Author: Нова ТВ
Во последните три години, Управата за финсиско разузнавање детектирала сомнителни финансиски активности на Еуростандард банка, обелодени на надзорната расправа во Собранието, директорот на Управата, Блажо Трендафилов, пишува фокус. -Ќе изнесам само статистика за последните три години. Значи, извештаите доставени од Еуростандард банка, 2017 еден извештај за сомнителни финансиски активности, 2018 се пет извештаи, значи 500 отсто зголемен бројот на извештаите, и 2019 година се седум извештаи за сомнителни финансиски активности. Значи, зголемена активност поврзана со сомнителни финансиски активности во банката. Од овие извештаи, во во 2018 година, четири извештаи сме доставиле до странски разузнавачки служби, спонтана информација и едно известување…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски остана без нотарската лиценца, откако Министерството за правда, поради неговата пратеничка функција му ја одзема дозволата за работата, односно е разрешен од нотарската служба, објави а1он. Милошоски решението за нотар го добил уште во 2016 година, но по неговиот избор за пратеник во Собранието на предвремените парламентарни избори истата година во декември, до Министерството за правда веднаш поднел барање за ставање во мирување на службата додека ја извршува функцијата пратеник. Тогашното раководство на Министерството за правда експресно го прифатила ваквото барање и Милошоски, по што само неколку денови откако ја добил лиценцата за нотар истата…
Во 2008, Институтот за национална историја (ИНИ) објави „Историја на македонскиот народ“ од група автори, книга од 349 страници, „научно“ дело без ниту една фуснота, без ниту една научна референца и без научна библиографија. На крајот на книгата стои дека „Средствата за печатењето на изданието ги обезбеди Владата на Република Македонија“. Во оваа „историја“ на ИНИ се промовира тезата за „Континуитетот на античките Македонци и процесот на нивната симбиоза со Словените“, но нема наведено ниту една научна референца со која се поткрепува оваа „историска алхемија“. Во поглавјето „Македонија и Словените – од средината на шестиот до средината на 9 век“,…
Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека треба да бидеме оптимисти до крај во врска можноста за отворање на преговорите со ЕУ во декември зашто е во наш интерес. Црвените линии, како што потенцира Маричиќ на гостувањето во „Студио 10“, не смеат да се преминат и верува во македонскиот тим дека ќе дадат максимум да се отворат преговорите без да се загрозат интересите и идентитетот. „Треба да сме оптимисти до крај и да се надеваме и да работиме“, рече министерот Маричиќ. „Ние билдаме патриотизам цело време но не национализам. Како Влада имаме јасна патриотска позиција дека е во врвен интерес на…
Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија ризикува да создаде нова пукнатина во југоисточното крило на НАТО. Две од земјите-членки, Грција и Турција, веќе се длабоко поделени. Се чини дека сега ќе се појават конфликти уште меѓу две земји поради двовековен етнички спор, пишува Ставрос Цимас во својата анализа за „Катимерини“. И Бугарија и Северна Македонија се клучни членки на Алијансата во регионот. Бугарија заради нејзината улога како надзорник на Црното Море и јужниот дел на Русија, а Северна Македонија како тампон зона против понатамошно руско влијание во срцето на Балканот. И двете земји многу силно…
Документи, во кои ексклузивно имал увид Си-ен-ен, покажуваат дека Кина направила значајни пропусти на почетокот на пандемијата на корона вирус. Документите кои протекоа во јавноста се од кинеската провинција Хубеи и покажуваат дека на почетокот Кина пријавувала значително помал број на случаите на коронавирус од реалниот, дека и биле потребни недели за да дијагностицира нови случаи и оти не ја известиле јавноста за врвот на сезоната на грип во Хубеи во декември минатата година, што се совпаѓа со времето кога во земјата се појавија првите случаи на вирусот, јави Си-ен-ен. Податоците од 10 февруари покажуваат 5.918 нови случаи, повеќе од…
Бугарскиот профeсор социолог Георги Фотев во интервју за „факти.бг“ тврди дека Бугарите, откако влегле во ЕУ, ја напуштиле „балканизацијата“ и дека над 80 отсто од нив имаат позитивни чувства кон Македонија,а обратниот впечаток се должи на тоа што пристап до медиумите имаат некои „неодговорни и глупи луѓе“. Податоците тој ги црпи од Студијата за европски вредности на ЕУ, мега проект во кој биле вклучени и ставовите на возрасната популација во Бугарија. -Кога ги добив обработените податоци, буквално бев изненаден од промените во бугарското општество. Во Бугарија се случи де факто крај на „балканизацијата“, како што велам. Околу 80 отсто се…
Енвер Малиќи, заменикот градоначалник на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше заразен и од коронавирусот. Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, го назначи Енвер Малиќи за негов заменик пред три години, во 2017 година. Малиќи на последните локални избори беше избран како советник на Град Скопје од листата на ДУИ. Тој беше управител на компанијата „Гемак трејд“ и сопственик на хотелот „Парк спа“ на кејот на Вардар во Скопје.
Речиси двојно поголем број оздравени пациенти – 544 од новодијагностицирани – 336 (од вкупно направени 1.181 тестирање) се евидентирани во извештајот за состојбата со Ковид-19 на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Но, и натаму е висок бројот на починати пациенти, кој изнесува 32. Според министерот за здравство Венко Филипче, мерките кои Комисијата за заразни болести ги донесе даваат резултат и бројката на хоспитализации се стабилизира. -Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи. Очекуваме во наредиот период да има повеќе испишани отколку примени пациенти. На инфективните оддели има се повеќе слободни места. Ја следиме состојбата од ден на ден…
Интензивниот фокус на пандемијата на Ковид-19, не смее да ги намали напорите да се справиме со епидемијата на ХИВ, која сè уште е активен проблем на јавното здравје во државава и на луѓето засегнати од овој вирус, соопшти Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“ по повод 1 декември, Светски ден на борба против Сида. Во согласност со насоките на Светската здравствена организација, посочуваат од Здружението, земјите мора да осигураат непрекината достапност на основните услуги за превенција и лекување на ХИВ-инфекцијата во рамките на ургентниот одговор кон Ковид-19, за што се неопходни соодветни ресурси и механизми.…
Северна Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со ЕУ, изјави канцеларката Ангела Меркел на денешната видео-конференција со парламентарците од европскиот континент, објави Дојче Веле на македонски јазик. Сепак, канцеларката рече дека тие се соочуваат со потешкотии во врска со одржувањето на меѓувладината конференција и дека се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија.. -Се соочуваме со потешкотии да овозможиме одржување на меѓувладината конференција со Северна Македонија, рече Меркел. Албанија, како што кажа, направи голем напредок, но особено е во прашање дали ќе успееме…
„Основна задача ни е на дело да покажаме дека се подига довербата на граѓаните во судството. Тоа не се постигнува ако се грижиме за привелегии, за високи плати,или ако не се грижиме за правата на граѓаните, или ако правосудниот систем не испорачува правда. Едно е сигурно мора да бидат трнаспарентни и судовите и обвинителствата, да бидат одоговорни, да нема застрување на постапки, ниту да има игнорирање на позицијата на која било странка во постапката. Затоа имаме јасен план за проверка на работата на судиите и обвинителите, тоа го работиме заедно со Советот на судии и Советот на јавни обвинители. Со…