Author: Нова ТВ
Мухамед Зекири е избран за генерален секретар во Владата. Одлуката е донесена на последната владина седница, одржана денеска. Имено, Зекири неодамна си поднесе оставка од пратеничката функција, а Собранието веќе ја констатираше оставката. Потпретседателот на СДСМ го менува на позицијата Драги Рашковски, откако Дамјан Манчевски ја одби понудата . Зекири во политиката е од 2016-та година, откако по 18 години во новинарството ја напушта професијата и се зачленува во партијата на Зоран Заев. Беше кандидат за пратеник на парламентарните избори во 2016 во втората изборна единица, каде партијата освои осум мандати. Зеќири основно училиште завршил во „Лирија“ – Чаир, а…
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека опозицијата навремено била запозната со идејата за предлогот за работа на далечина на пратениците во случај на Ковид-19 и самоизолација потенцирајќи дека дополнувањето на Предлогот на Деловникот на Собранието се однесува на пратеници кои ќе имаат решение од соодветна институција и доколку состојбата им дозволува да се вклучат онлајн, односно ако се асимптоматски случаи или со лесни симптоми на домашно лекување. – Повикот до пратениците од опозицијата е да останат вклучени во работата на Собранието. Навреме се соопштени сите идеи. Три месеци зборуваме за тоа. Собранието нема целосно да работи онлајн. Тоа…
Вкупно 295 припадници на Армијата ќе учествуваат во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство. Оваа бројка е еластична и тоа не значи дека утре ќе излезат на терен сите, изјави денеска в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Со тоа, во овој момент околу 150 полицајци и 300 припадници на Армијата ќе бидат ангажирани за обезбедување на здравствени објекти. Припадниците на Армијата нема да бидат вооружени и ќе бидат распределени само онаму каде што ќе биде тоа неопходно, но исклучиво како придружба на полициските службеници. – Полициските службеници се оние…
Инвестираме 50 милиони евра во патната инфраструктура за поврзување со Бугарија, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при увидот на активностите за обнова на патот Трстија -Бигла. Бочварски истакна дека со инвестициите во нови патишта во источниот регион се инвестиции во добрососедство и оти ќе овозможат подобро поврзување и соработка на општините, бизнисите и граѓаните од двете страни на границата. Министерството за транспорт и врски, наведе Бочварски, како никогаш досега инвестира во изградба на нови патишта во источниот регион. Веќе е изграден првиот дел од експресниот пат Штип-Кочани, се гради вториот дел од овој пат којшто е…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари телефонски разговор со шефот на дипломатијата на Полска, Збигњев Рау, за да размени мислења за актуелни прашања од билатералните односи помеѓу двете земји, соработката во рамките на меѓународните организации и за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.Притоа Османи му порачак на Рау дека државата активирала огромна политичка енергија за да ја врати земјата на патот на ЕУ. – Решивме непремостливи предизвици кои на сите им се чинеа како невозможна мисија. Успеавме зашто имавме силна мотивација – европската перспектива за нашата земја и за нашите граѓани. Ние велиме овој процес нема алтернатива. Верувам дека со нашите пријатели и соседи…
Мерката ваучери за домашен туризам ќе продолжи и следната година за што веќе се обезбедени средства во предлог-буџетот на Министерството за економија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во дебатната емисија „И што сега“ на Националната телевизија. Министерот кажа дека досега се искористени 46.000 ваучери за домашен туризам, а податоците од Државниот завод за статистика за раст на бројот на домашни туристи во август и септември покажуваат дека мерката ги дала очекуваните резултати. „Согласно Уредбта која што ја донесе Владата рокот за искористување на ваучерите за туризам кои ги доделивме во јули истекува на 15 декември, бидејки овие средства беа…
Вакцината против коронавирусот, што ја развива Универзитетот во Оксфорд во соработка со „Астра Зенека“, ќе биде за целиот свет, бидејќи ќе чини само помеѓу три и четири долари, објави британски „Телеграф“. „Оксфордската вакцина е вакцина за целиот свет. Додека ’Фајзер’ и ’Модерна’објавија дека успешно ја завршиле фазата на три тестирања, британскиот тим првично потенцираше дека нивната цел е да го направат нивниот производ достапен на целата планета. Не станува збор само за вакцина која ќе може да се транспортира и чува на нормални температури, туку и да биде достапна за секого“, пишува „Телеграф“. Целта поставена од научниците од Оксфорд и…
До крајот на годинава ќе има добри вести од Софија во врска со спорот со Македонија, изјави синоќа за ТВ 21 Али Ахмети, лидерот на ДУИ. „Надминувањето на недоразбирањата меѓу двете земји е прашање на време. Не мислам дека е време да споделувам со јвноста за понудите или последните документи кои се разменети. Ќе почекаме да ја видиме реакцијата од Бугарија“, рече Ахмети и додаде дека е убеден дека од ангажманот на министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе има резултати. „Многу важен момент е за да демонстрира пред сите граѓани, особено пред нашите сожители Македонци, дека ги делиме доброто и лошото,…
Бугарскиот портал „Медиапул“ објави десет незгодни прашања за бугарската влада во врска со спорот и блокадата на Македонија: 1. Зошто Бугарија го предложи контроверзниот бизнисмен Јордан (Орце) Камчев за почесен конзул во Скопје и така се поврза со корупциските скандали. Според локалните медиуми, Бугарија се обидела да го „спаси“ Камчев од истрагата, а потоа дури и му дала обезбедување. 2. Зошто Бугарија не покажа конзистентна политика и не го покрена прашањето за јазикот на омраза и кражба на историјата пред да се приклучи Северна Македонија во НАТО? Така, Софија дозволи да се рефлектираат нерешените билатерални прашања на Алијансата. Нешто што стана…
Соединетите држави се разочарани од бугарската блокада на македонските европски интеграции. Американската амбасадорка Кејт Мари Брнс, во интервју за Телма вели дека билатералните спорови меѓу земјите треба да се решаваат надвор од процесот на интегрирање. „Секако се надеваме дека Северна Македонија ќе продолжи со процесот на пристапување кон ЕУ. Многу јасно ја кажавме нашата желба да ја видиме меѓувладина конференција до крајот на оваа година. И влезот на Северна Македонија во ЕУ ние го гледаме како заеднички интерес. Разочарани сме што Бугарија го блокира прогресот. Навистина е важно, и ние продолжуваме да комуницираме за ова во Бугарија и во Северна…
На љубителите на театарот и на македонската културна сцена во изместен термин, со двомесечно задоцнување, наместо традиционално на крајот на септември, на прекршувањето на ноември и влезот во декември, сепак ќе им се случи Млад отворен театар. И, тоа по јубилеен 45 пат како крик за нормалност во времево на светска пандемија и во услови кога многу нешта ги зеде матицата, а да се планира навистина голема интернационална манифестација стана сизифовско разврзување на јазолот. Како и да е, во дослух со високото реноме и под мотото „Ќе има утре!“, главно онлајн и дел со физичко присуство на три сцени, на…
Република Северна Македонија прави се што е неопходно во функција да се постигне решение за отворените прашања коишто постојат со Софија, изјави денеска премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека Бугарија е голем пријател на земјава и оти верува дека ќе остане на таа линија. – Како што реков, ние не сме многу далеку од договор. Само треба да ја имаме добрата волја, да гледаме позитивно и да ја имаме проектирана иднината пред нас. Верувам дека ќе случи до еве, вториот Совет на министри на ЕУ на 8, 9 или 10 кога и да е, и една средба помеѓу мене и премиерот…