Author: Нова ТВ

Светска здравствена организација денеска објави правила за испитување на африканските растителни лекови за новиот коронавирус. – Научната потврда би била единствена основа за усвојување на сигурна и ефикасна традиционална терапија. Кој било традиционален лек, што ќе биде оценет како ефикасен набрзо би можел да се произведува, се наведува во сопштението на СЗО. Според СЗО новите правила се насочени за помош и поттикнување на научниците во Африка да спроведат соодветни клинички испитувања. Во светот се развиваат околу 140 потенцијални вакцини против Ковид-19, а десетина веќе се тестирани на луѓе во клиничките испитувања. Покрај тоа дадено е одобрение за три клинички истражувања…

Read More

Во последните 24 часа се направени 1368 тестирања, а регистрирани се 178 нови случаи на Ковид-19. Од новите случаи во Скопје се 42, Куманово-19, Кочани-17 ,Прилеп-16, Тетово-14, Струмица-13, Гостивар-11. Во останатите градови регистрирана е едноцифрена бројка на заболени. Во Кичево има осум нови случаи, во Струга и Велес по пет, Битола и Гевгелија по четири, Охрид и Валандово по три случаи, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево по двајца, а во Дебар, Штип, Кавадарци, Македонски Брод, Виница, Свети Николе по еден нов заболен. Институтот за јавно здравје денеска регистрира и 71 оздравен пациент од: Скопје-25, Куманово-11, Штип-10, Прилеп-седум, Струга-пет, Охрид,…

Read More

Полицијата во Лондон синоќа се судри со демонстранти кои протестираа против рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, по што беа уапсени 32 лица. Протестот беше предизвикан од изјавата на британскиот премиер Борис Џонсон дека размислува дали повторно да се воведат одредени мерки низ цела Англија. На протестот на плоштадот Трафалгар се собраа повеќе од 1.000 луѓе, а немирите избувнаа кога полицијата се обиде да ги растера демонстрантите. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Слобода – не страв“ и „Измама“ а кон полицијата извикуваа „Избери страна“.

Read More

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека следната недела ќе номинира жена што ќе ја наследи починатата Рут Бадер Гинзберг во Врховниот суд на САД. – Името на кандидатот ќе го објавам следната недела. Тоа ќе биде жена, рече Трамп на предизборен митинг во Северна Каролина. – Мислам дека би требало да биде жена, затоа што жените многу повеќе ми се допаѓаат од мажите, додаде Трамп. Американскиот претседател го повика Сенатот, во кој републиканците имаат мнозинство, „без одлагање“ да го разгледаат неговиот кандидат за судија на Врховниот суд, со цел да се пополни местото што остана празно по смртта на…

Read More

Данска вчера регистрира најголем дневен број на заразени од почетокот на пандемијата на коронавирусот – 589, соопшти Данскиот здравствен институт. Според институтот, високите бројки се резултат на зголемениот капацитет на тестирање. Данските медиуми наведуваат дека властите во земјата сезагрижени поради бројните локални жаришта на болеста во последните неколку недели, меѓу кои е и главниот град Копенхаген. Од почетокот на епидемијата во Данска се регистрирани околу 22.000 случаи на коронавирусот и 635 смртни случаи.

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри договор што ќе овозможи апликацијата ТикТок да продолжи да се користи во САД, благодарение на новата компанија „ТикТок глобал“, со која ќе управуваат Американци. Трамп изјави дека го одобрил договорот меѓу компаниите „Оракл“ и „ТикТок“, во кој може да се вклучи и „Волмарт“, пренесува лондонски „Гардијан“. Тој рече дека договорот гарантира „стопроцентна безбедност“, откако американските власти изразија загриженост околу пристапот до податоците на корисниците од страна на кинеските власти. Новата компанија „ТикТок Глобал“ ќе има мнозинство американски директори, американски извршен директор и експерт за безбедност. Трамп рече дека „ТикТок Глобал“ ќе биде целосно контролиран од…

Read More

Бројот на заразени со коронавирусот во светот, според веб-страницата Ворлдометер (Worldometer), надмина 31 милион. САД се најпогодени од пандемијата, каде има речиси седум милиони заразени, а повеќе од 200.000 починале. На второ место е Индија, каде серазболеле 5,4 милиони луѓе, а бројот на заразени секој ден сезголемува за речиси 100.000. Во Бразил, кој е на третото место по бројот на заразени, серазболеле повеќе од 4,5 милиони луѓе, а во Русија повеќе од еден милион. Во Европа, коронавирусот е потврден кај повеќе од 4,4 милиони луѓе, а после Русија, следуваат Шпанија – 659.334, па Франција со 442.194 заразени. Според Ворлдометер, во…

Read More

Државниот санитарен и здравствен инспекторат утре ќе започне со вонреден инспекциски надзор за случајот со 40 годишната родилка која во сабота вечерта почина на Клиниката за гинекологија. „ДСЗИ утре ќе иницира вонреден инспекциски надзор почнувајќи од матичниот гинеколог и матичниот лекар на пациентката, а ќе биде завршен на Клиниката за гинекологија“, изјави за НОВА,д-р. Ирина Сотирова Бухова, директорка на ДСЗИ. Погребот на почината 40 годишна родилка е денес, а семејството не дозволило обдукција. Со тоа, е оневозможено да се утврди вистинската причина на смртта. На ГАК сметаат дека дефект со згрутчување на крвта, како резултат на што најверојатно дошло до…

Read More

Изминатиот период во јавноста се отвори прашањето за условите за пензионирање, при што беше најавено дека во пензија нема да може да се оди подоцна од 62 години за жени, односно 64 за мажи, со исклучоци за дефицитарни кадри, но и оти е можно предвремено одење во пензија, најмногу до пет години од редовниот термин за пензионирање со докуп на стаж и помала пензија. Сојузот на синдикатите на Македонија бара освен сега постојното решение со главен услов возраст и  најмалку 15 години стаж, предвид да се земе можноста да се оди во пензија согласно години на стаж, особено во трудоинтензивните…

Read More

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на Европската Унија, смета германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн. Германската амбасадорка денеска во интервју за Радио Слободна Европа, кое го пренесува МИА, дава коментар на бугарскиот меморандум испратен до земјите-членки на ЕУ, при што напоменува дека Бугарија ги има кажано овие барања на другите земји-членки на почетокот на август. -Ние и според моите сознанија сите други-земји членки се на мислење дека билатерални проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија секогаш беше голем поддржувач на европското придвижување…

Read More

Повеќе од 60.000 луѓе се пријавија доброволно да учествуваат во испитувањата на руската вакцина против Ковид-19 во Москва, изјави денеска градоначалникот на рускиот главен град Сергеј Собјанин. – Повеќе од 60.000 лица доброволно се пријавија, а повеќе илјади луѓе ги поминаа потребните медицински тестови со цел да бидат регистрирани како потенцијални кандидати за тестирање, рече Собјанин во интервју за телевизијата „Русија-1“. Собјанин додаде дека, како дел од тестирањето, повеќе од 700 луѓе ја примиле вакцината наречена „Спутник V“ и сите сечувствуваат добро.

Read More

Франција за последните 24 часа пријави 13.498 нови потврдени случаи на коронавирусот, што е уште еден рекорд во бројот на новозаразени за еден ден. Вкупниот број на случаи во земјата сега изнесува 442.194, а неделниот просек на нови дневни инфекции се зголеми на повеќе од 9.700, во споредба со најнискиот 272 на крајот на мај, две недели по укинувањето на блокадата во земјата. Според епидемиолозите, забрзаната циркулација на вирусот и шесткратното зголемување на тестирањето, откако владата го направи бесплатно, се двете главни причини за зголемувањето на бројките. Бројот на луѓе во Франција кои починаа од Ковид-19 вчера сезголеми за 26,…

Read More