Author: Нова ТВ
Во Нион денеска се одржа ждрепката за групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите, по кое што за прв пат во историјата Лео Меси и Кристијано Роналдо ќе играат еден против друг во групната фаза од големото натпреварување. Новата сезона во најелитното клупско европско натпреварување започнува на 20 октомври, а титулата ќе ја брани Баерн Минхен. ГРУПА „А“: Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Салцбург, Локомотив Москва. ГРУПА „Б“: Реал Мадрид, Шахтјор, Интер, Борусија Менхенгладбах. ГРУПА „Ц“: Порто, Манчестер Сити, Олимпијакос, Олимпик Марсеј. ГРУПА „Д“: Ливерпул, Ајакс, Аталанта, Мидтјиланд. ГРУПА „Е“: Севиља, Челзи, Краснодар, Рен. ГРУПА „Ф“: Зенит, Борусија Дортмунд,…
Ракот на дојка е глобална закана што не познава граници, раса, вера, пол или националност. Она што е важно е сите да знаеме дека редовниот самопрегед на дојките може да спаси живот! Придружи се на #BoobWatch движењето и запознај ги подобро твоите дојки! #BreastCancerAwarenessMonth #PogledniProveriPromeni Biba Dodeva Борка – за секој нов ден. Ова е кампањата за рано откривње рак на дојката во која Биба Додева, претседателка на здружението„ Борка-за секој нов ден“, се појавува во ваква улога. “Самопрегледот е најважниот чекот за рано откривање на ракот на дојката“, порачува Додева. https://www.facebook.com/AvonMacedonia/videos/800265774086666
На денешниот настан по повод почетокот на учебната година, во одговор на новинарско прашање, премиерот Заев објасни дека Владата секојдневно обезбедува нови количини компјутери и технички помагала за учениците преку различни институции и различни иницијативи и соработки, со цел да се овозможи децата непречено да следат настава. Премиерот низ пример илустрираше колку време би било потребно доколку се спроведува редовна постапка за набавка на компјутери согласно процедурите за јавни набавки и нагласи дека државата е тука за сите и дека секое дете ќе се чувствува еднакво. Со ова објаснување премиерот укажа дека Владата нема да дозволи децата да не бидат…
Како неодговорни и спротивни на интересите на граѓаните ги оцени премиерот Зоран Заев најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека во Собранието нема да гласа за потврдување на вонредните состојби што поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19 ги потпиша претседателот на државата Стево Пендаровски, во услови кога Парламентот беше распуштен. -Во услови на КОВИД, кога доаѓа сезона на грип, зима, некој вака несериозно да ги поставува работите е несериозно, но секој си ја носи својата одговорност, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на ОУ „Јан Амос Коменски“ во Карпош, по повод почетокот на учебната година. Тој додаде дека и претседателот…
– Брзината со која ќе има опоравување и раст ќе зависи од опоравувањето на економиите во земјите од еврозоната, но и од напредокот на домашните економски реформи, со кои би се подигнало нивото и квалитетот на јавните инвестиции и би се подобрил квалитетот на образованието за да се намали несоодветното ниво на вештини на пазарот на труд, вели во интервју за МИА Анди Аранитаси, претставник на Европската банка за обнова и развој. Според најновите проекции на ЕБОР, како што наведува Аранитаси, ќе има пад на БДП во државава од 5 проценти годинава и раст од 3 проценти следната година, што…
Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади се првачиња – еден дел ќе бидат во клупите, а поголеми дел ќе учат онлајн од дома. Учениците до трето одделение ќе посетуваат настава со физичко присуство, додека сите останати ќе следат онлајн настава, освен оние средни училишта кои ги исполнуваат условите за одржување на физичка настава. Во врска со проблемите при тестирањето на Националната платформа, министерката за образование Мила Царовска посочи…
Жителите на Мадрид исправени пред новите мерки против КОВИД-19 – ќе им биде забрането непотребно да го напуштаат градот, а на посетителите исто така ќе им биде забранет влез во градот, доколку тоа не е неопходно, објави шпанската влада. На прес-конференција шпанскиот министер за здравство Салвадор Иља изјави дека новите мерки ќе стапат на сила во наредните денови, пренесува „Ројтерс“. Новите правила предвидуваат на луѓето да им биде дозволено да одат од општина до општина само за да одат на работа, училиште, лекар или да купуваат. Се планира и ограничена работата на баровите и рестораните – до 23 часот, наместо…
Не е се за критика, нешто е за поддршка, одговори претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за ТВ Стар, на прашањето во врска со обвинувањата на опозицијата за пакетот антикризни мерки. Пакетот е за добробит на граѓаните, да спасиме економија, стандард, за заштита на честа на родител пред дете, за тоа се работи, дали преку осигурување на плати или друго, истакна Заев, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ тера голо критизерство без аргумети. Мицкоски излегува пола саат по објавување на мерките, немал време ниту да ги прочита и вели ништо не чини, вика ништо не е тоа, а пуштаме пакет од 470…
Владата ги посвети првите 30 дена од својата работа за креирање пакет мерки за помош на граѓаните и економијата погодени со пандемијата од коронавирусот, истакна претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за штипската телевизија Стар. Овие мерки се блок на откажување на државата за да го помогнеме стопанството, граѓаните, инвестираме во здрава економија, рече Заев, додавајќи дека последниот пакет вреден 470 милиони евра, заедно со претходните три, надминува милијарда евра. Храброст, инклузиност и откажување е да се пушти пакет од 470 милиони евра, за да се помогне на граѓаните, на економијата, истакна Заев, додавајќи дека четвриот пакет ќе ја…
Учениците коишто немаат услови за онлајн настава, ќе може да следат часови на телевизија. Часовите ќе се прикажуваат на Македонската телевизија секој работен ден со почеток од 8.30 часот и секој час ќе трае по 15 минути. Министерката за образование Мила Царовска на фејсбук го објави распоредот на часови по одделенија. „Едукативните содржини ќе бидат достапни за сите деца, а наставниците од утре ќе бидат во постојана комуникација со своите ученици. Оваа година е различна од останатите. Апелирам до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови. Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат…
„Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ нема демократски капацитет, туку единствен што тоа го нема е лидерот Христијан Мицкоски, изјави во „10 Минути“ на ТВ21 Игор Есмеров од ВМРО-ДПМНЕ, по се почестите обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ е партија без демократски капацитет. „ВМРО-ДПМНЕ има демократски капацитет, меѓутоа Христијан Мицкоски дефинитивно нема демократски капацитет, мислам дека тотално е залутан во политиката“, порача Есмеров. Тој смета дека Мицкоски требало да си поднесе неотповиклива оставка без да го праша Централниот Комитет.
Христијан Мицкоски е единствениот носител на одговорноста за поразите на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска во гостувањето на Топ Тема на Телевизија Телма, Ивица Коневски, поранешниот висок партиски функционер и градоначалник на Општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. – Прашањето веќе е или тој или партијата, смета Коневски. Знае дека ја има изгубено довербата кај делегатите што го гласаа, знае дека треба да излезе пред нив и да им се заблагодари за подршката и да ги презентира сите аргументи кои доведоа до пораз на локалните избори, вели Коневски. Иницијативата за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ добива се поголема подршка, вели тој и додава…