Author: Нова ТВ

Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), во својот редовен извештај за состојбата со пандемијата на Ковид-19, објави дека во последните 24 часа, по подолго време, не е забележан ниеден смртен случај на лице заразено од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што забележуваат домашните медиуми, ова е само второ деноноќие во последните три месеци без ниедна жртва на заразата. ИКШПК, во својата последна објава, епидемиолошката ситуација со Ковид-19 во Косово ја оценува како „стабилна, со тенденција на намалување на бројот на нови случаи во наредните недели, како резултат на спроведувањето на препораките“ на здравствените власти. Во…

Read More

Овогодишните добитници на Нобеловата награда за медицина, физика, хемија, литература и економија нема да патуваат во Стокхолм за првпат од 1944 година за да ги примат своите награди поради епидемијата на новиот коронавирус, соопштија организаторите. Наместо свеченост во главниот град на Шведска, добитниците ќе ги примат медалите и дипломите во државите во кои живеат, се вели во соопштението на Нобеловата фондација. Наградите традиционално се доделуваат на 10 декември, денот на смртта на шведскиот индустријалец Алфред Нобел, кој ја основа наградата. На тој ден, шведската телевизија ќе емитува емисија во која ќе биде прикажано доделувањето на наградите од оваа година во…

Read More

Германскиот министер за Европа, чија земја претседава со ЕУ до крајот на оваа година, денеска се осврна на бугарскиот документ објавен минатата недела во медиумите, во кои Софија бара нови услови за старт за преговорите со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. -Конечно после долго време успеавме да оствариме напредок со Северна Македонија во Европа, германското претседателство од блиску внимава на тоа што се случува на западен Балкан. И повеќе од тоа, ние сакаме да видиме посветеност од ЕУ за западниот Балкан, западниот Балкан треба да смета на нас, изјави Рот. Тој нагласи дека е постигнат значаен напредок…

Read More

Има голем број на заболени млади луѓе и смртни случаи меѓу нив и заради тоа ги правиме анализите кои започнаа во текот на викедов и се надевам дека до крајот на неделава ќе бидат завршени, изјави денеска на прес конференција министерот Филипче. „Имаме многу тешки форми на болеста кои не можевме да ги поврземе со ништо претходно. Вирусот е многу непредвидлив, има многу непознаници не само кај нас и во светот и нема терапија што недостасува. Во анализите ќе влезат повеќе фактори, како возраста, податоци за време на доаѓање, хронични болести. Кога ќе ги имаме конкретните податци ќе ја известиме…

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, Македонски Брод-1, Виница-1 и Кичево-2. Починати се 5 лица, пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-16, Тетово-10, Велес-1, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-4, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Кочани-4, Пробиштип-2, Пехчево-2, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во…

Read More

Се уште сме далеку од тоа да одлучиме која вакцина ќе се користи кај нас со оглед на тоа што, според нашите сознанија, ниту една не е во фаза во која целосно се завршени клиничките студии, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. На прес-конференцијата во Владата, одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека се следи развојот на сите вакцини. – Имавме комуникација со рускиот амбасадор на кој му упативме дополнителни прашања за кои немавме увид. Одговори се уште не сме добиле. Во меѓувреме, го следиме и развојот на вакцините на близу 10 компании кои се во најнаредните фази на…

Read More

Задолжително носење на маска на отворено за граѓаните и кога се сами, ограничување на бројот на лица на маса во угостителските објекти и за групирање на отворено, редуцирање на бројот на патници во јавниот превоз. Ова се дел од мерките кои ќе бидат спроведени доколку вирусот продолжи да се шири, а граѓаните не ги почитуваат мерките, најави денес на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. „ Непочитувањето ма немрките, семејните прослави, свадби кои се забранети и опуштањето на граѓаните во летниот период се главната причина за влошувањето на состојбата со епидемијата на Ковид и зголемениот број новозаболени пациенти и смртни случаи.…

Read More

Новинари, политичари и други кои биле прислушувани во периодот од 2008 до 2014 година треба да сведочат на денешното рочиште на случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“. На денешното рочиште се повикани 20 сведоци, меѓу кои Горан Сугаревски, Фросина Ременски, Саша Богдановиќ, Сашо Ордановски, Борјан Јовановски, Горан Михајловски, Оливера Трајковска, Душица Мрѓа, Саше Димевски, Младен Чадиковски, Катерина Цановска Арсовска , Јадранка Костова, Сашка Цветковска. Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Трајче Пеливанов и Артан Ајро. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година…

Read More

Шведската Влада нема да препорача вакцинирање за коронавирусот на децата под 18-годишна возраст, бидејќи шведските експерти сметаат дека децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, па затоа не им е потребна вакцината. Од друга страна, шведските здравствени власти им ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се од ранливите групи и на постарите лица, пренесе Си-Ен-Ен. Главниот шведски епидемиолог, Андерс Тегнел, објасни дека Шведска работи според принципот на доброволна вакцинација, а тоа беше случај и за време на минатите пандемии, кога беа вакцинирани голем број луѓе. -Веројатно го имавме најголемиот процент на вакцинирани лица во светот. На почетокот…

Read More

Обединетото Кралство вчера го крена степенот на предупредување со кој го мери ширењето на епидемијата на коронавирус и одлучи пабовите и рестораните да работат пократко поради заканата од втор бран што може да убива и по повеќе од 200 луѓе на ден без „да го промени правецот“. Во изјавата што денеска во парламентот треба да ја даде премиеерот Борис Џонсон „ќе се потврди дека, почнувајќи од четврток, пабовите, баровите и рестораните во Англија ќе мора да се затворат во 22 часот“, се наведува во синоќешното соопштение од Даунинг стрит. Воедно, бројот на луѓе во овие објекти треба да се намали…

Read More

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменици на министри во Владата на Република Северна Македонија. За заменик-министер во одбрана е предложен Башким Хасани, во Министерството за внатрешни работи Назим Буши, а во ресорот правда предлогот за заменик-министер е Агим Нухиу. Илхан Рахман е предложен за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а Фатмире Исаки за заменик-министер за надворешни работи. Во Министерството за финансии заменик на министерот Фатмир Бесими треба да му биде Димитар Ковачевски, а во Министерството за економија предложен е…

Read More