Author: Нова ТВ
Три медицински сестри, меѓу кои и главната сестра денеска сите заедно си дале отказ од Инфективна клиника. Главната медицинска сестра во Барањето навела дека причините за отказ се многубројни, но меѓу нив се непочитувањето и дегардирањето на профилиот медицинска сестра како една од најважните алки во медицинскиот тим. „Барам да ми го прифатите отказот од работа со претходна најава од месец дена во кој ќе го искористам годишниот одмор од 2019 и 2020 година“, пишува во барањето кое до Управата го доставила главната сестра на Инфективната клиника во Скопје, која 28 години работела на оваа клиника. Покрај главната медицинска сестра…
Рентген техничар на Институтот за радиологија(рентген институт) е позитивен на коронавирус. Според првичните информации, тој доаѓал три дена на работа иако бил болен, со температура и симптоми на Ковид-19. Во моментот таму се прави епидемиолошка анкета, а резултати од тестовите се чекаат за уште тројца, потврија за НОВА во ДСЗИ, од каде велат дека таму е можен нов кластер на коронавирусот. Не се знае со колку вработени, како и пациенти имал контакт вработениот техничар, колку од нив снимал, ниту дали носел лична заштитна опрема. Неофицијално, наводно за него се подготвува дисциплинска постапка.
На денешната седница Владата на Република Северна Македонија одлучи да ги отвори игротеките, кои со месеци беа затворени како мерка за заштита од ширење на Ковид-19. -На денешната седница е усвоен и протоколот за работа на игротеките во услови на епидемија со КОВИД-19 и препорача строго почитување на мерките за спречување на ширење на КОВИД-19 инфекцијата и усвоениот протокол при вршење на дејноста. Одговорноста за целосно спроведување на одредбите од протоколот е обврска на вршителите на дејноста, велат од Владата. Исто така, „Владата одобри да има дневен престој во училиштата кои од задутре ќе почнат со настава со физичко присуство,…
Германската канцеларка Ангела Меркел во одделни телефонски разговори со лидерите на Азербејџан и Ерменија повика на итен прекин на огнот во Нагорно – Карабах. „Канцеларката ја потенцираше итноста на итен прекин на огнот и враќање на преговарачката маса“, се вели во соопштението на нејзиниот кабинет. Жестоките борби меѓу азербејџанските и ерменските сили во Нагорно Карабах продолжија утрово. Азербејџан започна нова офанзива само неколку часа пред закажаниот итен состанок на Советот за безбедност на ООН.
Осум лица со коронавирус починаа, 122 се заболени во полседните 24 часа. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-7, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-6, Велес-4, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-3, Струмица-11, Радовиш-3, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делечево-1, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-2, Ресен-1. Во болнички услови се починати 8 пациенти од Teтово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-8, Штип-3, Прилеп-8, Тетово-10,…
Обвинителката Фатиме Фетаи ќе поднесе жалба до Апелација за пресудата во предметот „Насилство во Центар“, откако само екс премиерот Груевски доби затворска казна, додека поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и останатите обвинети добија условни казни. Фетаи истакна дека е задоволна што е утврдена кривична одговорност кај обвинетите, но од аспект на кривичните санкции смета дека судот ги преценил олеснителните околности. https://novatv.mk/nasilstvo-vo-tsentar-godina-i-pol-zatvor-za-gruevski-uslovna-kazna-za-janakieski/ „Не сум задоволна од изречените казни, особено од условните казни на обвинетите. Јас во завршните зборови кажав дека алтернативна мерка – условна казна, доаѓа во предвид само за Игор Бошковски. За другите сметав дека мораше да…
Поранешниот премиер Никола Груевски е прогласен за виновен во обвинението за случајот „Насилство во Центар“ и осуден на затворска казна од една година и шест месеци, додека за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески Судот одреди условна казна во траење од година дена. Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше изречена пресудата и за останатите обвинети, кои се товарат за поттикнување насилство за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.
И покрај сите предизвици кои ги постави почетокот на новата учебна година, 1 октомври го означува стартот на едно ново поглавје во македонското образование. Покрај училиштата, со работа ќе започнат и студентските и училишните домови, кои како установи од јавен интерес обезбедуваат сместување за околу 12.000 студенти на територијата на градот Скопје. Заради капацитативната специфика во услови на пандемија, овие установи ќе имаат посебни протоколи за нивното функционирање што ќе подразбира високо ниво на хигиена и честа дезинфекција. За таа цел, „Алкалоид АД Скопје“ донираше производи од својата палета антисептички и дезинфекциски средства. „Донацијата на средства за дезинфекција од компанијата…
Судијката од Кривичниот суд Добрила Кацарска е предложена за Уставен судија. Сите 12 членови на Судскиот совет едногласно го поддржале предлогот таа да биде Уставен судија. Сега предлогот ќе биде препратен до Собрание каде пратениците треба да ја изберат на функцијата. Кацарска е предлог на местото на судијата Владимир Стојановски кому му истече мандатот во април, среде пандемија и вонредна состојба Кацарска е судија 30 години. Покрај од кривичната, судела и предмети од граѓанската област. Од предметите на СЈО и од оние од висок јавен интерес на редовното ОЈО за организиран криминал, позната е по судењата „Тенк” , „Триста”, „Транспортер”,…
По пауза од 16 години Хокеарите на Тампа Беј Лајтинг го освоија Стенли купот. Избраниците на тренерот Џон Купер во финалната серија ги победија Далас Старс со 4:2. Шестиот меч им припадна на Тампа Беј со резултат 2:0. Ова е втора титула за Тампа Беј во историјата. Победата на Тампа Беј во шестиот меч и ја донесоа Брејдан Поинт со голот во првата третина и Блејк Колман кој погоди во втората третина. Играч на мечот беше голманот Андреј Василевски со 22 одбрани. Трофејот Кени Смит наменет за најкорисен игра во финалната серија му припадна на Виктор Хедман.
Голем број европски земји соопштија дека по зголемувањето на бројот на новозаразени, ќе воведат нови мерки за борба против ширењето на коронавирусот, што ќе вклучува ограничување на патувањето, порано затворање на барови и ресторани и ограничување на јавните собири. Холандија усвои нови мерки откако бројот на нови случаи на коронавирус во вториот бран на епидемијата ги надмина рекордните бројки од април. Мерките ќе вклучуваат задолжително носење маски во Амстердам и другите поголеми градови, забрана за публика на спортски натпревари во следните три недели и затворање на ресторани и барови во 22 часот. Премиерот Марк Руте рече дека патувањата исто така…
Ребалансот на буџетот се очекува да биде готов до крај на неделата, да се достави до Владата на Република Северна Македонија и веќе следната недела да влезе во собраниска процедура, вели во интервју за вестите на Сител министерот за финансии Фатмир Бесими. Бесими истакна дека со ребалансот ќе се обезбедат дел од средствата за реализација на мерките од четвртиот антикризен пакет, а воедно средствата ќе се насочат од позиции кои имаат послаба реализација кон позиции кои ќе ја поттикнат економската активност. -Директни фискални импликации од четвртиот пакет антикризни мерки се 160 милиони евра. Дел од нив ќе се покриваат преку…