Author: Нова ТВ

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 825 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 62 болни, а во Куманово 106 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп  113, во ковид центарот во…

Read More

„’Многу горчина’: Премиерот на Северна Македонија жали за блокадата на Бугарија во ЕУ“, е насловот на текстот што го објави денеска новинската агенција Франс прес (АФП) по интервју со претседателот на Владата, Зоран Заев во Скопје. Заев за АФП вели дека источниот сосед му донел „непријатно изненадување“. Создаден е голем гнев меѓу братски луѓе што живеат од двете страни на границата, оценува Заев, но сепак изразува уверување дека е можен чекор напред. Напоменувајќи дека постои апсурдност во целиот проблем, премиерот потенцира и дека секое прашање на македонскиот идентитет е „црвена линија“. „Покажавме колку веруваме во европските вредности“, додава Заев, алудирајќи…

Read More

Со буџетот за 2021 година издвоени се 1,141 милијарди евра за областа економски работи издвоивме износ од 1,141 милијарди евра. Со нив ќе  се поддржат инвестициските активности на домашните претпријатија, привлекување на странски директни инвестиции, инвестирање во развојните зони, малите и средни претпријатија, подобрување на конкурентноста, поддршка на домашниот туризам, вели во интервју за „Капитал’ министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој посочува дека „здравје“ е клучниот збор за предлог-буџетот 2021 година. Кога истиот е креиран – приоритет бил здравјето на граѓаните, понатаму заздравување на економијата, здрав систем на јавни финансии и доброфункционален општествен систем воопшто, како и дека сите тие…

Read More

Како доктор, но и како претседател на Лекарската комора, каде стигнуваат искуствата и проблемите на колегите со пациентите за време на пандемијата, секојдневно добивам информации дека борбата со ковид-19 станува потешка и понеизвесна, затоа што голем број од нашите граѓани се однесуваат недисциплинирано и неодговорно кон сопственото здравје, но и кон здравјето на оние со кои се во комуникација, а најчесто комуницираме со блиските. Кај некои луѓе, ковид-19 е кратка и лесна болест, но некои се борат со тешки симптоми и долгорочни последици. Денес, бројките на ковид позитивните пациенти се навистина загрижувачки, па најголемиот број јавни здравствени институции станаа ковид…

Read More

Со оглед на кризната состојба која од синоќа е на сила во цела територија во С.Македонија, предводникот на Македонски Концепт, Петар Богојески, на својот фејсбук профил јавно се понуди да помогне. Имено, Богојески во функција на државата го става целокупниот свој капацитет од 280 кревети кои се во рамки на Adventure Park & Restaurant Woodland, односно популарната Шула Мина, без надоместок за целите и потребите на здравствениот систем.

Read More

Германското претседателство со Европската Унија ќе продолжи да работи на тоа да се одржи прва меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија во декември и треба да се направат напори за остварување на оваа историска одлука на ЕУ. Унијата треба да го препознае она што го постигна земјава во изминатите три и пол години. Ова се пораките што вчера ги упатија високи државни претставници по повод овонеделната бугарска блокада, дека земјава продолжува да работи до последен момент за изнаоѓање решение со Бугарија, без да се доведе во прашање јазикот и идентитетот. -Треба да се направат сите напори за операционализирање на…

Read More

Генералниот секретар на Алијансата откри детали од разговорите за коалиција: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, наводно, јавно се извинил за насилствата во Собранието на 27 април 2017 г., а „на маса“ се нашол и Законот на кој ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше

Read More

Заврши досега најголемиот одржан он- лајн Конгрес на лекари во земјава.  На овој едукативен медицински настан, со над 700 учесници и врвни предавачи од сите дејности во медицината, од  нашата земја и од странство, а во организација на Македонското лекарско друштво, во соработка со Медицинскиот факултет “Св. Кирил и Методи”, беа презентирани исто толку трудови со актуелни теми за третман и лекување на одделни заболувања. Секако, поради актуелната состојба на пандемија предизвикана од COVID 19, голем дел од презентерите се осврнаа и со најнови сознанија, истражувања и третмани на пациентите во лекувањето од овој смртоносен вирус. Во овие вонредни услови,…

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3200 тестирања, а регистрирани се 1237 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-506, Куманово-34,  Штип-55, Прилеп-91, Тетово-51, Струга-31, Велес-67, Битола-30, Охрид-26, Кавадарци-31, Гостивар-75, Гевгелија-23, Струмица-38, Крива Паланка-8, Радовиш-11, Крушево-12, Кочани-15, Пробиштип-3, Демир Хисар-7, Македонски Брод-4, Берово-1,  Валандово-6, Виница-3, Делчево-2, Кратово-5,  Свети Николе-24, Кичево-36, Ресен-13, Неготино-29. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти од: Скопје-284, Куманово-49, Штип-32, Прилеп-61, Тетово-69, Струга-5, Велес-51, Битола-28, Охрид-13, Кавадарци-14, Гостивар-35, Гевгелија-12,  Струмица-25, Крива Паланка-7, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-15, Пробиштип-8, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Берово-4, Валандово-3, Делчево-5, Свети Николе-8, Кичево-1, Ресен-1, Неготино-5. Починати се 39 лица,…

Read More

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, на која се разговараше за актуелните процеси поврзани со евроинтеграциите за земјава, за стратешката соработка меѓу Република Северна Македонија и САД и за предизвиците во справувањето со пандемијата предизвикана од Ковид-19. На средбата, соопшти владината прес-служба, заеднички беше констатирано дека двете држави посакуваат преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија да започнат до крајот на годинава, како влог во стабилност на регионот и како важен процес за обезбедувањето просперитет за граѓаните. Според Заев и Брнз, решавањето на билатералните прашања треба да остане надвор…

Read More

Владата на денешната 23-та седница донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од Ковид-19 и заради спречување на негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, соопшти владината прес-служба. Ова е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, по претходен предлог на групата за процена. Претходно на седница, Советот за безбедност препорача прогласување кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, со цел ефикасно…

Read More