Author: Нова ТВ

Дефинитивно во моментов се случува втор бран од коронавирусот. Во јавноста веќе неколку дена се шпекулира и за нов, трет бран, на почетокот на идната година, а исто беше и предвидувањето од СЗО. Кога и колку вакцини ќе пристигнат во Македонија? Како министерот Филипче го коментира тоа што Македонија е на 8 место по починати лица во светот на милион жители и како да се спречи луѓето да купуваат лекови и формираат домашни аптеки без тоа да е препишано од докторите. Награда за сите медицински работници кои работат со пациенти со коронавирус. Погледнете ја дебатата со Борјан Јовановски каде гости…

Read More

Државата има добра стратегија за малите и средните претпријатија, но сепак треба да се направи разлика меѓу нив и стартапите за да може и тие да учествуваат во процесот на донесување на одлуки, истакна Коста Петров, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој на првиот ден од Глобалната недела на претприемништвото. На виртуелниот панел „Лобирање за политки за развој на националниот стартапекосистем – најдобри примери и следни чекори“ учествуваа и Татјана Марковска, претставничка на Светска банка во земјава, Нина Николиќ и Игор Маџов ко-основачите на Стартап Македонија како и амбасадорите на САД и Швајцарија. Целта на оваа панел дискусија беше…

Read More

Нашата планета е скршена, му порача на светот генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и предупреди дека „човештвото води самоубиствена војна со природата“. – Природата секогаш возвраќа и тоа го прави со голема сила и гнев, потсети Гутереш во интервјуто за Би Би Си и најави дека сака борбата против климатските промени да ја стави во основата на глобалната мисија на Светската организација. За време на својот говор за ситуацијата со животната средина на Земјата, Гутереш повтори дека е потребно да се намалат емисиите на штетните гасови за 45 проценти до 2030 година, во споредба со нивото на штетни гасови…

Read More

Амбасадорите на земјите членки денеска уште еднаш ќе се состанат во пресрет на министерскиот совет на ЕУ на 8 декември за да ги усогласат заклучоците на текстот, шансите Бугарија да попушти до осми се речиси непостоечки, јави дописничката на МИА од Брисел. Ситуацијата останува за сега непроменета во Брисел во однос на ветото на Бугарија за отпочнување на преговорите со Северна Македонија, и покрај силните обиди на сите останати земји членки на Унијата. Дипломатите во Советот на ЕУ, како и германскиот министер за Европа неодамна, јасно покажуваат со прст кон Софија за неотворањето на преговорите со Северна Македонија. За разлика…

Read More

„Има многу претпоставки за вирусот, не само кај нас, туку секаде во светот. Тоа што се случува кај нас е да има намалување на притисокот на пациенти во болници. За разлика од првите денови од ноември кога притисокот беше огромен“, изјави во емисијата КликПлус на ТВ 21 министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека вирусот во последните денови се смирува, односно вирулентноста се намалува, меѓутоа и понатаму здравствените власти се се внимателни, бидејќи вирусот е непредвидлив. Филипче истакна и дека се уште е далеку моментот кога може да се здивне, и покрај тоа што факторот на преносливост е намален.…

Read More

Премиерот Зоран Заев вечерва на Фејсбук оцени дека обидите да се блокира работата на Собранието во услови на светска пандемија е опасно, срамно и неодговорно однесување. Ги повика пратениците од опозицијата да го преиспитаат својот став. – Очигледно Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, отсуството на свој став, мерка, предлог или политика сакаат да го надоместат со тоа што ќе предизвикаат штета на граѓаните, во време кога им е неопходна помош од државата. Се обидуваат да блокираат носење на закони среде пандемија со коронавирусот, меѓу кои и оние за ваучерите од 6.000 денари, за помош на пензионерите, самохраните родители, слободните уметници и…

Read More

Секоја сериозна држава треба да има унифициран став на позицијата и опозицијата за клучните прашања за иднината на државата. Досега за жал од страна на опозицијата не видовме став по ниту едно клучно прашање во ова смисла, така беше со Преспанскиот Договор, така беше со Референдумот, така е и за прашањето за односите со Бугарија, истакна во Топ Тема, државниот секретар во МНР Зоран Попов кој додаде дека ова е преважно прашање за дневно политичка пресметка. -Чудно е што критичарите на значењето на АСНОМ, на придобивките од АСНОМ и НОБ, истите тие кои се оградуваа од Југославија како најцрн период…

Read More

Ги молам статистичарите да Нѐ пребројат. Колкумина сме молчеле сите овие го години и со тоа сме го охрабриле Него да гледа сојузници во Нас, а воедно ја деморализирало и Неа да повика помош. Е таа статистика ме интересира.

Read More

Владо Бучковски, поранешниот премиер на Македонија, е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија, потврди за ТВ21 владиниот портпарол Душко Арсовски. Владата го именуваше Бучковски на оваа позиција на денешната владина седница. Бучковски покрај премиер, беше и екс министер за одбрана, како и лидер на СДСН. Во последно време е присутен во медиумите во Бугарија. Тој е универзитетски протесок по Римско право, а работи и на бугарскиот државен универзитет Уни БИТ. Пред една недела, Бучковски гостуваше и во ТВ21 на „Клик Плус“ заедно со екс премиерот Љубчо Георгиевски каде што се зборуваше за македонско-бугарскиот спор.

Read More

Иднината на Европа не може да се замисли без интеграцијата на Регионот во ЕУ, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на неформалниот состанок за Советот на Европската Унија за општи работи – ГАК, посочувајќи дека процесот на проширување треба да биде силно вклучен во дебатата за иднината на Европа. Османи на состанокот се осврна на силната стратешка определеност на Република Северна Македонија за својата европска иднина, придонесувајќи притоа позитивно и кон европските перспективи на целиот регион. -Кога зборуваме за европската иднина на Северна Македонија – најпрво мислиме на младите генерации кои имаат право на подобар живот и пристојни услови…

Read More

Загадениот воздух и натаму проблем за граѓаните. Последниве денови дел од градовите низ Македонија повторно се најдоа на врвот од светските листи по загаденост. Екологот Африм Османи вели дека дури за два пати е поголем бројот на починати лица по добиени болести од загаден воздух, отколку од коронавирус. Решението го гледа во воведување на карантини во градовите каде во континуитет има зголемен број на ПМ10 честички во воздухот. „Која е логиката за 1600 починати да се воведе карантин, вонредна состојба, а да се занемарува тоа што 3 илјади лица годишно умираат од аерозагадување. Во целина ова го земаме несериозно.“, вели…

Read More