Author: Нова ТВ
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека првите граѓани на Европа ќе бидат вакцинирани против Ковид-19 пред крајот на декември оваа година. Во својот говор пред Европскиот парламент, Лајен предупреди дека и покрај „светлото на крајот од тунелот“, не смее да има брзо олеснување на мерките воведени против ширење на вирусот. “Ситуацијата со пандемијата и натаму е сериозна. Со речиси 3.000 смртни случаи на ден, Ковид-19 беше причина број еден за смрт во ЕУ минатата недела. Болниците се уште се под притисок, знам дека сопствениците на продавници и угостителите сакаат да се укинат ограничувањата, но не смееме…
Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жените, низ портокаловата боја на кампањата „16 дена активизам“, нѐ потсетува дали и колку сме придонеле во борбата против насилството врз жените, истакнува премиерот Заев по повод одбележувањето на 16 дена активизам. Тој додава дека низ таа борба создаваме општество кое ги заштитува жените и на жртвите им дава сила да се извлечат од средините во кои им се закануваат да молчат и да продолжат со животот без насилство. „За политиките на оваа Влада насочени кон превенција и заштита на жртвите од насилство покажуваат делата: отворените шелтери за згрижување, ратификацијата на Истанбулската конвенција,…
Како што информира владината прес-служба, Амет Аџиу е разрешен од должноста в.д. директор на Национален парк „Пелистер“- Битола. Осман Шукриу е именуван за нов директор на Јавната установа Национален парк „Пелистер“- Битола. Владата одлучи Трајче Ангеловски да го разреши од должноста член на Советот за јавно-приватно партнерство, на негово барање, поради постоење состојба на судир на интереси. Елпида Младеновска е разрешена од должноста член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“- П.О. Скопје, на нејзино барање (вработена во УЈП подрачно одделение Крива Паланка). Ѓоко Талевски е рзарешен од…
Вкупно 20711 активни случаи на Ковид-19 се регистрирани во земјава, од кои речиси половината 9985 се во Скопје, а во болниците се лекуваат 1290 пациенти. И покрај растот на бројот на инфицираните, сепак, болниците располагаат со слободни кревети. За да се овозможат дополнителни простории за лекување на заболените, од понеделник на располагање ќе бидат ставени и дел од капацитетите и медицински екипи и од приватните болници. Во претходното деноноќие се евидентирани 1039 нови случаи на ковид-19 од направени 3143 тестирања. Има 998 оздравени пациенти, а починаа 15 лица. 24660 Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата…
Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека најавениот закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство е добра основа за унапредување на борбата против овој тип насилство, но посочуваат дека тој целосно треба да се применува, заради што апелираат сите институции кои имаат надлежности во оваа сфера навремено да се подготват. -Шеснаесет дена активизам против родово базирано насилство е годишна меѓународна кампања што започнува на 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и трае до 10 декември, Денот на човековите права. Координирана од Центарот за женско глобално лидерство, кампањата се користи како стратегија…
Претседателот Стево Пендаровски се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите Нации, чија цел е подигање на свеста за заштита и спречување на насилство врз жени и девојчиња и родово базираното насилство. -Нужно секој од нас да има нулта толеранција на сите форми на родово базирано насилство, во секоја сфера – во семејствата, во училиштата, во институциите, на работните места, на интернет, во медиумите, на јавните простори, вели претседателот Пендаровски во пораката по повод кампањата. Пандемијата, вели тој, не потсети дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца, жртви на семејно…
Едукација, зголемување на дигиталните вештини, намалување на сивата економија, како и субвенции и даночни олеснувања се дел од активностите што се потребни за поттикнување на е-трговијата. Воедно, потребно е модернизирање и дигитализација на институциите за елиминирање на комплексните административни процедури, промотивни активности за зголемување на свеста, како и обновување на регулативата. Тие препораки се дел од анализата за е-трговијата во државава што беше презентирана на отворањето на дводневната конференција за е-трговија „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!“, што се одржува онлајн со над 300 учесници. Во фокусот на конференцијата се предизвиците, можностите и ефектите од ковид-кризата кон бизнисите. Анализата на…
Дебатен магазин „Клик Плус“ на ТВ21 во кој што поранешните премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски меѓу другото говорат за перспективите на македонско-бугарските односи
-Во Бугарија има големо негативно чувство за Македонците. Тие сметаат дека многу малку правиме за Договорот за добрососедство“, изјави во „Клик Плус“ на Тв 21 поранешниот премиер Љубчо Георгиевски. Георгиевски смета и дека сегашниот премиер Зоран Заев радикално влегол во зближување со Бугарија и за тоа треба да се награди македонската влада со почеток на преговорите со ЕУ. -Тоа е голем парадокс од бугарска страна. Ние сакавме и сакаме да се зближиме со нив, а за тоа сме казнети од официјална Софија. Има влада која ти пружа рака, а ти ја одбиваш“, изјави Георгиевски. На сличен став е и универзитетскиот…
Од утре, 40-те медицински сестри се враќаат на работа, најави денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека договорите со кои медицинските сестри биле ангажирани на определено време во Здравствениот Дом – Скопје, им се продолжуваат. „Тие и понатаму ќе ја работат најблагородната професија – спасување на човечки животи“!, пишува министерот на Фејсбук.
Вицепремиер Артан Груби потврди дека преведувал за Хашкиот трибунал, но негира каква и да е поврзаност со озлогласената „Жолта куќа“ во близина на албанскиот град Бурел. Тој негира дека е повикан во какво било својство од Хашкото обвинителство во врска со обвиненијата за водачите на ОВК од Косово. „Работев за Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година и во албанскиот град Бурел бев заедно со иследникот на Хашкиот трибунал, по претходни наводи за наводни злосторства таму и се утврди дека нема никаков случај“, вели Груби во изјава за медиумите. Тој не гледа ништо спорно во неговиот ангажман. „Сите знаат дека сум работел…
Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на вебинарот „Изменување и дополнување на Кривичниот законик на Северна Македонија: Решение за зајакнување на безбедноста на новинарите“ кажа дека Министерството веќе започна постапка за изготвување на нов Кривичен законик во кој ќе бидат вметнати и кривичните дела со кои ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници. – За составување на квалитетен текст на законот веќе како министерство одржавме состанок со претставниците на новинарска фела и новинарските здруженија, вклучително и ЗНМ и синдикатот. Нивните предлози секако се добредојдени, бидејќи само преку отворен дијалог токму со новинарите, ќе можеме да…