Author: Нова ТВ
Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре и подобар живот, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи. „Така е и сега. Гледаме напред, кон Европа, тоа е единствениот пат кон нашето подобро утре. Изолациите ги оставаме во минатото бидејќи знаеме дека македонската иднина е европска. Во тоа име, продолжуваме да бараме решенија. Само така е европски, само така е македонски. Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик!“, напиша Заев.
Пораките кои доаѓаат од сите држави кои му посакуваат добро на Балканот е дека од нас и од Бугарија се очекува да стават точка на недовербата и непријателството и да инвестираат во политика која нема да биде фокусирана на минатото туку ќе обезбеди европски, порача министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. На новинарско прашање за тоа што работат работните групи на Северна Македонија и Бугарија, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји и што содржи евентуалниот патоказ кон Договорот за добрососедство, кој се споменува, Шекеринска рече дека на тоа одговор можат да кажат одговорните. „Тоа не е задача на…
Во претстојниот период на слави и празници да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19, апелира Министерството за здравство. Министерот за здравство, Венко Филипче претходно предупреди дека домашните прослави и групирања беа главна причина за време на првиот бран да се влоши епидемиолошката состојба и апелираше да не се дозволи тоа повторно да се случи. Од Министерството за здравство потсетија на измените на Законот за здравствена заштита со кои се забранува групирање на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден. „Задолжително носење на заштитна маска…
Писмото на Рикер е испратено на 27 ноември, а завршува со порака „Се најубаво“, напишана рачно на македонска кирилица
Да не заборавиме, но да простиме. Европа ги реши прашањата на европски начин, треба и Балканот да ги реши прашањата на европски начин, ако сака да продолжи кон Европа. Да не заборавиме, но, да простиме, напиша премерот Зоран Заев на своите профили на социјалните мрежи.
Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има за дефицитарни кадри од областа на здравството и во високото образование, но тоа ќе биде регулирано со други закони. Бизнисот бара одредбата за предвремено пензионирање да не важи за реалниот сектор, туку таму да се остави можност прашањето да се регулира договорно меѓу работодавачот и работникот, што е на линија и на предлагачите на законот и на Министерството за труд и социјална политика. Во измените на…
Бугарскиот европратеник порачува дека во рамките на ЕПП ќе покрене расправа за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ
Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите со Бугарија, кои повеќе пати изминатите денови ги потенцира државниот врв, а вчера ги повтори министерката за одбрана Радмила Шекеринска. За тоа дека нема да има преговори за јазикот и идентитетот, посочи премиерот Зоран Заев уште во четвртокот, одговарајќи на новинарски прашања по интервјуто за БГНЕС, кое предизвика реакции во јавноста. Заев тогаш рече дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори,…
Италија се бори со сите сили во Советот на министри што е можно побрзо да се усвои преговарачката рамка за Северна Македонија, посакува надминување на моменталната блокада, која настана по бугарското вето и апелира на здрав разум до сите. Ова во интервју за МИА го порача новоименуваниот италијански амбасадор во земјава, Андреа Силвестри, кој нагласи дека неговата земја е уверена оти иднината на Северна Македонија, како и на другите земји од Западен Балкан е во Европа и дека влезот во ЕУ за регионот ќе донесе стабилна иднина и благосостојба. Во врска со спорот со Бугарија и дали треба да се…
Премиерот Зоран Заев конечно се најде испровоциран од бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов кој со навреди и омаловажувања кон Македонија прави рејтинг во Бугарија. На својот ФБ профил тој го повика Каракачанов да престане со говорот на омраза. -Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас.Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи. Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а…
Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска беше во посета на Прилеп, каде со градоначалникот Илија Јованоски разговараа за актуелната епидемиолошка состојба во градот. Посетата следи по интензивните разговор кои министерот изминативе денови ги водеше со директорите на здравствените институции во Прилеп, како и првиот човек на општината. Прилеп е во третина од градовите во нашата држава во кои сè уште има благ пораст на инциденцата на новодијагнистоцирани случаи поседните две недели, во однос на оние претходни две. Но, и во Прилеп се бележи благо намалување на притисокот во однос на број на пациенти кои доаѓаат за преглед и прием…
– Премиерот Зоран Заев денеска изјави за ТВ 21 дека има закажано средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов. -Нема закажано средба помеѓу мене и Борисов. На ниво на работни групи под раководство на нашиот и бугарскиот министер за надворешни работи се разговара, вели премиерот. За десетина дена треба да се одржи Советот на министрите на ЕУ, на кој на дневен ред повторно ќе биде прашањето за можност за официјален почеток на преговорите со Европската унија, откако Бугарија на состанокот на 17 ноември стави вето и остана на своите барања за воведување на неколку услови во преговарачката рамка. Премиерот Заев…