Author: Нова ТВ
– Да не заборавиме, од двете зелени светла, едното – за Северна Македонија, беше безусловно. Значи, нема услов што треба да се исполни за да почнат пристапните преговори. Затоа е многу важно за ЕУ таа одлука да се спроведе, во смисла на прва меѓувладина конференција. – Но, покрај македонскиот и европскиот влог, тука голем влог има и нашиот сосед – Бугарија. Мислам дека успехот овој процес да продолжи, ќе биде успех и на Бугарија, како земја сосед и пријател што сака да стане уште поголем пријател. Нема уште многу време, можеби уште четири – пет седмици. – Ние на политичко…
Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, се обрати пред европратениците попладнево откако беа објавени извештаите за реформскиот напредок на земјите од западен Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел. Еврокомесарот истакна дека Северна Македонија одржала стабилен напредок во делот на реформите, посебно владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал. -Дискусиите се во тек во Советот за предлог преговарачката рамка и се надевам дека меѓувладините конференции ќе се одржат под сегашното претседателство, доколку бидат усвоени, рече Вархеји. Европската Комисија ги поднесе предлог преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија до земјите членки на почетокот на летото. Земјите членки треба,…
МИА дојде до делови од извештајот на Европската Комисија (ЕК) кој треба да биде објавен попладнево за реформскиот напредок на Северна Македонија кон ЕУ, јавува дописничката на МИА од Брисел. Европската Комисија попладнево ќе ги објави редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од Западниот Балкан и Турција, како и долгоочекуваниот Економски и инвестициски план за регионот. МИА одвојува неколку делови од извештајот за Северна Македонија, каде е нотиран напредок во мнозинството области, но и делови каде е потребен дополнителен напор, како што се медиумите и законодавството за спречување на дискриминација. ВО ДЕЛОТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ КРИТЕРИУМИ, ЕК ИЗРАЗУВА ЗАДОВОЛСТВО ШТО…
Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, и Андреа Серафимовски, претставникот на Здружението на градители при Стопанската комора на Македонија, ја информираа јавноста дека се подготвува нов Закон за градба според кој во иднина сите нови станбени единици ќе мора да се градат со приклучок за парно. – Во моментов според податоците кои ги добиваме од БЕГ, од 15 до 20 нови згради се направени без приклучок на системот на загревање со топлинска енергија. Тие очигледно решиле дека поекономично им е странарите да се греат на електрична енергија, рече Бислимовски пред новинарите, пренесува фактор. Серафимовски рече дека неговото Здружение…
Владата на Република Северна Македонија на денешниот состанок ја одобри одлуката за отворање на границите безусловно (без тест за ПЦР). Одлуката стапува во сила на 12 октомври.
Итно донесување закон за спречување и заштита од дискриминација, со транспарентна постапка за избор на членови на Комисијата, со цел граѓаните да добијат квалитетна законска рамка и реформиран систем за ефикасна и ефективна заштита и превенција од дискриминација, побараа учесниците на денешната конференција „Сите, сега: одговорноста на институциите за обединување против дискриминација“ организирана од Мрежата за заштита од дискриминација. – Борбата против дискриминацијата е високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика и на Владата. Оттука, првото законско решение кое што излегува од Министерството е Законот за заштита и спречување на дискриминација. Ова е законско решение беше укинато…
Претседателот на САД Доналд Трамп го напушти Националниот воено-медицински центар „Валтер Рид“ и се врати во Белата куќа. Првиот човек на САД три ноќи помина во болницата лекувајќи се од коронавирус. https://www.youtube.com/watch?v=79a-eJZ8joM Претходно, Трамп преку твит направи кратко резиме на своето искуство, во кое и го најави заминувањето од центарот. https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1313186529058136070 „Не плашете се од Ковид-19. Не дозволувајте да доминира во вашиот живот. Развивме, под мојат администрација, навистина добри лекови и знаење”, напиша Трамп, дури и откако неговите лекари предупредуваа дека тој сè уште не е “надвор од шумата”. Зградата, односно Белата куќа во која се враќа, стана центар за…
На само две минути пред полноќ, навивачите од „црвениот“ дел на Манчестер можат да здивнат. По денешната објава дека клубот ги носи Алекс Телеш од Порто и Амад Траоре од Аталанта, црвените ѓаволи со објава за „бомба“ трансфер – Единсон Кавани е нов играч на Манчестер Јунајтед. 33-годишниот напаѓач пристигнува како слободен агент со договор за 1 + 1 сезона со неделна плата од 200.000 фунти. Последен пат играше за Пари Сен Жермен, каде забележа неверојатна кариера, станувајќи стрелец бр.1 во историјата на клубот. Тој на „Олд Трафорд“ ќе го носи дресот со бр.7, кој претходно беше на грбот на…
– Српскиот претседател, согласно уставот и законите, ја предложи досегашната премиерка Ана Брнабиќ за мандатар на новата српска влада. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ во најавеното обраќање на јавноста и по седница на претседателството на Српска напредна странка (СНС) соопшти дека по разгледување на повеќе кандидати и согласно успешноста на водењето на досегашната влада, која има спроведено „најтешки економски и политички реформи“ и ја предлага Ана Брнабиќ за мандатар на новата српска влада. Тој кажа и дека и предложил на Брнабиќ да размисли за имиња за новите министерска места, додавајќи дека и сугерирал новата влада да…
Eвропскиот суд за човекови права (ЕСЧП) на 25.09.2020 година, на одговор до Владата на Република Северна Македонија достави две групи на апликации кои се поднесени против државата пред овој меѓународен суд, а во кои се проблематизираат тековни или завршени постапки од аспект на аболициите на поранешниот претседател на државата Иванов, соопштија од Бирото за застапување на РСМ. Поради зголемен интерес на јавноста во врска со тековните постапки пред ЕСЧП по повод поднесените апликации, а за кои имаше повеќе написи во медиумите во текот на вчерашниот ден Бирото за застапување на РСМ пред ЕСЧП, информира за следново: „Станува збор за стандардна…
Триесетина бугарски историчари, научници, универзитетски професори и јавни личности со заедничко писмо до јавноста се изјаснија против меморандумот што Софија го испрати до земјите членки на Европската Унија во кој се изнесени сериозни тврдења и црвени линии на патот на Скопје кон ЕУ. Во писмото „Европа не нè разбира”, што го пренесува „mediapool.bg”, тие инсистираат на „фундаментална промена на парадигмата во историското размислување” и пишуваат дека не се согласуваат „Македонија да се претстави само како земја што нe се справува со сопственото минато”. Според нив, Софија демонстрира застарени сфаќања и изнесува неодржливи и наивни тврдења против Македонија. Потписниците на заедничкото…
Папата Франциск изјави дека пандемијата на коронавирус покажала дека „магичните теории“ на пазарниот капитализам не успеале и на светот му е потребен нов вид на политика, која промовира дијалог и солидарност, а ја отфрла војната по секоја цена. Пораката на папата е дел од најновата енциклика „Фратели тути“ (Сите сме браќа), во чија суштина се наоѓа социјалната правда. Според него, пандемијата го потврдила неговото уверување дека сегашните политички и економски институции мораат да се реформираат за да ги задоволат потребите на луѓето. Тој повика и на промена во начинот на размислувањето, осудувајќи го „кратковидниот, екстремниот и агресивен национализам“, кој е…