Author: Нова ТВ
„Бугарија најмногу од сите соседи како и пријатели од целиот Западен Балкан сакаше Република Северна Македонија да влезе во ЕУ“, рече премиерот Бојко Борисов за време на денешниот состанок на владата. Премиерот потсети дека Бугарија ја поддржа Република Северна Македонија за нејзино членство во НАТО. „Бевме исклучително добронамерни, загрижени и во разговорите што ги водевме со нив, многу внимателно им објаснивме до каде можат да одат нашите компромиси“, рече Борисов, потсетувајќи дека е формирана заедничка историска комисија за решавање на спорните прашања со прецизни аргументи. Борисов исто така рече дека биле водени десетици разговори, вклучително и со учество на вицепремиерите…
Инцидентот со ветото над Северна Македонија е куриозитетен од многу гледишта. Ова го изјави за Бугарското национално радио, политикологот и предавач на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, доц. Проф. Даниел Смилов. Според него, ова е во спротивност со позициите што досега ги бранеше Бугарија. Тој потсети дека од 90-тите години Бугарија е земја што најактивно ја поддржуваше Македонија за нејзиното членство во ЕУ „и ова е наш стратешки приоритет“. Според Смилов, ГЕРБ досега одржуваше проевропска линија и го бранеше приоритетот на Западен Балкан пред Европејците кои не се многу убедени дека регионот треба да стане дел од Европската унија. Според…
Филипче се сретна со директорите на Интерните клиники: Се прошируваат капацитетите за ковид пациенти
Министерот за здравство Венко Филипче рано изутрината одржа состанок со директорите на Интерните клиники, при што беше разгледана моменталната состојба со пополнетоста на ковид центрите, состојбата на пациентите кои таму се лекуваат, расположливоста со медицински пероснал и можностите и потребата од проширување на капацитетите, соопшти Министерството за здравство. На состанокот, како што се посочува, покрај координаторот на ковид центрите на Интерните клиники проф. д-р Дејан Докиќ, беа присутни и директорите на клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, за уво, нос и грло и Кожната клиника. Во моментов на интерните клиники има околу 20-тина слободни места, а се очекува да се…
„Да се сопне Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија не е само морално неодбранливо, тоа е геополитички глупаво“, пишува на својот блог Бојко Пенчев, литературен критичар и културолог, кој е и декан на Факултетот за словенска филологија на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија. Пенчев активен учесник во јавниот дискурс во Бугарија за повеќе теми. Ставот на Пенчев, кој го пренесоа повеќе бугарски медиуми, е дека Бугарија со блокадата е на пат да направи капитална политичка грешка со историски последици. Еве што напиша Бојко Пенчев: „Не можејќи да се справи со растечката епидемија, исплашена од кенкавите и неспособни, но…
Во врска со злоупотребата на историјата со која владата на Република Бугарија се заканува да го блокира почетокот на преговорите меѓу Брисел и Скопје во процесот на евроинтеграција на Северна Македонија, група историчари од пост-југословенските земји, кои оваа година го иницираа потпишувањето на Декларацијата „Да ја браниме историјата“, испратија протестно писмо, што го НОВА Ви го пренесува во целост: Конфликтите околу историјата и историските симболи повторно се политичка тема во Југоисточна Европа. Во последните месеци, бугарската влада се закани дека ќе ги блокира разговорите меѓу Брисел и Скопје, барајќи од Северна Македонија да ја прифати „историската вистина“ дека македонскиот идентитет…
Пред една година беше регистриран првиот случај на заболен од коронавирусот. Станува збор за 55-годишен маж од провинција Хубеи во Кина. Оттогаш, бројот на заразени лица во светот надмина 55 милиони, а повеќе од 1 300 000 луѓе починаа од последиците предизвикани од вирусот Ковид-19. Денес во Кина има само по неколку случаи на заболени на дневно ниво, но затоа на пример во САД бројот на заболени е околу 150.000 луѓе во еден ден. Ништо помалку не страдаат и другите држави низ Европа и светот. Во Швајцарија, во последните 24 часа се потврдени нови 4 560 случаи на коронавирус, објавено…
Недонесувањето одлука на состанокот во Брисел е пораз за идејата на ЕУ, но во исто време е потврдено во изјавата на претседавачот, германскиот министер за европски прашања Михаел Рот дека до декември постојат уште можности, објави денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук. – Tреба да продолжиме во духот на дијалог, а не низ конфликти, да дојдеме до решение, наведува Заев во фејсбук-објавата. Тој потенцира дека во вакви ситуации „е многу лесно да се удираме во гради, но нашата намера е да бидеме рационални и да ги придвижиме работите според очекувањето на нашиот народ, а тоа е да чекориме и понатаму…
Британската влада не била транспарентна во доделувањето договори за набавки и услуги во вредност од 20,1 милијарди евра во пандемијата, заклучува британскиот ревизор во извештајот објавен денеска. -На почетокот на пандемијата, владата мораше итно да набави опрема за лична заштита за вработените во болницата на многу зафатен глобален пазар. Признаваме дека станува збор за вонредни околности, нагласи Герет Дејвис, директор на Државниот завод за ревизија (НАО), орган што го надгледува трошењето на народните пари. Сепак, според него исклучително важно е тие одлуки да бидат соодветно документирани и јасни, дали владата сака да ја задржи довербата на јавноста кога станува збор…
Угостителите се со единствен став дека не смеат да бидат опфатени на кој било начин во ограничувањата и условувањата за начините за работа во недела и целокупната угостителска индустрија мора да биде изземена од комбинации во иницијативата недела да биде неработен ден и за угостителството, соопшти Независната угостителска комора (НУК). Од НУК порауваат дека за сите угостители е неприфатливо какво било алтернативно решение, како што се најавува, со што одделни угостителски објекти во зависност од некои услови би можеле да продолжат да работат и во недела со обезбедување дополнителни потврди или лиценци за нивна оправданост. -Какво било ограничување со кое на дел…
– Анализите на Министерството за здравство покажуваат дека е намалена преносливоста на коронавирусот. Факторот на преносливост R0 (ер нула), е намален од 1,5 на близу 1. Тоа значи дека еден човек при непосреден контакт заразувал 1,5 човек, а сега анализите покажуваат дека заразува помалку од 1, објасни вчера министерот за здравство Венко Филипче. Министерот рече дека мерките даваат резултати, но предупреди оти вирусот е непредвидлив и во даден момент може да се влоши клиничката состојба на пациент, па да треба голем број пациенти да се хоспитализираат. – Тоа значи огромен притисок врз здравствениот систем, изјави Филипче. Министерот потенцира дека засега не е потребно воведување…
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер нагласи дека откако вакцината за коронавирус ќе стане достапна, Европската унија треба да сподели некои од своите дози за да им помогне на вакцинирањето на работниците од првата линија во посиромашните земји. -Германија и Европа сега мора да испратат политички сигнал дека се подготвени да се откажат од некои од овие квоти од самиот почеток, на пример, да ги заштитат здравствените работници во посиромашните земји што е можно поскоро, напиша Штајнмаер во авторска статија за денешниот број на германскиот весник Тагесшпигел. Минатата недела Европската комисија официјално одобри рамковен договор со БиоНТех и Фајзер за најмалку 300…
Се прават анализи за следните чекори во справување со КОВИД-19, се размислува за рестрикции, за што деновиве ќе заседава и Советот за безбедност, но мерките за лична заштита почнаа да даваат резултати – од 1 ноември R факторот на преносливост се намалува и тоа ќе продолжи така секако доколку и натаму се спроведуваат актуелните мерки за заштита, оцени премиерот Зоран Заев. -Се размислува и за некоја форма на карантин или други рестриктивни мерки. Ги правиме анализите и ќе стигнеме до следните чекори. Мнозинството во комисијата е на ставот дека полициски од 21 часот нема да даде некои резултати, додека ако…