Author: Нова ТВ

Светскиот ден на грижа за ментално здравје, 10 октомври, потсетувa на важноста на менталното здравје за целата популација. „Во услови на Ковид-19 важно е да се обрне внимание на влијанието на кризата врз менталното здравје на групите под ризик, како што се повозрасни лица, децата и адолесцентите, различни групи со зголемен ризик за насилство, лицата кои веќе се лекуваат од ментални растројства, како и на здравствените работници, кои несебично ги вложуваат сите свои човечки потенцијали за справување со пандемијата и за зачувување и подобрување на здравствениот статус на населението“, велат од Министерството за здравство. „Грижата за нашето ментално здравје е…

Read More

Во Собранието ќе се прави епидемиолошка анкета откако пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски, синоќа бил хоспитализиран на Инфективната клиника, поради симптоми на Ковид19.  Јахоски последен пат бил на работа во средата на Комисијата за финансирање и буџет. Собранискиот спикер Талат Џафери го информирал претседателот на Комисијата за заразни болести по што ќе се прави епидемиолошка анкета на пратеници.

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека верува дека со новиот пакет на мерки, рестрикција, зголемување на ингеренциите на инспекторатите и апелот до граѓаните да се придржуваат до мерките, ќе даде резултат. Доколку тоа не се случи, според него, следниот чекор е карантин, но се надева дека таквата мерка ќе биде избегната. „Следниот чекор е целосен карантин, се уште сме далеку, но можно е“, рече Филипче. За новиот пакет мерки, според него ќе се разговара уште викендов, а редовната седница на Владата е закажана за вторник. Одговарајќи на прашање поврзано со правните дилеми за мерките како што е забрана…

Read More

Примирјето стапи на сила во Нагорно Карабах во 12.00 часот по локално време (10.00 часот по средноевропско време) во согласност со договорот постигнат на вчерашниот состанок во Москва. Во текот на ноќта се воделе интензивни битки на линијата за раздвојување во зоната на конфликти во Нагорно Карабах, објави Министерството за одбрана на Азербејџан. Според Министерството за одбрана на Ерменија, на единиците на армијата Нагорно-Карабах им било наредено да престанат со оган. Од своја страна, Баку објави дека ерменската војска го гранатирала селото Гадрут, што Ереван категорично негираше. Министрите за надворешни работи на Ерменија, Азербејџан и Русија се состанаа во Москва…

Read More

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји вчера во Подгорица изјави дека Брисел предлага сите главни градови во регионот да се поврзат со автопатишта и железница, како и со брз широко појасен интернет. – Ви носам нов инвестициски план за Западен Балкан, во кој е вклучена и Црна Гора. Кога новата Комисија го презеде мандатот имавме само три цели, првиот да ги обновиме односите со земјите од Западен Балкан и ангажман како да се приближат до ЕУ, истакна Вархеји. Вархеји потенцира дека планот е осмислен на регионално ниво. – Нудиме пакет од девет милијарди евра грантови и 20 милијарди евра во…

Read More

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вечерва изјави дека доколку мерките за заштита од Ковид-19 не дадат резултат, ќе има препорака за рестрикција во движењето. Филипче рече дека болничките капацитети се пополнуваат и дека лекарите и сестрите се под притисок. Но, тие се мотивирани, работат и нема да се случи болните од ковид да останат без медицинска нега. Заради очекуваниот есенски бран и зголемениот број на нови случаи Филипче истакна дека Комисијата за заразни болести предложи до Владата нови рестриктивни мерки како задолжително носење маска на отворено, забрането групирање на повеќе од 4 лица по 22 часот. Зголемени се…

Read More

„Историјата да биде мост на пријателство и блискост, а не скршен мост по кој Северна Македонија не може да премине“, е пораката која бугарскиот премиер Бојко Борисов му ја упати на министерот за надворешни работи Бујар Османи кој во Софија се сретна и со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева. По неколку недели неизвесност во која насока ќе тргнат македонско-бугарските односи и дали ќе влијаат врз македонскиот европски пат министрите за надворешни работи на двете земји Бујар Османи и Екатерина Захариева се сретнаа тет-а-тет во главниот град на источниот сосед. Османи е прв македонски политичар кој се сретна и со бугарскиот…

Read More

Универзитетскиот професор по уставно право доктор Светомир Шкариќ, оценува дека предлогот на Комисијата за заразни болести во домовите да не може да се собираат повеќе од четворица гости е оправдан и дека во услови на пандемија примарно е јавното здравје, а на Уставот треба да се размислува откако државата ќе успее да се справи со кризата која е и глобална. -Што е Уставот во однос на пандемија? Во Лондон не смеат повеќе од шестмина на улица да се движат. Ни правото ни уставот не можат во вакви вонредни услови да имаат никакво значење. Моне вели дка нужноста ја создава Европа,…

Read More

Министерството за образование и наука апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста. Од МОН велат дека протоколите за заштита од заразата докажано функционираат, доколу сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита. Од целокупното одговорно однесување, велат од МОН, ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата. „Министерството за образование и наука, заедно со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ги презема сите мерки, препораки, протоколи, алгоритми…

Read More

Уставните начела и закони ќе се почитуваат и тоа начело за неповредливост на станот или на домот е начело што нема алтернатива и мора да биде почитувано, беше дециден денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање како полицијата ќе ја спроведува мерката за контрола за проверка на домовите и дали ќе и треба на полицијата налог од Суд. За тоа дали има механизми за проверки и контроли, Спасовски потврди дека има и појасни оти и сега има такви потреби и врз основа на тоа се прават такви контроли. Тој повика да се почека Владата да ги…

Read More

Некогашниот сопственик на А1 Велија Рамковски за ТВ 24 вели дека со бомбите кои вчера се појавија на Јутјуб се докажува тоа што и претходно на сите им било јасно. Дека Груевски ја затвори телевизијата. Рамковски сега бара повторно судење. „Овие бомби го покажаа тоа што целиот народ го знаеше, дека Груевски исплете мрежа, пајажина за затворањето на А1“. Во затворот, затворениците, службениците, полицајците, немаше некој на кого не му беше јасно дека сме затворени од Груевски. А целта беше, цел тој театар затворање на А1 и од овие раговори баш се гледа тоа негово оркестрирање на целиот тој случај.…

Read More

Фудбалската репрезентација на С.Македонија ја совлада селекцијата на Косово со 2:1 и се пласираше во финалето на плеј-офот од Лигата на нациите и ќе се бори за пласман на Европско првенство 2021 година. На Арената „Тодор Проески“ во Скопје, резултатот го отвори Кололи со автогол во мрежата на гостите, израмни Флорент Хадерѓонај за Косово, а само неколку минути подоцна Велковски, по асистенција на Енис Барди, го постави конечниот резултат за радост на македонската нација. До крајот македонскиот состав ја задржа предноста, иако имаше шанси за погодок и на двете страни. Големото финале против Грузија ќе се игра на 12 ноември…

Read More