Author: Нова ТВ

Државниот инспекторат за животна средина за три недели направил 68 редовни надзори и 25 вонредни контроли и издал 12 решенија за корекции на индустриските капацитети. Директорката Ана Петровска денеска информираше дека инспекторите ги посетиле „Дрисла“, „Макстил“, „Пејпер мил“ од Кочани, МЕПСО, „Фени“ и други компании, а деновиве ќе го посетат и БЕГ, кој неодамна резервираше поголеми количини на мазут, како можна замена за гасот. Инспекторите утврдиле дека поголем дел од големите инсталации работат во рамките на нивните дозволени гранични вредности, но сомнежот останува за помалите инсталации кои имаат само елаборати за заштита на животната средина, кои пак не содржат прецизни…

Read More

Лекот „фавипиравир“, кој според светските клинички студии дава позитивни ефекти при третман на лекување на коронавирусот, се очекува набрзо да пристигне во државава, изјави за МИА директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Љирим Шабани. Лекот, посочи, е одобрен од Агенцијата за лекови, и се продава со различни трговски имиња: „авиган“ од Јапонија и „фавира“ од Турција. „Една од компаниите најверојатно ќе го донесе ‘авиган’ оргиналиот лек од Јапонија, а кога ќе биде тоа зависи од техничките услови. Тие имаат одобрение уште денеска, уште утре да го донесат, но кога ќе го донесат тоа не зависи од нас.…

Read More

Историјата да ја оставиме на историчарите. Mожеме да ја искористиме историјата на позитивен начин. Таа нѐ сплотува, нѐ спојува и низ нејзе можеме да градиме мостови на соработка и уште поголемо братство. Таа заедничка историја, ако ја правиме повеќе македонска, или повеќе бугарска, може да биде јаболко на раздор и да прави конфликти – вели премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле на македонски јазик. Заев објави линк од целото интервју на својот фејсбук профил, но сподели и видео сегмент во кој нагласува дека историјата не е работа на политичарите. Имаме прекрасен договор во кој полагам огромни надежи. Верувам дека…

Read More

И како членки на НАТО и како соседи со Бугарија делиме ист стратегиски интерес. Ни треба стабилен регион, просперитет и соработка на двата народи. Разочарани сме што Бугарија не даде поддршка да почнеме преговори со ЕУ, но се надевам дека во декември ќе постигнеме прогрес, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешното видео учество на Меѓународниот безбедносен форум Халифакс. –Се надевам дека нашите дискусии со Бугарија ќе бидат продуктивни бидејќи ние можеме да се согласиме на компромис кога е тој неопходен, но на прашања кои го засегаат правото на самоопределување, идентитетот, правото на употреба на својот јазик, ние сме…

Read More

Седум европски земји кои не се членки на ЕУ се придружија на санкциите наметнати од 27-члениот блок кон Белорусија како одговор на бруталната акција за протестите на демократијата предизвикани од спорните претседателски избори во август. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, во изјавата на 20 ноември рече дека седумте земји ги вклучуваат кандидатите за ЕУ ​​Северна Македонија, Црна Гора и Албанија, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Украина. Александар Лукашенко, кој владееше со Белорусија 26 години, се соочуваш со речиси секојдневни протести кои повикуваат на негова оставка уште од претседателските избори на 9 август, за кои според опозицијата…

Read More

Сопствениците на приватните болници „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“, вечерва беа на состанок со министерот Венко Филипче, во Министерството за здравство. Ова е втор состанок, на кој одлучиле одлучувале околу начинот на кој приватните болници ќе се вклучат со лекување на пациенти заразени со Ковид-19. Вечерва постигнавме договор и постигнавме капацитет од 100 кревети. Заеднички се договоривме болницата „Мала Богородица“ старата „Систина“, да се користи како инфективно одделение на кое ќе се примаат болни од Ковид-19. Целосно ќе се опреми таа болница, да се инсталира кислород, што ќе биде направено за неколку денови. Сите ќе помогнат со материјали, со капацитетите…

Read More

Расчинетиот епископ на СПЦ рашко-призренски и косовско-метохиски Артемие, почина денес на 85-годишна возраст. Како што дознава Н1, тој неодамна се пријавил во болницата во Валево поради срцеви проблеми, но неодамна дошол со влошена здравствена состојба, по што му била дијагностицирана пневмонија и денес беше испратен во ковид-болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград. Поранешниот владика починал во амбулантата за време на транспортот до Белград. Епископот Артемије во 2010 година беше сменет од Синодот на Српската православна црква поради финансиско и материјално управување со рашко-призренската епархија, а во 2015 година беше протеран од црквата, потсетува Радио КиМ. Артемије потоа ја формираше рашко-призренската епархија…

Read More

Филип Петровски, поранешен функционер во ВМРО-ДПМНЕ и екс-пратеник, а сега жесток критичар на актуелното раководство на опозициската партија, вели дека се подготвува смена на актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а на тоа кумува поранешниот претседател на партијата, Никола Груевски. С Според Петровски, за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ се подготвува Александар Николоски, потпретседател на оваа партија. „Тука е споната Александар Николоски, за кој што се зборува дека по абдицирањето на Мицкоски, треба да биде неговиот нов наследник, нели, со амин од Груевски, за тој да го задржи своето влијание во партијата. Моите информации говорат дека Николоски работи на создавање на…

Read More

Како дел од мерката за зајакнување на конкурентноста, 400 компании ќе добијат финансиска поддршка во износ од 17,2 милиони евра, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил. Целта на оваа економска мерка, потенцира премиерот Заев, е зголемување на продуктивноста на компаниите, модернизација на процесите, подобрување на конкурентноста, а со тоа и отворање на нови работни места и задржување на постојните. 

Read More

Пред ерата на короната, бевме во брзање кое владееше насекаде. Со хроничен недостаток на време, се занимававме со нешта кои се чинеа толку важни, што понекогаш немавме време ниту за своите најблиски. А тогаш на сцена настапи едно мало суштество, кое дури не може ни да се размножува само, па сме му потребни ние. И, како што сѐ што живее, настојува и бара начин да преживее, така и тој мал мутиран вирус си тера по негово. Од Вухан во провинцијата Хубеи полека, но сигурно го освојува светот. Почнаа да се поместуваат кулисите на нашиот глобален брод, без јасни координати за…

Read More

– Треба да развиваме појасни и посилни инфраструктурни проекти со Бугарија, дел од ова е и Коридорот 8, ако зборуваме за патната инфраструктура, источниот крак од Скопје до границата со Бугарија чини околу 100 милиони евра, што значи ние даваме енергија и придонес за развој на односите со Бугарија. Практично го рехабилитираме постоечкиот пат, го средуваме експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка, кој ќе биде исто така дел од целиот проект. Значи инвестираме 100 милиони евра во патиштата. Некаде се јавуваат проблеми со експропријација, имаме понекогаш застој, во моментов се откажа една од компаниите изведувачи, па сега преговараме за…

Read More

Поради глобалната криза со коронавирус, Владата на РСМ носи пак мерки со кои директно се помага на граѓаните. По реализацијата на проектот купувам домашно и туристичките ваучери, сега граѓаните ќе добијат и по 6.000 денари на своите трансакциони сметки. За ова да се реализира треба измените на законското решение да поминат во законодавниот дом, а тоа е неизвесно кога ќе се случи. КОЈ ЌЕ ДОБИЕ ПОМОШ? Државната помош од 6.000 денари пензионерите, самохраните родители, невработените и младите до 29 години, ќе треба да ја искористат за неколку дена, откако ќе им легнат парите. Лицата со месечни примања под 15 илјади…

Read More