Author: Нова ТВ
Очекуваме во наредиот период да има повеќе испишани отколку примени пациенти. На инфективните оддели има се повеќе слободни места. Ја следиме состојбата од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат, имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети подготвени да се отворат, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешниот состанок со директорите на КОВИД-центрите во комплексот „Мајка Тереза“. На состанокот, како што соопшти Министерството за здравство, беше разгледана состојбата со бројот на хоспитализирани и слободни места по инфективните одделенија. По напрвените анализи е заклучено дека минатата недела е достигнато…
Стапката на стакленички емисии бележи рекорден пад во 2019 година, и е на најниско ниво во последните триесет години, објави денеска Европската комисија. Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, ова претставува намалување од 27 отсто на штетните емисии на гас во споредба со 1990, референтната година за климатските стратегии во светот, стои во годишниот извештај за климатска акција на Европската унија кој го мери прогресот на климатските цели на 27-те земји членки на Унијата. Потпретседателот на Европската комисија задолжен за климатските прашања, Франс Тимерманс, по овој повод изјави дека ЕУ докажа дека е возможно да се намалат стакленичките…
Во процес е изготвувањето на моделот за прочистување на судството, постојат повеќе аспекти кои што треба да се докомплетираат, но многу скоро ќе го имаме, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, прашан до каде е најавеното прочистување на судството. Тој додаде дека на методологијата се работело заедно со членови на Судскиот совет, Советот за јавни обвинители, како и поединечни експерти. -Постојат повеќе аспекти што треба да се докомплетираат, меѓутоа моделот многу скоро ќе го имаме. Во принцип, откако се донесени законските решенија во 2019 година започнат е еден вид на филтрирање или прочистување и веќе осум судии се разрешени,…
Повеќе високи дипломати од земји членки на ЕУ за МИА потврдија дека Северна Македонија речиси сигурно ќе биде блокирана од страна на Бугарија на следниот министерски совет на Унијата, на кој требаше конечно да биде усвоена преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел. Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел се состанаа денеска да ги разгледуваат заклучоците што треба да бидат усвоени на 8 декември од страна на министрите за европски работи. Од заклучоците е отстранета опцијата за вклучување на датум за одржување на првите меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија поради ветото на Софија за Скопје,…
Дипломатите во Брисел јавуваат дека денеска амбасадорите на земјите-членки на ЕУ ја разгледуваат драфт верзијата за проширувањето за која треба да разговараат министрите за надворешни и европски работи идната недела. Според пишувањето на „Политико“ амбасадорите чекаат да видат дали Бугарија ќе ја преиспита одлуката за „целосно самоизолирање“, како што објаснил еден дипломат за брислескиот весник. Амабсадорите ќе разговараат и за Турција, што значи дека нивната средба е во контекст на подготовките на самитот идната недела. Бугарскиот претседател Румен Радев минатата недела изјави дека ЕУ не прифатила историските барања на Софија да влезат во преговарачката рамка. Интервјуто на бугарскиот премиер Бојко…
Се наоѓаме во историски момент. Бугарија носи голема одговорност за тоа што се случува во регионот. Решенијата кои ќе бидат донесени оваа недела во Софија, Скопје, Берлин и Брисел, со сигурност ќе го сменат правецот на развој. Се надевам дека ќе биде за добро. Посакувам успех, наведува поранешниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев во анализа за софиски „24 часа“. – Многу добро ги помнам темните години на режимот на Груевски, и затоа премиерот Заев за мене е светлина во тунелот, надеж за подобра иднина и му посакувам успех. Но, зад секој успех стои правилен план и пристап како да успееш, пишува…
Претседателот на српското Национално собрание, Ивица Дачиќ, оцени дека премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев не е политички незнајко и дека знае дека неговите неодамнешни изјави за Бугарија не се точни, но дека му треба согласност на Софија за да започне преговори за членство во ЕУ. Во емисијата „Хит Твит“ на ТВ Пинк, Дачиќ рече дека второто прашање е до каде ќе отиде Заев во тоа. Дачиќ реагираше на изјавата на Заев дека Југославија е виновна за одвојувањето на Македонија од Бугарија и дека во таа земја имало бугарска администрација за време на Втората светска војна. „Но, немојте бугарската окупација…
Сето она што се случуваше на релација меѓу ЕУ и Република Македонија во изминативе 30 години, е огледало на реалната состојба во Унијата, оценува ријечкиот весник „Нови лист“ во текст посветен на европскиот пат на земјава. Весникот посочува дека Грција со децении го блокираше пристапувањето на земјава во ЕУ поради спорот околу името, кој како што се наведува беше надминат со Договорот од Преспа, „попознат како договор за промена на името на Република Македонија во Република Македонија“. Весникот нагласува дека по решавањето на овој спор, нови пречки на патот на земјата кон ЕУ става Бугарија. – Со потпишувањето на Договорот меѓу Бугарија…
По седум години откако е инициран проектот за конзервација за црквата „Св.Ѓорги“ во Курбиново, конечно почна и реализацијата конзервација на архитектурата, изјави денеска министерката за култура, Ирена Стефоска. Таа најави и дека се работи на тоа манастирот „Св.Богородица“ во Матејче, да биде ставен како културно добро во опасност. Министерката за Утрински брифинг, посочи дека во овие месец и пол дена успеале да обезбедат средства за националниот конзерваторски центар веднаш да почне да работи на превентивна заштита на црвката „Св.Богородица“ во селото Матејче, да се заштити од надворешни влијанија, се до моментот кога ќе почне да се работи на крајно решавање…
Михаел Мартенс, авторот на интервјуто со бугарскиот премиер Бојко Борисов за германски Франкфуртер Алгемајне Цајтунт (ФАЦ), на својот Твитер профил напиша дека Бугарија прави сѐ за да го загуби пријателството со Македонците. „Со мудрата политика од 1991 година, Бугарија беше во најдобра позиција да ги направи Македонија и Македонците најблиски соседи и пријатели. Наместо тоа, Бугарија сега прави сѐ за да се оттуѓи од својот потенцијален сојузник со покровителството и понижувањето. Тоа е сигурен пат да ги загуби пријателите“, напиша Мартенс, кој е долгогодишен дописник од регионот за германски весник ФАЦ.
Владата на бугарскиот премиер Бојко Борисов е под голем притисок во ЕУ и повеќе земји-членки поради две работи: многу раширената корупција во државата и блокадата за отпочнување преговори на Северна Македонија со Унијата, пишува во денешното издание лондонскиот „Фајненшел тајмс“. „Политичките проблеми на бугарскиот премиер Бојко Борисов дополнително ги вознемируваат големите прашања за Брисел и одделни држави во ЕУ. Критичарите велат дека не бил поставен соодветниот притисок врз Софија за да го подобри управувањето. Тензиите се зголемија дополнително во тековните недели како резултат на тоа што Бугарија го блокираше отворањето на разговорите за Северна Македонија за приклучување во ЕУ, зголемувајќи…
Министерството за здравство преку соопштение информира дека доктор Никола Пановски, универзитетски професор по микробиологија и експерт во својата област, ги посетил ковид центрите на интерните клиники во Клиничкиот центар на покана на министерот за здравство Венко Филипче. Пановски, како што се наведува во соопштението, направил визита и преглед на пациенти и до министерот Филипче испратил стручно мислење за организацијата на ковид центрите, стручниот кадар и со каква терапија се лекуваат пациентите. – Организационо солидно се поставени центрите, со јасна поделба на зелена и црвена зона, персоналот е адекватно заштитен, а тоа што јавноста треба да го знае, е дека во…