Author: Нова ТВ
„Апсолутно сум свесен прво и како претседател на Владата и како човек којшто е упатен во процесите, дека тоа што се случува во светот нема да не одмине нас. Секој со својот памет зависи како ќе се позиционира и во делот на вистинските правци и во делот на навременоста на позиционирање и еве ја имам честа и одговорноста да ја водам Владата каде што се креираат главните пакети и димензии. -Одлично соработуваме со коморите, со универзитетските институции каде што имаме квалитетни кадри но и со синдикатите, работодавачите и сите. -Оттука произлезе и 4-от пакет мерки. Прво лично не верувам дека…
Под мотото „Протестирам против уништувањето на ноќните клубови“ музичарите и угостителите денеска протестираат пред зградата на Владата откако беа донесени мерки со кои се забранува гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти, се ограничува јачината на музиката до 55 децибели и се намалува бројот на лица кои може да седат на една маса од 12 на 4. Пред владата тие поставија импровизиран ноќен клуб и побараа средба со надлежните. Тие велат дека не се задоволни од одлуките на Владата. Бараат таа да изработи нови протоколи за нивниот сектор, кој, како што рекоа, е сериозно погоден поради корона-кризата и…
Додека белгиската федерална влада ги заостри рестрикциите на национално ниво, вклучувајќи ја и мерката за затворање на кафе баровите во 23 часот, регионалната влада во Брисел донесе мерки за дополнително заострување на мерките на локално ниво. Од утре изутрина, сите кафеа и барови во главниот град и околниот регион ќе мора да прекинат со работата, во период од еден месец. Забрането ќе биде и конзумирањето алкохол на отворено. Правилата за локално ниво доаѓаа по новите национални правила, со кои се ограничи големината на индивидуалните социјални групи на 4 луѓе, наместо досегашните 5. “Едно од 7 лица во Брисел, има позитивен…
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими Комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји. Комесарот Вархеји на претседателот Пендаровски му го предаде Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2020 година. Заблагодарувајќи се за ангажманот на комесарот Вархеји и неговата цврста поддршка на перспективата за проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, претседателот Пендаровски истакна дека Извештајот дава детален приказ на состојбите во државата и степенот на реализација на реформите. Според претседателот Пендаровски, извештајот на комисијата дава поттик за натамошно интензивирање на реформската агенда во сите сфери посочени во…
Во интерес е и на Бугарија и на Северна Македонија да најдат решение за прашањата кои предизвикуваат недоразбирања. Без да се разјаснат ќе биде многу тешко работите да се придвижат напред. Ова е моментот за да се постигне договор, изјави денеска во Скопје еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на заедничката прес – конференција со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев. – Гледам посветеност од страна на Заев и на Борисов и се надевам дека ќе успеат да изнајдат решение и колку што знам тие работат на тоа. Ќе направиме се што можеме доколку ние можеме да помогнеме во процесот. Да се…
„Земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементација на веќе донесените закони и постоечки механизми. Јас како премиер заедно со министрите од анализата на наодите од Извештајот на Европската комисија ќе ги искористиме укажувањата за проверка на нашите акциски планови и стратегии од првиот кластер од поглавјето за преговори посветен на темелните вредности“, истакна денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Премиерот Заев посочи дека во Извештајот е нотирано оти земјата во многу области има постигнато високо ниво на усогласеност со европското законодавство и оти се препорачува имплементација и испорака на…
Основачот и лидер на грчката неонацистичка партија Златна зора, Никос Мицалолијакос, е осуден за „водење на криминална организација“. Пресудата, која е кулминација на петгодишното судење, предизвика еуфорија кај насобраните пред судот во Атина. Илјадници граѓани се собраа денес пред судот во Атина за да ја слушнат пресудата за историското, петгодишно судење на активисти на неонацистичката партија. Златна зора освои 18 места во парламентот во 2012 година, искористувајќи ја длабоката економска криза во која западна земјата. Партијата беше во парламентот до 2019 година, кога тие не го поминаа цензусот. Кривичната истрага на партијата започна со убиството на антифашистичкиот рапер во 2013…
Со концерт на Хана Корнети и претставување на муралот „Патување“ на ликовниот уметник Сали Ертунч, вечерва официјално ќе биде отворен Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“. Центарот е формиран по иницијатива на Јадро – Асоцијација на независната културна сцена и е лоциран на ул. „Алберт Ајнштајн“ бр.2 во Скопје. Идејата настанала од потребата за место, фокус, каде што слободно ќе се изразува урбаниот живот, современите социокултурни практики, простор што ќе создава aвтономни, самоорганизирани содржини што ќе го артикулираат нашиот урбан, интелектуален, критички и творечки капитал. „Физичкиот простор во материјалната структура на градот секогаш претставува важна точка на секое културно и уметничко настојување. Овој…
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, вчера прв пат во неговиот мандат ги презентираше редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од западен Балкан и Турција, Северна Македонија бележи напредок во повеќе области, но треба да вложи дополнителен напор за медиумите, антидискриминацијата и говорот на омраза, истовремено да се ангажира со Софија за надминување на спорот за да избегне блокада во ноември, јави дописничката на МИА од Брисел. Северна Македонија, споредбено со другите земји од регионот бележи најзначителен напредок во повеќето области на патот кон ЕУ. Во делот за правосудството, земјата треба да продолжи да се подобрува, но се нотира…
Северна Македонија направи одреден напредок и е на добро ниво на подготовка за развој на функционална пазарна економија. Економскиот раст се забрза во 2019 година со зголемувањето на инвестициите, но, од април 2020 година, кризата со КОВИД-19 остави свој белег врз економијата и јавните финансии, се наведува во годишниот извештај на ЕК за напредокот на земјата. – Властите презедоа низа мерки за поддршка на компаниите и домаќинствата, за да го ублажат економското и социјалното влијание на кризата. Фискалната транспарентност беше дополнително подобрена. Сепак, фискално значајните реформи во оданочувањето на доходот и системот на пензии, воведени на почетокот на 2019 година,…
Европската комисија соопшти дека турската Влада ја поткопува економијата на својата земја, ја поткопува демократијата и ја уништува независноста на судовите, поради што Турција е многу подалеку од членството во Европската унија отколку претходно. Комисијата ги обвини „претерано“ централизираните претседателски овластувања за влошувањето на слободата на говорот, затворскиот систем и централната банка и рече дека владата ја изложува Турција на „брзи промени во расположението на инвеститорите“. „Голема загриженост во ЕУ има во врска со негативниот развој на владеењето на правото, основните права и судството што Турција не ги прикажа веродостојно“, се наведува во годишниот извештај на ЕК за оваа земја,…
Еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија. Вархеји, како што е најавено, ќе има средби со премиерот Зоран Заев и со членови на Владата. По билатералната средба и свечената седница на Владата, Заев и Вархеји ќе одржат прес-конференција. Предвидено е еврокомесарот за проширување и добрососедство да се сретне и со претседателот на Парламентот Талат Џафер и да има обраќање пред пратниците во законодавниот дом. Најавен е и работен ручек на еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји со претседателот на државата Стево Пендаровски. За време на престојот во земјава, Вархеји ќе…