Author: Нова ТВ
Љупчо Палевски, претседателот на движењето „Трета“, попладнево околу 17 и 15 часот е претепан пред неговиот дом, по што е пренесен во болница. Според изјави на очевидци , Палевски на улица пред куќата бил нападнат од непознати лица на мотор со кациги кои го нападнале со метални палки. „Денеска околу 17,15 часот пријавено е дека на улицата „Златко Шнајдер“ во Скопје од страна на две лица кои биле со моторцикл со употреба на метален предмет бил нападнат Љ. П. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР. Причините и мотивот за нападот сè уште не се познати.
Богатите земји веќе купија повеќе од половина од идните дози на вакцини против коронавирус, соопшти организацијата за намалување на сиромаштијата Оксфам. Податоците на Оксфам покажуваат дека 51 процент од залихите со вакцини во последната фаза од истражувањето ги купиле земји кои сочинуваат само 13 проценти од светската популација. „Оксфам дојде до овој заклучок анализирајќи ги веќе склучените договори меѓу фармацевтските компании и производителите на вакцини со земјите во светот за петте најперспективни потенцијални вакцини кои се во третата фаза на клинички испитувања, врз основа на податоците собрани од компанијата ’Ефинити’“, пренесува Еуроњуз. Оксфам и други слични организации ги повикуваат сите…
Професори и научници од САД, Велика Британија и други земји го номинираа рускиот опозиционер Алексеј Навални за Нобелова награда за мир, објави денеска Сергеј Ерофеев, професор на Универзитетот Ратгерс во Њу Џерси, САД. -Многумина професори од признати универзитети кои се занимаваат со Русија го номинираа него (Навални) за Нобелова награда за мир, напиша Ерофеeв на Фејсбук. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, тој истакнува дека процесот за номинација го започнале научници, но дека тоа не значи дека нема да се придружат и државници или претстaвници на меѓународни организации. -Но, едно треба да се запомни, најпрво (во ова барање)…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека бугарија треба да остави преговорите со ЕУ и работата на историчарите да се одвиваат паралелено, Тој денеска пред новинарите, кажа дека Бугарскиот Меморандум официјално не е доставен до Владата, а македонските позиции кои се презентираат до ЕУ членките се јасни – дека политиката и историјата треба да се третираат како два различни процеси. Османи ова и го пренел и на својата бугарска колешка Захариева. Меморандумот кој Бугарија го испратила до земјите членки на Европската унија е објавен од страна на бугарските медиуми. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели Меморандумот кој Бугарија…
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1674 тестирања, а регистрирани се 186 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-56, Куманово-16, Штип-8, Прилеп-7, Тетово-10, Струга-6, Велес-1, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-4, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-17, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти од: Скопје-19, Дебар-2, Штип-4, Прилеп-13, Тетово-2, Струга-4, Охрид-9, Гостивар-9, Гевгелија-5, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-1. Починати се 7 лица, еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70 г), еден од Гостивар…
Наставата на факултетите ширум Италија почнува в понеделник на 21 септември, а студентите на предавањата ќе мора да носат заштитни маски за да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, изјави италијанскиот министер за високо образование Гаетано Манфреди. Универзитетите во Италија беа затворени во март, на почетокот на пандемијата со новиот коронавирус. Предвидено е на предавањата да присуствуваат 50 отсто од студентите, а во истовреме постои и можност за учење од далечина. Тоа се однесува на студентите кои живеат вон градот каде се факултетите, за странците, но и за сите други кои од различлни причини не можат да присуствуваат на предавањата.
Британските власти сметаат дека е речиси сигурно дека труењето на Алексеј Навални го извршиле руските специјални служби. Тоа го изјави министерот за надворешни работи на Велика Британија Доминик Раб. – Од гледна точка на Велика Британија, многу е тешко да се најде некое веродостојно објаснување дека тоа може да го направил некој друг, освен руските тајни служби, но секако руските власти имаат што да кажат за нивно оправдување, рече Раб во Вашингтон на прес-конференција со американскиот државен секретар Мајк Помпео. – Руските власти се должни да објаснат што се случи со Навални, рече Раб. Германија тврди дека постојат докази дека…
На наредното рочиште на 24 септември, странките ќе почнат со изнесување на завршните зборови, по што набргу се очекува да има и пресуда во овој случај Во завршницата на судскиот процес за предметот кој во јавноста е познат како „Насилство во Центар“, одбраната излезе со неколку барања, меѓу кои и сведочење на неколку познати лица, но судот не ги прифати, јавува 360 степени. Судскиот процес за насилните протести пред Општина Центар летото 2013 година е во фаза на дополнување на доказната постапка, а денеска најмалку четворица од обвинетите за насилството, меѓу кои и ексминистерот Миле Јанакиески, предложија да биде повикан…
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот достигна 30.042.218, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Worldometers. Од Ковид-19 досега починаа 945.159 луѓе, а 21.808.302 се излекувани. Најмногу заразени има во САД – 6.828.301, Индија – 5.118.253 и Бразил – 4.421.686.
Во воената вежба „Словенско братство 2020“ во Белорусија учествуваат и 300 руски падобранци, а во Минск пристигна и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. И покрај тоа што Русија најави дека нема да се меша во внатрешните работи на Белорусија испрати 300 падобранци. Воената вежба почна на 14 септември, а рускиот претседател Владимир Путин тогаш изјави дека падобранците ќе се вратат во Русија по завршувањето на воената вежба. Воената вежба се одржува кога секојдневно во Белорусија се одржуваат антивладини протести. Во октомври во Белорусија треба да се одржат воени вежби со учество на Русија, Ерменија, Казахстан, Киргистан и Таџакистан.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најмалку 100 милиони дози вакцина против новиот коронавирус би можеле да бидат дистрибуирани во САД до крајот на годината. – Откако Агенцијата за лекови ја одобри вакцината… ќе можеме да дистрибуираме 100 милиони дози до крајот на 2020 година и значителен број многу пред тоа, посочи Трамп. Претходно, директорот на Центарот за конторла и превенција на болести Роберт Редфилд изјави дека вакцината против Ковид-19 би можела да се најде во широка употреба до средината на следната година или малку подоцна.
Се поголем број луѓе се заразени со новиот коронавирус во седиштето на Обединетите нации во Виена. Здравствената служба во седиштето на ОН во Виена соопшти дека се откриени пет нови случаи на инфекција со вирусот. Станува збор за три лица кои работат во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), едно во Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (УНОДЦ), како и едно лице во Организацијата за индустриски развој на ОН (УНИДО). „Вкупниот број на луѓе вработени во седиштето на ОН во Виена, кои биле позитивно тестирани на коронавирусот, е 43“, соопштија здравствените власти. Се додава дека 36 позитивно тестирани биле…