникот во Собранието треба, прво да си поразговара со Шеќеринска, Оливер и Бучковски за да му објаснат што…
Министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе има работен состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19 преку КОВАКС механизмот, кој обезбедува глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација. На состанокот ќе се разгледува стратегијата за имунизација со вакцина за Ковид-19, како и за приемот и дистрибуцијата на вакцините, категориите на граѓани кои ќе бидат први вакцинирани, како и текот на постапката на вакцинација. Последните денови се забележува благ пад на новозаразените. Во претходното деноноќие, од направени 3399 тестирања беа регистрирани 1342 нови случаи на коронавирусот, починаа 22 лица, а Институтот…
Британија планира да плаќа отштета во висина од 130.000 евра на лицата кои би имале тешки нуспојави од вакцината против корона вирусот. Оваа информација ја соопшти владата откако вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ денеска беше доставена во Велика Британија. Британија е прва земја која по итна постапка ја одобри употребата на оваа вакцина. Министерството за здравство соопшти дека корона вирусот ќе се додаде на листата болести во постоечката шема за исплата за штетност на вакцината и дека тоа ќе биде мерка за претпазливост, иако вакцините ќе се даваат само по строги проверки, пишува Ројтерс. За отштета од евентуални штетни ефекти,…
Пандемијата како системска закана бара системски одговор. Треба заедно да продолжиме да работиме во создавањето на издржливи, добро управувани, одговорни, отчетни здравствени системи кои им служат на граѓаните, порача претседателот Стево Пендаровски на специјалната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, посветена на пандемијата на Ковид-19 што се одржа вчеравечер по средноевропско време. – Пандемијата на КОВИД-19 и натаму претставува најголем ризик за човештвото. Голем број семејства изгубија свои членови, а многу заедници се сериозно погодени. Оваа здравствена криза ги зафати и другите сектори на нашите општества, а економиите претрпеа особено тешки загуби. Со својата здравствена, економска, социјална, хуманитарна и…
Во емисијата „Анализа 24“ на телевизија 24, дојде до жестока дебата помеѓу Андреј Жерновски од СДСМ и Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ. Кога дебатата, која на моменти излезе од контрола, Жерновски го запраша Јанушев со кое лице зборува за криминал. „Ти си персонификација за криминал, и сега ти зборуваш за криминал. Ќе има судски процеси и ќе се види кој за што е одговорен. Еве, кажи и на јавноста од каде имаш четири стана, куќа во Охрид, кола Лексус, со која плата го купивте целиот имот? Груевски каде ви е? Избега од правдата.“- се обрати Жерновски. Жерновски неколку пати реагираше…
Во емисијата „Анализа 24“ на телевизија 24 Жерновски ги прозва Јанушев и Мицкоски да кажат и да не се кријат пет дена после објавената лага дека Северна Македонија се распрачува во Софија. „Водите политика на безнадежност и безперспектива, затоа ви се такви протестите. Слушам како СДСМ работел против државата, па вие петти ден не одговарате, викендот обвинивте дека се распарчува државата, кој ја распадна, како ја распарчи, кој посредувал, кој седел на таа маса. Молчите, а изјавата е кривично дело.“- рече Жерновски. Тој реагираше и на неконструктивното однесување на Јанушев за време на емисијата. „Како Груевски да дошол од Будимпешта…
„Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на законот за опојни дроги и даде можност во делот на медицинскиот канабис да извезува покрај естрахирано масло и сушен цвет, зборуваме за извоз, проценката за 2021 е 250 милиони евра од производство за медицински употреби, исклучително за извоз.“- рече премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите. Покрај извозот на сушен цвет, државата може и да ја легализира марихуаната за развој на туризмот и угостителството и така во буџетот да се слеваат уште стотици милиони евра. „Отворена е можност да дебатираме сите во држвата, не…
Поранешниот министер за култура, долгогодишен прв човек на битолскиот театар и актер во пензија, Благоја Стефановски-Баге, е годинешниот добитник на највиското општинско признание во Битола, наградата „4 Ноември” за животно дело, што општината го доделува на Денот на ослободувањето на градот, 4 Ноември. Благоја Стефановски-Баге е со богата професионална кариера. Во периодот од 1975 до 1980 година бил директор на НУ Народен театар – Битола, а меѓу другите ги вршел и функциите претседател на фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“„ претседател на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и на други домашни…
Претседателството на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) во изјавата во врска со македонско- бугарските односи наведува дека е неопходно да надвладее политичко лидерство и конструктивен дијалог. -Партијата на европските социјалисти е разочарана од преговорите за пристапување во ЕУ за Република Северна Македонија која се соочува со ран удар, по најавата на бугарската влада дека засега го блокира процесот. Политичката мудрост на двете земји е ставен на тест – само јазикот на соработка и целосно разбирање на долгорочните перспективи во регионот може успешно да ја надминат оваа пречка. Европските социјалисти и демократи секогаш биле поддржувачи на процесот на проширување за Западен…
Свесни сме дека разговорите со Република Бугарија треба да продолжат без разлика на исходот од претстојниот Совет на министри. Пробелмите треба да се решаваат, а меѓу кои и овој, кој се појави пред кратко време, изјави премиерот Зоран Заев, додавајќи дека деновиве се прават напори да се изнајде решение. Треба да се имплементираат Договорите со Грција и Бугарија. Во оваа насока, Бучковски треба да е мотиватор за реализација на договорите. Разговорите, пак со Бугарија, ги води МНР, односно Бујар Османи, а вклучен е и вицепремиерот Никола Димитров. Тука е секако и мојот кабинет, но и амбасадарот во НАТО, Дане Талевски. Деновиве…
Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски истакна дека инспекторите продолжуваат со интензивни контроли и надзори на терен. „Во изминатата седмица, извршени се 4080 контроли, по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони. Затворени се два угостителски објекти поради непочитување здравствени протоколи. Во рамки на своите наделжности, како клучен контролен механизам за спроведување на мерките и протоколите инспекциските служби претставуваат една од најважните карики за заштитата на јавното здравје и земаат активно учество во борба против коронавирусот“, посочи Николовски.
Поранешните американски претседатели Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон доброволно се пријавија да ја примат вакцината за Ковид-19 пред камери откако таа ќе биде одобрена од регулаторните тела, со цел да покажат на јавноста дека таа е безбедна. Тројцата поранешни претседатели се надеваат дека кампањата за подигнување на свеста за подобрување на довербата во нејзината безбедност и ефикасност ќе испрати моќна порака. Целосно им верувам на луѓето како Ентони Фаучи со кој соработував. Ако тој ми каже дека вакцината е безбедна и ве имунизра од добивање Ковид-19, ќе ја примам. Можеби тоа ќе го направам на телевизија или ќе…