Author: Нова ТВ
За неполна година од работењето на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, која е правен наследник на некогашната Комисија со иста надлежност, го зголеми бројот на институции иматели на информации за 146 и денес вкупно нивната бројка изнесува 1.403 на број. Клучна активност се и постојаните обуки и консултации со лицата одговорни за доставување на информации од јавен карактер, а со тоа и на зголемување на транспарентноста на јавните институции. Ова го истакна директорката на Агенцијата Пламенка Бојчева на денешната прес-конференцијата на која зборуваше за резултатите од нивното работење. Заради ситуацијата со пандемијата…
Љубителите на мотоциклизмот и фановите на „Докторот“ викендов ја дочекаа и официјалната потврда – Валентино Роси останува во кралската класа уште една година, но од Monster Energy Yamaha се сели во Petronas Yamaha. Ова е првпат „Докторот“ да се приклучи на сателитски тим, иако му е ветена фабричка поддршка. „Многу сум среќен што ќе продолжам да возам и тоа со тимот на Petronas Yamaha. Размислував многу пред да ја донесам оваа одлука, бидејќи предизвикот e се поголем. За да бидете во врвот на MotoGP, мора да работите напорно, да тренирате и да водите спортски живот секој ден. Без оглед на…
Белоруската организација за заштита на човековите права, „Весна“, соопшти дека 339 лица биле лишени од слобода за време на вчерашните демонстрации во Белорусија. Претходно, претставникот на белоруското Министерство за внатрешни работи, Олга Чемоданова, изјави дека безбедносните сили уапсиле околу 200 демонстранти за време на протестот, пренесува ТАСС. Во извештајот на организацијата „Весна“ се наведува дека полицијата во неколку градови во Белорусија уапсила и истакнати белоруски новинари. По официјалното објавување на резултатите од претседателските избори во Белорусија на 9 август и наводната убедлива победа на претседателот Александар Лукашенко, опозицијата, но и најголемиот дел од меѓународна јавност обвинија за фалсификување на изборните…
Денеска продолжува судењето за насилствата пред Општина Центар со завршни зборови на одбраната, со што завршува овој судски процес од 2013 година. На минатото рочиште завршни зборови дадоа Обвинителството и одбраната на обвинетите Никола Груевски и Александар Трајковски. Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на обвинетиот Трајковски, во завршен збор пред Судот рече дека Обвинителството во ниту еден момент не го докажало делото насилство и побара ослободување. Обвинителката Фатиме Фетаи во завршен збор побара од Судот казните за поттикнувачите на насилствата пред Општина Центар, Никола Груевски и Миле Јанакиевски да бидат најстроги за да се одвратат сите други од такви намери во иднина. Адвокатот…
Заедно со пакетот за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19, на предлог на Министерството за образование и наука, на вчерашната владина седница е донесена Уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта, со одлуки за времетраењето на часовите и на одморите, за почетокот на учебната година, како и Одлука за утврдување на максималниот број на ученици во паралелка во основните училишта и средните во услови на вонредни околности, за оние училишта кои добиле согласност за организирање настава со физичко присуство. Уредбата за начинот на организирање…
Ерменските вооружени сили во судирите во Нагорно-Карабах претрпеа големи загуби – најмалку 550 лица се убиени и ранети, објави Спутник Азербејџан, повикувајќи се на Министерството за одбрана. Според соопштението на азербејџанското Министерство за одбрана, ерменските вооружени сили загубиле 22 оклопни возила, 15 системи за противвоздушна одбрана, 18 беспилотни летала, осум артилериски единици и три складишта за муниција. Претходно, ерменскиот министер за одбрана Рафи Хованисијан изјави дека Баку загубил околу 200 војници, како и околу 30 тенкови и оклопни возила. Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана Степанјан, исто така, објави за своите загуби, дека се убиени 16 лица и над 100…
Веќе следната седница ќе почнеме со именување на директорите, таму каде што треба конкурси ќе се распишат, а веруваме дека и надлежните институции како што се надзорните одбори ќе ги почнат постапките за избори и именување. Моите очекувања се дека сите именувања или постапки за именувања како активности ќе бидат отпочнати не подоцна од 15 октомври, а некаде дури и ќе завршат изборите, најави денеска премиерот Зоран Заев. -Во државата имаме многу акционерски друштва во кои надзорните одбори распишуваат конкурси и потоа именуваат директори на седница на надзорен одбор, а и министрите се надлежни во делот на селекција на некои…
Регистрирани се нови 148 случаи на ковид-19 во последните 24 часа се направени 1224 тестирања, информира Министерството за здравство. од кои во Скопје-50, Куманово-4, Дебар-2, Штип-2, Прилеп-9, Тетово-11, Велес-2, Битола-6, Кавадарци-6, Гостивар-3, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Кочани-18, Берово-11, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-5 и Неготино-1. Во болнички услови се починати 3 пациенти од Прилеп (62г), Кочани (87г) и Гостивар (64г). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти од: Скопје-15, Куманово-5, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-4, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-6. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17629,…
Премиерот Борисов истакна дека Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Северна Македонија
Четвртиот пакета мерки е промашен обид да се дефукусира вниманието од вистинските проблеми. Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен , изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христојан Мицкоски. Мицкоски смета дека платежните картички се институционален поткуп на граѓаните. Како срамна ја оцени мерката на културните работници да им се нудат по 6 илјади денари еднократна помош, а според него оваа сума не е доволна ни за пензионерите. Според Мицкоски наместо 4 викенди без ДДВ, власта сега ветува само 1 и тоа сo ограничување до 30.000 денари. -Влада на Зоран Заев културните работници како што таа самата вели ги направи социјални…
Во негова чест и во чест на неговите големи идеи и дела, сигурен сум дека и маккедонскиот и бугарскиот народ, и двете држави ќе го следиме патот кој води напред
Четвртиот пакет мерки е директна поддршка за економската и социјална сигурност на нашите граѓани и поттикнување на приватната потрошувачка