Author: Нова ТВ

– Без да можам да алудирам на самото интервју на Зоран Заев и на реакциите кои следувале после тоа, мислам дека Договорот со Бугарија е добра основа за решавање на споровите, а со оглед дека во многу делови се работи за историски прашања треба да ги решат самите историчари. Нам не ни треба еуфорија, не ни треба национализам, туку ни треба решение кое ќе резултира со меѓувладината конференцијата во декември. Македонскиот идентитет и македонскиот јазик веќе се зацртани и тоа се нашите црвени линии Северна Македонија е втемелена со борбата на Македонската револуционерна организација, како и на Народно- ослбодителната борба.…

Read More

Во Европскиот парламент попладнево се одржа дебата за унгарското финансирање на медиуми во Северна Македонија и Словенија, на која од еврокомесарката за правда беа побарани јасни мерки за спречување на овој потег на унгарските власти, јави дописничката на МИА од Брисел. На барање на неколку европратеници, по словенечки новинарски истражувачки стории за „нејасни“ финансирања на медиуми од страна на кругови блиски на унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска потпретседателката на Европската Комисија задолжена за правда Вера Јоурова, присуствуваше на дебата на оваа тема и одговори на прашањата на пратениците. Холандската европратеничка Кати Пири, истакна дека Орбан во Северна Македонија и Словенија…

Read More

Легендарниот светски фудбалер, Диего Амрандо Марадона почина од срцев удар, јавуваат светските агенции. 60 – годишниот Марадона бил примен во болница како последица од срцев удар, но лекарите не можеле да го спасат. Аргентинецот неодамна беше опериран, му беше изваден хематом од мозокот, операцијата помина успешно, по што тој во добра состојба беше пуштен на домашно лекување. Во својата богата кариера со репрезентацијата на Аргентина го освои светското првенство во 1986 година, играше за Бока Јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја… Марадона се смета за еден од најдобрите фудбалери во светот, некои го сметаат најдобар на сите времиња.

Read More

Во интерес и на Скопје и на Софија е целосно да се спроведе Договорот за пријателство и да се надминат недоразбирањата, а Северна Македонија и целиот регион да бидат дел од ЕУ. Наследивме ситуација која не беше во прилог на пријателството меѓу Македонците и Бугарите. Најлесно е ситуацијата да се остави така или да се влоши, но треба да бидеме храбри и да ги подобриме работите. Тврдам дека двата народа се многу блиски и го сакаат најдоброто едни за други, вели премиерот Зоран Заев во интервју за БГНЕС. „Ние сме целосно подготвени да ги исполниме нашите обврски, а Бугарија се…

Read More

Или ќе бидеме заложници на историјата, или сепак ќе сфатиме дека по десет години ова ќе биде историја. Можеме да напишеме поубава страница на историјата која ќе нѐ води кон подобро утре, или да испишеме уште една страница, уште едно вето, уште едни непријателства и со тоа уште да бидеме заложници на историјата, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска во денешното интервју во Студио 10 за Телевизија 24. -Со Бугарија имаме можност за поголема соработка во одбраната. Ние сѐ уште не сме донеле одлука која ќе биде втората држава која што ќе ни обезбедува „ер полисинг“, односно надзор на нашето…

Read More

Социјалната мрежа Твитер соопшти дека ќе ги известува, односно предупредува корисниците кога тие ќе се обидат да лајкнат твит со дезинформации, пренесе Мета.мк. „Овие инструкции помогнаа да се намалат твитовите со цитирање погрешни информации за 29 отсто, така што ги прошируваме за да се покажат кога ќе кликнете лајк на етикетиран твит“, појаснуваат од Твитер. Во моментов корисниците не се во можност да ретвитаат порака која добила етикета за вклучување на спорни пораки, иако можат да ги цитираат твитовите, но од корисниците ќе се бара да дадат дополнителен контекст при цитирањето. Од Твитер велат дека е од витално значење да се…

Read More

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува девет вонредни инспекциски надзори за пациенти во помлада возраст, кои за жал ја загубија борбата со Ковид-19, информира директорката на инспекторатот, Иринка Сотирова Бухова. Директораката на денешната прес-конференција посочи дека од почетокот на пандемијата до денес ДСЗИ иницираше и заврши 21 вонреден инспекциски надзор. За истите тие имаат поднесено иницирање на вонредни стручни надзори, кои не ги работи ДСЗИ, ги работи Министерството за здравство или лекарската комора. Прашана дали имаат претставки од граѓаните по основ на несоодветно лекување од страна на лекарите, Бухова рече дека последниве неколку дена немаат добиено претставки. -Во последните денови…

Read More

– Политичките промени на Западен Балкан започнаа во Северна Македонија во 2017 година. Успехот на македонскиот премиер Зоран Заев (СДСМ) и неговата влада е доказ дека промените се можни, се вели во анализата од ИФИМЕС – Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии од во Љубљана. Аналитичарите сметаат дека доаѓањето на новата американска администрација на претседателот Џо Бајден е клучен момент за политички промени на Западен Балкан. Во најновата анализа на ИФИМЕС со наслов: Надворешната политика на новата американска администрација спрема Европа, Блискиот исток и Западен балкан, во делот за Западен Балкан, стои дека иако некои земји во регионот се претставуваат како…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави денес дека нема прекин во обидите и во комуникацијата со Бугарија за да се најде согласност околу преговарачката рамка на ЕУ за Македонија. Тој не смета дека решение за спорот е потпишување на нов договор туку решението е во сегашниот околу кој треба да се врати довербата бидејќи во Бугарија сметаат дека не се исполнува. Тој потврди дека се разменуваат предлози и идеи, некогаш вербални, некогаш напишани, но јавноста ќе знае за нив ако станат основа за постигнување на согласност, а сега очигледно тоа не е случај, бидејќи не сакаше да ги соопшти.…

Read More

Според информациите што ги имаме, од 2019 до 2020 година само Судскиот совет разреши осум судии, а оваа година се почнати постапки за 83 – причините се застареност на предмети, несоодветност по постапување на предмети и слично, изјави денес на прес конференција владиниот портпарол Душко Арсовски во одговор на новинарско прашање до каде е постапката за ветинг во судството, што ја вети министерот за правда. „Министерот за правда вети дека во првите 100 дена ќе излезе со план како да се направи филтрацијата во судствот, но 100-те дена влада се уште не се изминати“, рече Арсовски. Тој нагласи дека државата…

Read More

Предвремено започнување на зимскиот распуст на учениците оваа година не е потребен, бидејќи во улилиштата нема значително ширење на болеста, истакна денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, како одговор на предлогот на опозицијата по ова прашање. Царовска рече дека иако опозицијата го дала овој предлог не слушнала аргументи со кои тој би бил оправдан, наведувајќи дека бројот на заразени ученици и наставници во наставата со физичко присуство во целата држава е помал од 1 процент. Првото полугодие на учебната 2020/2021 ќе заврши на крајот на годинава, а второто ќе почне на 21 јануари 2021. – Во моментов активни…

Read More

Трета година по ред Секретаријатот на енергетската заедница (ЕЗ) ја оценува со прво место Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во својот годишен извештај за 2020 година. РКЕ е прогласена за најдобар регулатор, заедно со регулаторот на Грузија, со 82 отсто покажани перформанси кон реформските процеси од седум мониторирани регулатори и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина. Во извештајот Секретаријатот на енергетската заедница посочува дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) продолжува со докажување на голема посветеност кон енергетските реформи и регулаторната независност. Во исто време се нотирани и притисоците кон РКЕ,…

Read More