Author: Нова ТВ

Нашата државност почива на темелите на антифашизмот, но неприфатливо е давање етнички карактеристики на фашизмот,  изјави вчера премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, осврнувајќи се на ставовите што ги искажа во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС, а кои предизвикаа реакции во јавноста. Заев вчера одговараше на новинарски прашања по реакциите кои ги предизвика неговото интервју во македонската јавност, а меѓудругото потенцира дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, наведувајќи дека никаде во светот не се преговара за идентитет и за свој мајчин јазик. Додаде дека Бугарија ја признава реалноста за македонскиот јазик и македонскиот…

Read More

Претседателот на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски смета дека храброста на политичарите да ја кажат вистината е прогресивен и потребен чекор во македонската политика. „Демократијата бара различни мислења, ставови како и дебати на битни теми. Но, неминовна и ноторна потреба е да се реши една работа која со децении се пролонгира (проблем кој го влечат повеќето екс-ју републики). Да се отворат архивите на УДБА и да се види кој кодошел на Белград. Можеби, тие што сега најмнногу креваат врева ќе се најдат на списоците“, напиша Бошковски на Фејсбук.

Read More

„Кажав дека жалам за тоа што му се случи на господинот Зијадин Села на 27-ми април и посакав никогаш да не се повтори, но не се извинив, затоа што јас не сум причината за тоа“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на емисијата „Клик плус“. Тој напомена дека господинот Таравари лошо ја рефлектирал неговата изјава. „За да се извините за нешто треба биде да сте причината за тоа што се случило. Јас не сум причината и не можам да се извинам за нешто“, потенцира Мицкоски.

Read More

Министрите Мила Царовска, Радмила Шекеринска, Бојан Маричиќ, Венко Филипче, вицепремиерот Љупчо Николовски, потпретседателите на СДСМ, Коста Петров и Мухамед Зекири, пратеникот Коста Костадинов, но и многу други видни партиски функционери и членови на органите на партијата застанаа во одбрана на премиерот Зоран Заев и неговите јавно искажани ставови кои деновиве се во фокусот на медиумите. Попладнево и вечерва голем број членови на СДСМ, пред се од раководните органи на партијата на своите профили на социјалните мрежи го споделуваа истиот став, кој воедно е став на партијата во целина. Сите напишаа дека зад ставот на Заев стои партијата и партиските органи.…

Read More

По генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, со поддршка на ставовите на лидерот Зоран Заев и како одговор на повикот на екс лидерот Бранко Црвенковски, излегоа и Радмила Шекеринска и Бојан Маричиќ. -Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори, пишува Маричиќ. Претходно од СДСМ соопштија дека став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и…

Read More

ГОБ„8 Септември“ повторно станува Ковид центар и ги става на располагање сите свои капацитети, дознава НОВА. Болницата ги отвора вратите за сите пациенти со Ковид со сите расположливи капацитети, а врз основа на наредба од Министерството за здравство. Во документот, Наредбата до кој дојде НОВА, стои дека сите здравствени работици без исклучок на специјалност да бидат вклучени во третманот на пациентите болни од Ковид, а тоа значи дијагностицирањње, лекување и следење, како посебни задачи кои во редовни услови не се нивна работна задача. Се вклучуваат и здравствените соработници, помошниот технички персонал, административниот персонал со извршувње на посебни и редовни работни…

Read More

Генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба со корупцијата, Љупчо Николовски, застана зад премиерот Зоран Заев и даде поддршка за неговите ставови во врска со Бугарија, додека за поранешниот партиски лидер Бранко Црвенковски порача дека е историја. Преку неговиот официјален фејсбук-профил тој јавно го сподели партискиот став нагласувајќи дека ставовите на премиерот се и партиски ставови. „Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори. Став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската…

Read More

Коронавирусот успеа да го промени и законот за градба. Модуларните болници, градби и други објекти сега се составен дел на законот. За изградбата на модуларните болници , дозвола наместо Транспорт и врски ќе издава Министерството за здравство, објаснува заменик министерот Беким Реџепи и додава дека оваа промена е направена за поефикасна градба на истите. Поради актуелната состојба со Ковид-19 се роди потреба во законот да се додаде и посебен вид модуларни градби за здравствена дејност. Во овие градби опфатени се модуларните болници и други објекти, зависно од потребата на здравството кои ќе бидат поставени во дворовите на здравствените институции. Исто…

Read More

По низата реакции околу интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев, меѓу која и онаа на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, НОВА побара мислење од универзитетскиот професор и поранешен премиер Владо Бучковски. Според Бучковски, не е во ред некој да биде „обвинет“ за распродажба на историјата кога во исто време, како што истакнува, искрено се бори за нашата европска иднина. – Македонија ја доживува својата катарза. Мене ми е ова Deja Vu. Jас се обидов во 2006-тата по средбата со бугарскиот премиер Станишев да проговорам за нашата заедничка иднина во ЕУ, врз основа на нашата заедничка историја и изразивме подготвеност за заедничко…

Read More

Претседателот на ДУИ Али Ахмети е убеден дека преку конструктивни разговори со Бугарија, сите отворени прашања ќе се надминат пријателски и Бугарија ќе остане силен поддржувач на Република Северна Македонија како дел од Европската Унија. Ахмети ова го истакнал на денешната средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, на која исто така го информирал дека функционалноста на коалицијата и Собранието е на ниво и дека таа функционира според сите принципи што ја водат земјата кон Европската унија. Како што соопшти ДУИ, за време на оваа средба, Ахмети и Која разговараа и за предизвиците со пандемијата…

Read More

По 9 септември 1944 година, Бугарија со 130 илјади војници се придружила кон антифашистичката коалиција и учествувала во антифашистичката борба на територијата на Југославија и Унгарија, до конечната капитулација на Германија. Ова е навод содржан во лекција од учебникот по предметот Историја за деветто одделение од кој учат основците во земјава. Учебникот од авторите д-р Ѓорги Павловски, проф. Димка Ристовска, д-р Владо Велковски, проф. Аријан Аљадеми и проф. Халид Сејди првпат е издаден во 2005 година, тогаш како учебник за осмо одделение. Во продолжение, интегрално ја пренесуваме таа наставна единица, под наслов „Антифашистичкиот отпор на Бугарија“. АНТИФАШИСТИЧКИОТ ОТПОР НА БУГАРИЈА…

Read More

Ставовите и тезите искажани во интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС  предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава, вели поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски. Тој во изјава испратена до медиумите вели дека направена е огромна и непоправлива штета и најавува дека ќе го замрзне членството во СДСМ додека партија не се огради од ваквите ставови. -Во изминативе 7 години се решив да не бидам на било каков начин присутен во политичката јавност во Македонија. За таквото однесување имав повеќе причини, а во оваа прилика ќе ги споменам двете најголеми.…

Read More