Author: Нова ТВ

Друштвото на писатели на Македонија излезе со реакција по повод актуелните политички недоразбирања со Бугарија. -Проблематизацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја од страна на бугарската политика, искажана деновиве како уцена во процесот на нашата европска интеграција, за македонските писатели е особено загрижувачка. За неколку стотици активни писатели и неколку стотици починати писатели, врежани во македонскиот книжевен канон, евентуалната повреда на нивното основно изразно средство, јазикот, би претставувала директен удар врз суштинскиот градбен елемент на нивната уметност, и воопшто, удар врз нивниот творечки интегритет. Јазикот на кој пишувале и пишуваат тие е македонски и не може да биде никаков друг.…

Read More

Матурата за средношколците ќе се реализира во текот на наредната година и во законски утврдените рокови, како иста пракса што се случуваше во други држави од регионот и Европа, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска. За време на нејзиниот престој во Битола, Царовска ги повика учениците навреме да изберат проектна задача и наставни предмети што ќе ги полагаат за матурата. -Сакам да ги поттикнам учениците до крајот на овој месец да изберат проектна задача за претстојната матура и до крајот на следниот месец да изберат предмети кои што ќе сакаат да ги полагаат за матурата. Не сакаме пандемијата…

Read More

Европските лидери му дадоа зелено светло на Скопје за влез во ЕК, но сега постои уште една пречка – Бугарија, наведува Еуроњуз во анализа насловена „Бугарија става кочници за соништата на Северна Македонија за ЕУ“. Според Еуроњуз, причина за блокирањето се внатрешно-политичките проблеми на владата на бугарскиот премиер, Бојко Борисов. „Софија, која моментално е зафатена со долготрајни антивладини протести, се противи на започнувањето на разговорите за членство, велејќи дека не е задоволна од сегашната рамка за преговори. Протестите против корупцијата во Бугарија траат повеќе од 100 дена, а демонстрантите бараат оставка од Борисов и главниот обвинител Иван Гешев. Тие се…

Read More

Во првите девет месеци од годинава бројот на туристите е намален за 60,4 отсто. Земјава ја посетиле 83,8 отсто помалку странски гости во однос на периодот јануари ‒ септември 2019, а пад има и кај домашните туристи за 20,7 проценти. Според Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата во истиот споредбен период е намален за 46,3 отсто – кај домашните туристи за 14,1, а кај странските за 84 проценти. Бројот на туристите во септември 2020 година бил 44.313 што е намалаување во однос на септември 2019 година за 63,9 отсто, додека бројот на ноќевањата изнесувал 117.118 што е пад за 57,5…

Read More

Папата Франциск му ја честиташе победата на изборите на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, кој кога на 20 јануари ќе даде заклетва ќе стане вториот католички претседател на САД, по Џон Кенеди. „Новоизбраниот претседател Џо Бајден утринава телефонски разговараше со папата Франциск. Му се заблагодари за благословот и честитките”, соопштија од тимот на Бајден. Бајден изјави дека сака да соработува со Папата „на темелите на заедничкото верување во достоинството и еднаквоста на човештвото, на прашањата како што се грижата за маргинализираните и сиромашните, кризата со климатските промени и приемот и интеграцијата на мигрантите и бегалците во нашите заедници“. Бајден, кој…

Read More

Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна. На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација. По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација која обезбеди историски пласман на Европското првенсто, во раните утрински часови беше пречекана од премиерот Зоран Заев. – Голема е радоста што вечерва ја преплави целата земја. Оваа радост ја донесоа македонските фудбалски јунаци кои ги оставија срцата на теренот во Тбилиси и донесоа победа која македонската историја не ја памети до сега, со што Македонската фудбалска репрезентација ќе учествува на Европското фудбалско првенство. Целата држава, сите македонски граѓани ја споделуваат радоста за успехот на фудбалската репрезентација. Еден гол за сите, една победа за сите! Така е кога заедно играат Македонци, Албанци, Турци… во исти дресови, под…

Read More

Владата на вечерашната седница донела одлука да ги награди фудбалерите за историскиот успех со по 10.000 евра. ,,Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство. [🇲🇰] #ОдимеНаЕвропско”, објави премиерот Зоран заев на неговиот Фејсбук профил.

Read More

Државниот врв и честиташе на македонската фудбалска репрезентација за победата во мечот со Грузија, со која се пласираше на европско првенство. Македонскиот фудбал оди на Европско! Конечно, имаме историски резултат благодарение на нашата репрезентација, на нашите херои. Гордоста и посветеноста победуваат, радувај се народе! #EURO2020, напиша премиерот Заев на својот фејсбук-профил. Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски напиша: Се гордееме со вас, одиме на Европско! Минстерот за здравство Венко Филипче, напиша дека ова е голем ден за славје, но порача сепак мерките за заштита да се почитуваат. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска се приклучли во честитките. И министерката за…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување. Предводени од капитенот Горан Пандев, “црвено-жолтите“ вечерва во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Пандев во 56. минута по одличната акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија Несторовски. Како што најавија, сите играчи кои добија шанса од селекторот Игор Ангеловски, го дадоа својот максимум, бескомпромисно влегуваа во дуелите со физички силните Грузијци и на крајот заслужено беа наградени со пласман на континенталното натпреварување. На евро-шампионатот, одложен поради коронавирусот од оваа за следната,…

Read More

Поддршка на националните институции во подобрување на управувањето со демографските и миграциските движења во Северна Македонија, е главната цел на новиот заеднички проект на Владата и Обединетите нации, финансиран од Мулти-партнерскиот фонд за миграција на ООН. Проектот наречен „Миграциски дискурс, политика и планирање базирано на докази“ ќе се спроведува во текот на следните 30 месеци од страна на три агенции на ООН и тоа Меѓународната организација за миграција – ИОМ, Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА и Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци – УНХЦР, во координација со Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН во земјава. Вреден…

Read More

Вкупно 400 компании од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот ги исполнија условите од Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентоста на деловните субјекти во текот и во пост-ковид периодот ќе добијат финансиска поддршка од државата

Read More