Author: Нова ТВ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека тој останува на чело на партијата, откако Централниот комитет на партијата го одбил неговиот предлог за одржување вонреден когрес на кој тој не би бил кандидат, а во следните шест месеци, не може да се поднесе ново барање за конгрес. ”Иако до денешен ден немаше иницијатива за вонреден конгрес од оние кои водат хајка против мене, а целта им е ВМРО-ДПМНЕ и му служат на Заев, јас на сопствено барање поднесов предлог за свикување на вонреден конгрес на кој јас нема да се кандидирам. ЦК, откако ја напуштив седницата, го одби едногласно ова…
Од иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се огласија по повод изјавата на Христијан Мицкоски после Централниот комитет на партијата. Тие го нарекоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ лош глумец. „Христијан Мицкоски е само лош глумец чија суета ја турка ВМРО-ДПМНЕ во пропаст. Да беше искрен во предлогот за вонреден Kонгрес и намерата да не се кандидира, ќе ја искористеше можноста што ја дава статутот, ќе си дадеше оставка и ќе беше свикан конгресот, наместо да прави театар злоупотребувајќи го Централниот комитет, кој е со истечен мандат. Се уште актуелниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту кредибилитет,…
23 годишното момче кое што почина од Ковид имало висок крвен притисок, обезност и епилепсија, а од вирусот развило и пневмонија, тврдат во Министерството за здравство. „Пациентот од Свети Николе на возраст од 23 години е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје на 19 септември, починал еден ден по прием. Примен е со покачена температура, сатурација од 75% на собен воздух, тахикардичен, тахипноичен, со јазик сув бело обложен и пулмо ослабено везикуларно дишење со наод на крепитации билатерално базално и во средни партии. Од претходни дијагнози, пациентот имал висок крвен притисок, обезност и епилепсија, со развиена пнеумонија како последица на…
Седум заболени со Ковид починаа во последното деноноќие, а меѓу нив е 23 годишно момче од Свети Николе. Починати се и двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г) и еден пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г). Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-10, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-5, Гостивар-4, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-9, Пробиштип-1, Берово-5, Делчево-1, Кичево-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од: Скопје-24,…
Претениците на Беса од денеска во Собранието нема да биде дел од парламентарната група „Можеме“. Пратеникот Фадил Зендели за Плусинфо вели дека остануваат во владеачкото мнозинство, но се решиле да излезат од „Можеме“ за да бидат препознатливи кај сопственото гласачко тело. „Заради препознатливост и од организациски причини решивме да не дејствуваме во пратеничката група на коалицијата „Можеме“ туку нашите четири пратеници да дејствуваат во Собранието како Беса. Во коалицијата „Можеме“, која брои 46 пратеници Беса го губи идентитетот. Друг е впечатокот и за нашето гласачко тело кога ние ќе настапуваме како Беса“, изјави Зендели.
Во изминативе шест години Иницијативата на жени од Шуто Оризари по којзнае кој пат реагира поради немањето на матичен гинеколог во Шуто Оризари и алармира за квалитетот на репродуктивното здравје на Ромките од Шуто Оризари, велат од Иницијативата на жени од Шуто Оризари. Заминувањето на матичниот гинеколог од општина Шуто Оризари во јануари 2020 година е огромен проблем за жените од оваа општина каде што бројот на жени во репродуктивен период е помеѓу 8.000 и 13.000. Во општина со најбројно ромско население, а воедно и популација со значително повисока стапка на доенечката смртност во однос на другите националности, повеќе од…
Утринава од Инфективното одделение во болницата во Струмица е украден починат пациент. Директорот на болницата Наќе Гогов потврди дека 49-годишен пациент од Струмица утрово околу 9 часот бил хоспитализиран во инфективната амбуланта со зголемена температура, висок крвен притисок и малаксаност , по што починал за кусо време. Веднаш потоа, неговите најблиски заедно со 20 други луѓе, влегле во инфективната амбуланта и заедно со креветот го извадиле надвор, каде што ги чекало комбе и го однеле дома. Вработените во болницата не можеле да направат ништо, бидејќи се работело за поголема група луѓе и не сакале да предизвикаат инцидент, но случајот е…
Регистрирани се 679 прекршоци во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице. Министерството за внатрешни работи и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Осомничениот за убиството на Никола Саздовски-Саздо е екстрадиран и сега е достапен за органите на прогонот во Македонија. 21 годишниот Ј.Љ е трето обвинет и на 29.06.2018 веднаш по убиството избега од Македонија. Од МВР потврдуваат дека лицето Ј.Љ е екстрадиран. По него беше распишана потерница, а го фатила германската полиција. Саздо, член на навивачката група „Комити“ беше убиен на автобуската постојка во Автокоманда, а другите двајцата беа осудени на по 19 години затвор.
Американската полиција уапси жена осомничена за испраќање на писмото до Белата куќа со смртоносниот отров рицин, соопштија властите. Според извештаите во медиумите, жената била уапсена кога се обидела да премине во Канада на граничен премин во сојузната држава Њујорк. Канцеларијата на ФБИ во Вашингтон соопшти дека „е уапсено лице кое наводно е одговорно за испраќање на сомнителното писмо“, пренесуваат британските медиуми. Во соопштението се додава дека истрагата е во тек. Извор од безбедносните служби, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека е уапсена жена канадска државјанка. Кралската канадска коњаничка полиција (РЦМП) во саботата соопшти дека добила барање од ФБИ за…
Собранието денеска ќе расправа за предлог-законите за изменување и дополнување на законите за основно и средно образование, по скратена постапка. Во образложението на законите за основно и за средно образование, министерката за образование и наука Мила Царовска минатата недела рече дека измените не се од голем обем и сложеност и додаде оти овие законски измени се потребни за безбедно и непречено одвивање на воспитно- образовниот процес во текот на училишната година. Во услови на вонредни околности учебната година да може да започне и да заврши во различно време за што треба да одлучи Владата, предвидуваат измените и дополнувањата на законите…
Комисијата за заразни болести утринава ќе се состане за да ја разгледа можноста за воведување дневен престој во училиштата, а одлуката ќе зависи од епидемиолошката слика. Последната информација со која располага Комисијата е дека нема да има целодневен престој. Одлуката, како што соопшти вчера директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, кој присустуваше на одбележувањето на Светскиот ден за подигнување на свесноста за раст кај децата, зависи од епидемиолошката слика, од сите случувања во однос на самата болест и од условите и критериумите, кои треба да се исполнат за воведување целодневен престој. Министерот за здравство Венко Филипче завчера изјави дека…